МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 7 ноември: Опременост за победа)

„При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот!“ (Ефесјаните 6:16; Библија)

Верата во Божјата Реч (Библијата), проучувањето на истата со молитва и нејзината практична примена во животот ќе биде наш штит од сатанската сила и ќе нè направи победници благодарејќи ѝ на Христовата крв.

Кога луѓето се обратуваат од гревот, нивното спасение сè уште не е остварено. Дури тогаш мораат да ја трчат својата животна трка; пред нив е угорен и напорен пат што треба да го издржат. Тие мора да се борат со „добра борба на верата“. (1-во Тимотеј 6:12; Библија) Треба да трчаат кон високото звање во Христа Исуса. Во таа борба нема отстапување, борбата трае доживотно, и мораме да одиме напред со одлучност сразмерна на вредноста на целта кон којашто се стремиме – а тоа е вечниот живот. Во прашање се немерливи интереси, интереси што неможат да се споредат со било што друго.

Ние сме се сложиле да бидеме соучесници во Христовото самопожртвување во овој живот, и затоа можеме да бидеме сигурни дека ќе бидеме и сонаследници на сите благослови во идниот бесмртен живот, доколку се одржиме во верата што сме ја примиле од почеток, сè до крајот. Да размислуваме за тоа.

Ветувањето гласи: „А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите.“ (1-во Коринтјаните 10:13; Библија) Држете се до своето христијанско достоинство и поштеност до самиот крај, и никогаш немојте да покажувате незадоволство против Бога. Секогаш имајте на ум дека во прашање се вечни интереси. Не му се предавајте на обесхрабрувањето и не ја отфрлајте својата вера. Господ ве сака, имајте доверба во Него. Господ Исус е вашата единствена надеж, определете се сигурно и одлучно за непоминливите интереси. Не смеете да покажувате незадоволство, да се жалите или да се осудувате и да се обвинувате себеси. Немарноста не е доблест. Охрабрете ја својата душа со вера и доверба во Бога.

Во Господа е нашето оправдување и нашата сила. Да се потпреме на Него, и со Неговата сила ќе успееме да ги изгасиме сите распалени стрели на нечестивиот и да станеме повеќе од победници.

Pin It on Pinterest