МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(16 – 22 август: Како да бидам добар ближен)

„А ова треба да го правите: Зборувајте вистина еден на друг; судете справедливо и мирољубиво при градските врати!“ (Захарија 8:16; Библија)

На сите што соработуваат со Христа сакам да им кажам: Кога и да најдете пристап до луѓето крај нивните домашни огништа, искористете ја понудената можност. Земете ја својата Библија и отворете ја пред нив, откривајќи им ги нејзините големи вистини. Вашиот успех не зависи толку од вашето знаење и ученост, колку од вашите способности да го пронајдете патот до срцето. Однесувајќи се љубезно кон луѓето и покажувајќи интересирање за нив, полесно ќе го согледате текот на нивните мисли отколку и со најголемите говори.

Земете некоја публикација и побарајте од нив да ја прочитаат. Кога луѓето ќе увидат дека сте искрени, тие нема да презрат ниту еден ваш напор. Има начин да се допре и до најстврднатите срца. Пристапот со едноставност, искреност и кротост ќе ви помогне да допрете до душите за кои Христос умрел.

Не пропуштајте ниту една можност која ќе ви се укаже. Посетете ги оние што живеат во вашата близина, и настојувајте со љубов и со добрина да допрете до нивните срца. Посетувајте ги болните и ожалостените и покажете љубезно интересирање за нив. Ако е можно, превземете нешто за да им го олеснете животот. На тој начин ќе можете да допрете до нивните срца и да им зборувате за Христа. Само вечноста ќе открие колку може да се постигне со таков начин на работа.

Оние кои не се подготвени да го прифатат ова дело, што во работата покажуваат незаинтересираност, наскоро ќе ја изгубат својата прва љубов, и ќе почнат да замеруваат, да ги критикуваат и да ги осудуваат своите браќа.

Оние кои во духот на Учителот ќе тргнат со вистината да допрат до срцата ќе стануваат сѐ поспремни искрено да ѝ се посветат на Божјата служба. Отварањето на Светото Писмо пред другите е навистина радосна служба.

Pin It on Pinterest