МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(8 – 14 ноември: Победа во судир со злото)

„И така, ти чедо мое, зајакнувај во благодатта, која е во Христа Исуса. Поднесувај ги со мене страдањата, како добар војник на Христа Исуса.“ (2 Тимотеј 2:1.3; Библија)

Во сето она што се однесува на успех на Божјето дело, првите победи мораат да се извојуваат во семејниот живот.

После дисциплината којашто се истакнува во семејството и училиштето, секој мора да се соочи со суровата дисциплина на животот. Како да се соочат мудро со таа неизбежна стварност, тоа е лекцијата која треба да му се објасни на секое дете и на секое младо суштество. Вистина е дека Бог нѐ сака, дека настојува да нѐ усреќи, и дека никогаш не би знаеле за страдање ако одсекогаш сме ги почитувале Неговите закони; но исто така е вистина и тоа дека на овој свет, како неизбежни последици на гревот, секој мора да ги поднесува страдањата, неволјите и товарите на животот. На децата и на младите можеме да им направиме многу добра услуга за цел живот ако ги научиме храбро да се соочат со тие неволји и товари. Иако кон нив треба да покажуваме должно сочувство, тоа никогаш не треба да биде такво што ќе ги наведе самите себе да се сожалуваат. Ним им е потребно само она што ќе ги стимулира и јакне, а не она што ќе ги ослаби.

Тие мораат да научат дека овој свет не е бина за разметлив театрален живот, туку бојно поле. Сите се повикани истрајно да ги поднесуваат тешкотиите како добри војници, држејќи се храбро и покажувајќи се како луѓе. Учете ги дека вистинската проверка на карактерот се гледа во подготвеноста да ги носат товарите, да издржат на тешките места, она што треба да го направат – да го направат, иако поради тоа нема да добијат никакво овоземско признание или награда.

Нема поголемо проклетство и несреќа за семејството од тоа да се пуштат младите да одат по патот што самите ќе си го изберат.

Ако еднаш му се спротивставиме на искушението, тоа ќе ни даде сила следниот пат да бидеме уште поцврсти. Секоја победа над самите себе, ќе го израмни патот за нови и уште поголеми победи. Секоја победа претставува семе посеано за вечен живот.

Pin It on Pinterest