МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 7 ноември: Опременост за победа)

„Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата.“ (Ефесјаните 6:13.14; Библија)

Кога живееме во склад со светлината која нѐ осветлува, прифаќајќи ја вистината којашто е достапна за нашето сфаќање, тогаш ќе примиме и поголема светлина. Не можеме да наоѓаме изговори со прифаќање само на онаа светлина што ја имале нашите предци сто години пред нас. Должни сме да ја прифатиме секоја точка од вистината и да ја примениме во својот живот.

За да можеме да бидеме живи Христови претставници, нашите ум и душа треба да бидат потполно проникнати во вистината. Бог сака да бидеме исполнети со Неговиот Свети Дух, обдарени со сила од висините.

Да не се трудиме да станеме големи луѓе, туку добри и совршени луѓе, оддавајќи Му благодарност на Оној, Којшто нѐ извел од темнината во Својата чудесна светлина. Бог ги повикува луѓето кои бестрашно и простодушно ќе работат со вера, како што тоа го правеле Халев и Исус Навин.

Ако Божја вистина не фатила длабок корен во вашето срце, нема да можете да се одржите во часовите на искушение. Постои само една сила која може да нѐ направи постојани и под најтешките околности, тоа е силата на Божјата благодат во вистината.

Безбожниците наоколу ги отвараат очите да ја забележат секоја недоследност и се подготвени да ги изложат на презир и срамота оние, коишто се слаби и кои накривнуваат.

Младите нека си постават висока цел. Во молитва нека бараат помош што ја ветил Христос, за да не мораат да се посрамотат за влијанието што го вршат на другите на големиот ден на конечниот двобој.

Оние коишто возвишеноста на христијанските начела го потврдуваат со пример и во верскиот и во деловниот живот ќе имаат од тоа неискажлива корист, затоа што ќе влезат во Божјиот рај како победници.

Pin It on Pinterest