МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 3 октомври: Почит и внимателност)

„Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог.“ (Излез 20:12; Библија)

Најдобриот начин во воспитувањето на децата да ги почитуваат мајката и таткото е личниот пример што родителите им го нудат секој ден. Таткото: покажувајќи љубов и внимание кон мајката, а мајката: возвраќајќи со почит и должно уважување кон таткото. Набљудувајќи ја така, љубовта во однесувањето на родителите, децата се наведуваат да ја почитуваат петата Божја заповед.

Обврската што ја имаме кон петата заповед, во однос на нашите родители никогаш не престанува. Нашата љубов кон нив, и нивната кон нас, не можат да се мерат со годините на старост, ниту со било каква меѓусебна оддалеченост, а својата одговорност во тој поглед никогаш не смееме да ја запоставиме.

Кога сите народи ќе излезат на судот пред Христа, ќе постојат само две страни, на едната ќе се најдат оние коишто своите интереси потполно ги поистоветиле со интересите на Христа и на Неговите соработници, а на другата оние коишто ги игнорирале своите од Бога пропишани обврски, нанесувајќи им навреди на своите ближни и не почитувајќи Го Бога. Нивната судбина ќе биде засекогаш одлучена врз основа на она што го направиле, или пак пропуштиле да го направат за Христа во лицето на Неговите свети.

Родителите до извесна мера имаат право на љубов и почит какви што не им се должи никому. Петата заповед од децата бара, не само на родителите да им укажуваат љубов и нежност, туку да им ги олеснуваат секојдневните животни грижи, да го чуваат нивниот углед, и во староста да им понудат подршка.

Сѐ додека родителите се живи, децата со задоволство треба да им укажуваат чест и почит, правејќи сѐ што е во нивна моќ. Зраци на светлина, радост и ведрина да внесат во животот на своите остарени родители. Тие треба патот на своите родители до гробот да им го направат што е можно поблаг. За еден младинец или девојка нема подобра препорака на светот од тоа да ги почитуваат своите родители, нема попосакуван запис во небесните книги од тоа да ги сакаат и почитуваат татко си и мајка си.

Pin It on Pinterest