МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(13 – 19 септември: Посветувачката сила на вистината)

„Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината.“ (Јован 17:17, Библија)
Божјата вистина има за цел да ја посвети душата. „И ќе ви дадам ново срце и ќе вметнам нов дух во вас.“ (Езекиел 36:26, Библија)

Посветувачката сила на вистината треба да пребива во нашата душа, да ја носиме со себе каде и да појдеме, секогаш применувајќи ја како критериум во сите свои работни и животни потфати, а посебно во постапувањето со нашите ближни. Таа сила треба постојано да пребива во нас и во нашите домаќинства, делувајќи потчинувачки на животот и на карактерот на сите домашни.     

Секогаш одново да се нагласува дека оние коишто ја исповедаат вистината се должни во склад со таа вистина и да живеат. Тоа значи да бидеш посветен со вистината, а посветеноста значи обучување и оспособување на секоја способност за служба на Господа.    

Учете ги своите деца да ја сакаат вистината затоа што е вистина и затоа што со вистината треба да бидат посветени и оспособени да опстанат во големиот испит којшто наскоро ќе одлучи дали се квалификувале за повозвишена задача и да станат членови на царското семејство, деца на небесниот Цар.    

Вистината, драгоцената вистина на Божјото Слово, треба да изврши посветувачко влијание на срцето и карактерот и на нас самите и на нашите деца. Постои посебна задача којашто треба да ја извршиме за себе и за своите деца.     

По својата природа срцето е полно со омраза кон вистината, онаква каква што таа е навистина во Исуса. Ако на родителите прва и најважна задача не им биде своите деца уште од нивната најрана возраст да ги упатуваат на вистинскиот пат, децата сигурно попрво и полесно би го избрале злото отколку доброто.     

Делото на посветување најнапред отпочнува од домот и од семејството. Оние коишто се христијани во своето семејство ќе бидат христијани и во црквата и во светот.

Pin It on Pinterest