ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Повеќе од 70 милиони христијани умреле како маченици за нивната вера.

Можеби ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека повеќе од половина од овие христијански маченици починале во 20-тиот век. Ние се стремиме да размислуваме за мачениците како луѓе коишто живееле во минатото – луѓе како Стефан од раниот црковен период или Хус, Тиндал, Нокс и многу други од ерата на реформацијата. Но, во реалноста, христијаните денес умираат поради нивната вера во голем број.

Некои проценуваат дека во просек повеќе од 280 Христијани умираат за својата вера секој ден, или околу еден на секои пет минути. Овие статистики ги сметаат само христијаните кои биле убиени затоа што биле христијани, а не оние коишто умреле како жртви на војна.

Потребна е екстремна храброст за луѓето да стојат цврсто во својата вера во лицето на насилното прогонство, особено ако тоа значи да ги предадат своите животи. Овој вид на храброст може да дојде само од Бога.

Стравот од луѓе е стапица во која паѓаат многумина; дури и такви шампиони на верата како Авраам и Илија паднале како плен на овој вид страв во одреден момент од нивниот живот. Кога се плашиме од други луѓе, тоа нè прави ранливи. Живееме во страв од она што другите можеби мислат за нас или што ни прават. Решението е длабок страв, или почит, за Бога. Ние треба да го живееме својот живот со длабока почит за нашиот Отец на небесата, служејќи Му само Нему, и да посветуваме поголемо внимание на она што Бог го кажува, отколку на она што некој друг го кажува.

„Секој што верува во Господ ќе биде безбеден“ – не значи дека нема да има неволји, прогонства, па дури и смрт. Тоа значи дека, на крајот, Бог ќе ги откупи оние кои веруваат во Него. „Господ ја избавува душата на Своите слуги и ниеден, од оние што се надеваат на Него, нема да биде осуден.“ (Псалам 34:22; Библија); „Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака.“ (Јован 10:28; Библија).

Псалмистот пишува: „Господ е со мене и јас не се плашам: што може да ми направи човек?“ (Псалам 118:6; Библија). Исус рекол: „И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.“ (Матеј 10:28; Библија). На крајот, само Бог го заслужува нашиот страв и обожавање.

Господи, заштитиме да не западнам во замката на страв од човекот. Да се плашам само од Тебе и да Ти бидам само Тебе верен.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Стравот му поставува стапица на човекот, а кој се надева на Господа, наоѓа закрила.“ (Пословици 29:25; Библија)

Pin It on Pinterest