(Победа над депресијата – четврто поглавје)
Мисти Ламбертон, навистина добра виша медицинска сестра, била дежурна сестра во попладневната смена на одделението за интензивна нега во болницата Мерси (Mercy Hospital). Таа спаѓа во оние медицински сестри кои сите ги сакаат – лекарите, колегите на работа и пациентите. Но одеднаш во нејзиното семејство се случила трагедија. Нејзиниот сопруг ненадејно настрадал во сообраќајна несреќа.
По овој несреќен настан, Мисти донела една погрешна одлука во животот, а тоа е да најде нов партнер кој ја напуштил по неколку седмици. Медицинските сестри кои работеле со неа забележале дека дури и по една година од смртта на сопругот таа малку јадела и слабеела, а сепак за себе зборувала дека е дебела иако навистина била слаба. Нејзините колешки толку многу се загрижиле што инсистирале на тоа да ја одведат кај доктор Бакстер (Baxter), прочуен психијатар во тој град.
Ниту малку не нè изненадува тоа што нејзината дијагноза гласела: тежок облик на депресија и anorexia nervosa, што може да биде смртоносна комбинација. Кога состојбата не ѝ се подобрувала по земањето на лековите и разговорите, докторот ја упатил на болничко лекување, па дури ѝ поставил и назогастрична сонда-цевка која минува низ нејзиниот нос и оди до желудникот, и низ која се прима храна. По десет дена поминати во болница нејзината состојба доволно се подобрила за таа да може да оди дома. Меѓутоа набрзо по напуштањето на болницата, нејзината состојба повторно се влошила и таа повторно почнала да слабее, а заедно со тоа се чувствувала и многу депресивно. Др. Бакстер побара мој совет едноставно затоа што интернист и психијатар често можат да постигнат многу повеќе ако работат заедно отколку кога би работеле одвоено.
Се договоривме дека др. Бекстер ќе води сметка за нејзините лекови, а јас за нејзината исхрана и за стилот на живот.
За неколку дена состојбата на Мисти, започнала да се подобрува, во почетокот полека, а потоа сè побрзо и побрзо. Била среќна и почнала да гледа во иднината со надеж и позитивна возбуда. Таа всушност, повторно почнала да чувствува глад и да се здебелува. Во што беше разликата? Мисти своето лекување му го препишува на режимот на исхрана кој е накратко опишан во оваа книга. Околу еден месец откако започнала да се чувствува подобро, Мисти се вратила на своите „стари навики“ во исхраната и за неколку седмици повторно западнала во депресија.
Се вратила на правилниот режим на исхрана и никогаш повеќе не се враќала на старото. Од тој последен „пад“ поминале шест месеци, а веќе четири месеци е на работа, весела и расположена како порано. Си докажала на себе дека промената во начинот на исхрана играла одлучувачка улога во нејзиното оздравување. Таа сега изгледа добро и повторно е истата онаа медицинска сестра каква што била и порано.
Во продолжение на оваа статија следуваат поднасловите од четвртото поглавје. Со кликање на секој од тие поднаслови ќе ви се прикаже текстот кој се содржи во нив.
Многу пациенти ќе си го поправат расположението кога ќе го променат начинот на исхрана
Многу мои пациенти – а секој од нив имаше различна животна приказна, го поправија своето расположение со промена на навиките во исхраната. Иако секој дел од мојот програм се заснова на проверена и докажана наука, морам да ви кажам дека пристапот кон менталната болест од аспект на стил на живот не е баш вообичаен во лекување на пациент кој пати од депресија и загриженост. Јас се надевам дека наскоро ќе биде спроведена сеопфатна, клинични контролирана студија во врска со пристапот кој се заснова на стилот на живот и дека тој пристап повторно ќе стане општ стандард ако тоа се потврди со истражувањето, а очекувам дека така и ќе биде. Додека тоа не се случи, јас воопшто нема да се воздржувам да ги вклучам пациентите во овој програм затоа што (1) тој се заснова на потврдена наука за исхраната, (2) многу пати сум видел дека е делотворен и (3) нема никакви штетни последици по здравјето.
Кога веќе го кажав сето ова, морам да додадам и дека ова во ниеден случај не е единствениот метод на лекување кој треба да се примени кај депресивниот пациент. Се надевам дека досега јасно ви кажав дека депресијата скоро секогаш се јавува по истовремено делување на повеќе фактори, што значи дека тука постојат многу потенцијални причини. Факторите на исхраната обично се само еден од неколкуте причини кои со заедничко дејство предизвикуваат ментална болест. Мораме да истражиме и да се позанимаваме со што поголем број на причини за да би дошле до потполно и трајно лекување.
За жал, пациентите кои патат од депресија, загриженост или биполарно пореметување скоро никогаш не добиваат совети за исхраната. Сметам дека овој голем пропуст во начинот на лекување на менталните болести и тоа како се чувствува.
Значењето на серотонинот
Серотонинот претставува значаен неуротрансмитер, особено зо фронталниот лобус. Тоа е дел од мозокот чија активност треба особено да се зајакне кај депресивните пациенти. Мозокот воопшто не може да создава серотонин ако не е присутен триптофанот. Повеќето од депресивните пациенти патат од губиток на апетитот (апетитот се зголемува само во мал број на случаи).1 Затоа храната која се внесува треба да содржи големи количини на триптофан. Намирниците богати со триптофан, се наведени во Табела 1.2
Забележете дека во полномасно млеко има најмалку триптофан од сите намирници на листата иако многу луѓе сметаат дека млекото претставува еден од најбогатите извори на триптофан. За среќа постојат подобри извори од кои тофуто (сирење од соја) е прво на листата.
Како што е веќе кажано во претходните поглавја, некои депресивни пациенти се многу чувствителни дури и на навистина мало привремено намалување на количината на триптофан, а ако само еден ден не би земале умерена или голема доза на триптофан, тие повторно запаѓаат во депресија. Мисти е еден од моите пациенти која примети дека мора да зема доволно триптофан за да го сочува своето ментално здравје.
Намирници – (мг/100гр)
Полномасно млеко – 46
Грав – 267
Ореви – 290
Бадеми – 322
Сусам – 358
Глутенско брашно – 510
Семки од тиква – 578
Тофу (сирење од соја) – 747
Месото во исхраната го спречува дотокот на триптофан во мозокот
Внес на доволни количини на триптофан не е единствениот нутриционистички фактор во создавањето на серотонин. Како што е кажано во претходното поглавје, пет големи аминокиселини се борат со триптофанот за да стигнат во мозокот побрзо од него. Храната која содржи голема количина од овие пет аминокиселини ќе го намали дотокот на триптофан во мозокот.3 Значи, ако во нашата исхрана се застапени умерени количини на триптофан, а големи количини од тие пет аминокиселини, во фронталниот лобус на мозокот сепак може да се јави недостаток на триптофан. Количината на триптофан споредена со количината на тие пет аминокиселини претставува главно мерило.
Намирниците кои содржат големи количини на триптофан во однос на овие пет аминокиселини се прикажани во табела 2.4
Табела 2. покажува дека полномасното млеко содржи помали количини на триптофан во споредба со количината на пет аминокиселини, а количината на триптофан самата по себе, исто така е многу мала, како што е прикажано во табела 1. Овие фактори покажуваат дека млекото не е така вреден извор на триптофан за мозокот.
Полномасно млеко – 40%/60%
Лосос – 40%/60%
Говедски бут – 46%/54%
Пилешки гради – 46%/54%
Интегрален ориз – 46%/54%
Грав – 48%/52%
Соја – 53%/47%
Орев – 55%/45%
Семки од тиква – 56%/44%
Тофу – 63%/37%
Бадеми – 68%/32%
Сусам – 81%/19%
Тофуто пак е суштинска спротивност на полномасното млеко. Тоа содржи голема количина на триптофан во однос на количината на тие пет аминокиселини, а и содржината на самиот триптофан е навистина висока. Заради тоа тој е одлична намирница за снабдување на мозокот со триптофан, што пак го покачува производството на серотонин, кој од своја страна помага во борбата против депресија.
Кога мозокот ќе добие доволна количина на триптофан, останатите ставки поврзани за стилот на живот стануваат многу позначајни за создавање на серотонин. Лекувањето со стилот на живот е накратко изнесено во следното поглавје.
Значењето на омега-3 масните киселини во борбата против депресијата
Омега-3 масните киселини стануваат значаен нутриционистички елемент во науката за мозокот.5 Всушност постојат два типа на маснотии кои играат апсолутно најважна улога во нашата исхрана – омега 6 и омега 3 масни киселини. Омега-6 мастите ги има во големи колични во многу намирници, така што навистина ретко се случува да некои физички или ментални проблеми настанат поради недостаток на омега-6. Омега-3 мастите ги нема во толку големи количини, така што многу почесто се сретнуваме со штетните последици на исхраната сиромашна со нив.
Вообичаено се случува човек да внесува мали количини на триптофан кога внесува и мал број на калории, но кога се во прашање омега-3 масните киселини, нив може да ги внесувате во помали количини дури и кога внесувате повеќе калории отколку што ви се потребни.6 Дури и исхраната богата со масти може да содржи помали количини на омега-3, особено кога омега-3 во исхраната ги има помалку отколку омега-6. Интересно е тоа што количинскиот однос на овие масти во крвта е во директна врска со „количината“ на депресија.7 Колку количината на омега-3 е помала во однос на омега-6, „количината на депресија“ е поголема. Неодамна објавеното истражување покажува дека биполарното пореметување (манијакална депресија), исто како и тешкиот облик на депресија (униполано пореметување) може да се лекува со помош на исхрана богата со омега-3 масти.8
Повеќето луѓе го зголемуваат внесот на омега-3 масните киселини со јадење на риба. Сепак, повеќето риби не претставуваат добар извор на омега-3 масни киселини. Морската риба претставува добар извор но не затоа што рибите создаваат омега-3 масни киселини, туку затоа што тие јадат големи количини на морски растенија кои содржат голема количина на омега-3 масти. Важно е да се забележи дека првобитните извори на омега-3 мастите се билките, а кога ги внесуваме со јадење на риба, ние добиваме хранливи материи од „втора рака“. Содржината на омега-3 во одредени видови на риба се наоѓа во табела 3.9
риба – (мг/100гр)
Drum fish (парче) – 810
Туна (во вода) – 930
Пастрмка (30гр) – 1180
Слатководен лубен (100 гр) – 1190
Лосос (100гр) – 1710
Харинга (100гр) – 3000
Лист (100гр) – 3160
Скуша (100гр) – 3830
Забележете колку содржината на омега-3 масни киселини варира од еден до друг вид на риба. На пример, содржината на омега-3 во drum fish, каде што е најмала претставува само 25% од вкупните омега-3 масни киселини во скушата.
Исхраната богата со омега-3 масти е повеќекратно корисна, но негативната страна на сето тоа е што тие масти луѓето ги внесуваат јадејќи риба. Во книгата „Закони на здравјето и на лекувањето“ наведувам шест главни здравствени проблеми кои можат да настанат со внес на омега-3 масни киселини преку риба.10 За да не бидам премногу опширен, овде ќе разгледаме само една од овие причини.
Рибата е загадена
Рибите собираат и складираат отрови во своето масно ткиво. Во тие отрови спаѓаат пестициди, хлорни јаглеводороди, диоксини и жива. Почнувајќи од 1996 година, во 47 земји постоел официјален документ во кој граѓаните се предупредуваат да не јадат одредени видови на риба. Тоа официјално предупредување покрива 1740 реки и езера ( вклучувајќи ги сите езера од групата на Големи езера) и голем дел од приморското подрачје.11 Најчестата причина за издавање на вакви предупредувања е живата, која може да предизвика оштетување на мозокот и нервите, особено кај уште неродени а и кај мали деца. Големите риби како што се туната, сабјарката и ајкулата содржат најголема концентрација на жива.12
Во спротивност со врежаното мислење дека најголемата опасност кога е во прашање труење со пестициди се овошјата и зеленчуците, истражувањата што ги спровела FDA покажуваат дека домашните производи од риба содржат многу поголема количина на пестициди отколку домашните овошја, житарици и зеленчуци.13 Сината риба како и езерската пастрмка уловени во езерата во внатрешноста имаат најголема шанса да бидат загадени со канцерогени материи како што се диоксините или PCB-полихлорни бифенили.14
Загадената риба претставува исклучително важно прашање. Во целиот свет, денес се користат повеќе од 900 различни пестициди во околу 40000 различни формулации.15 Во САД се користат околу 600 состојки за пестициди кои оваа држава ја чинат околу 800 милиони до милијарда долари годишно.16 Хаф и Хејсмем (Huff and Haseman) прегледале околу 200 истражувања кои се занимавале со глодари. Заклучиле дека „постојат силни докази дека изложувањето на дејство на одредени пестициди навистина може да предизвика рак кај одредени лица“.17
Како рибите доаѓаат во допир со пестицидите? Еден од главните причини е тоа што водите ги испираат почвите на кои се засадени растенија. Кога ратарот ја прска својата нива, еден дел од хемиските супстанци оди и во соседната река и потоци за на крајот да дојде и до реките и океаните. Излевање на канализацијата, лоши септички системи, отпад од бродовите и отровни слевања од градските улици исто така допринесуваат за загаденост на водата. Понекогаш овие води се смета дека се толку опасни што на некои плажи е поставен и знак на кој пишува, „забрането пливање“, како на овој знак прикажан во табела 4.
Гастроентеритис, дизентерија, хепатитис и други болести настануваат како последица на:
– Излевање на канализацијата
– Лоши септички системи
– Отпад од бродовите
– Отровни истекувања од градските улици
Ако пливањето во таа вода е опасно за луѓето, вистинска иронија е што луѓето сеуште одат на риболов во тие подрачја. Тие знаци не стојат таму без причина. Болестите како што се гастроентеритис, дизентерија, хепатитис и многу други се последица на пливање во загадена вода.
Ракот кај рибите е сè почеста појава
Една загрижувачка, а сè почеста појава кај рибите укажува на тоa колку е опасно да се поминува време во езерата и морињата на нашата планета. Денес рибите многу почесто заболуваат до рак отколку пред 50 години.18 Еден канадски биолог, Рон Сонстегард, ги испитал рибите кои живеат на дното на Големите езера и нивните притоки. Открил случаи на тумор кај сите видови на риба – често малигни.19 На пример, 30% од рибите Neogibius (лат.) во езерото Ири (Erie) имале рак на црниот дроб.
Коментирајќи го ова откритие, нутриционистот и писател проф. др. Винстон Креиг (Winston Craig), додал уште три отрезнувачки факти: (1) случајот на Големите езера не е единствен во светот – риби болни од рак се појавуваат на целото подрачје на САД, од Паџет Саунд (Puget Sound) до Калифорнискиот залив и од реката Хадсон до Флорида; (2) според податоците на Националниот институт за рак (National Cancer Institute), сè повеќе луѓе умираат од рак во оние подрачја каде рибите во огромен број боледуваат од некои видови на тумор; (3) токсичноста на она што го пронаоѓаме во некои од нашите водени текови е просто застрашувачка. Кога со седиментите од дното на езерото Ири се премачкувала кожата на глувци, тие добивале рак на кожа.20
Иако она што Крег го забележал кај глувците не мора задолжително да се однесува и на луѓето, оваа негова забелешка секако пружа причина за загриженост кога е во прашање опасноста која „епидемијата“ од рак кај рибите ја претставува за човековото здравје.
Можната врска помеѓу ракот и загадените риби накратко е прикажана во табела 5.
-Во ткивата на пациентки кои боледуваат од рак на дојката е пронајдена зголемена концентрација на некои состојки од пестициди.
-Според податоците на Националниот институт за рак, сè повеќе луѓе умираат од рак во оние подрачја каде рибите во голем број боледуваат од некои видови на тумори.
-Денес рибите многу почесто заболуваат од рак отколку пред 50 години. Пример: 30% од рибите Neogibius (лат.) во езерото Ири боледувале од рак на црниот дроб.
Секоја година, цело јато риби низ САД, угинуваат поради загаедност на водата. Агенцијата за заштита на животната средина (E.P.A. – The Environmental Protection Agency), при владата на САД се обидува да следи колку риби угинуваат поради загаденост како и поради низа други причини. Табела 6. го прикажува бројот на угинати риби по држава поради загаденост на водата во 1993 година.21
Алабама 24; Аризона 1; Аркансаз 16; Конектикет 3; Флорида 50; Џорџија 40; Илиноис 8; Ајова 6; Канзас 42; Кентаки 17; Луизијана 52; Мејн 2; Мериленд 35; Масачусетс 7; Мичиген 9; Минесота 2; Монтана 4; Небраска 16; Ново Мексико 2; Оклахома 69; Орегон 9; Пенсилванија 121; Род Ајленд 1; Јужна Каролина 24; Јужна Дакота 1; Тексас 40; Јута 7; Вермонт 2; Вирџинија 44; Зап. Вирџинија 21; Висконсин 6;
Секоја загината риба на оваа слика може да претставува буквално илјада риби. E.P.A. признава дека овие статистички податоци во голема мера го намалуваат вистинскиот број на загинати риби бидејќи 15 држави не пријавиле или не воделе евиденција за бројот на загинати риби на нивното подрачје. Освен тоа, за многу загинати риби не може со сигурност да се тврди дека загинале поради загаденост на водата.22 Утврдено е дека во најголем број на случаи пестицидите биле тие отровни загадувачи кои предизвикале помор на рибите, а по нив следуваат и нафтените деривати, хлор, амонијак, тешки метали и останати отровни супстанци. За жал, повеќето од тие риби заболени поради дејство на овие загадувачи, рибарите ги ловат и ги изнесуваат на пазар а потоа луѓето ги јадат мислејќи дека се хранат здраво.
Не постои никаква официјална инспекција
Др. Креиг укажал на уште еден голем проблем поврзан за тоа колку рибите се безбедни за човековата исхрана. Владата уште (во времето на пишување на оваа книга) нема издадено никаков официјален програм за инспекција на рибите и на рибините производи. Креиг вели дека само околу 10% од рибите биле подлегнати на било какво испитување/инспекција и дека тоа се врши на доброволна основа.23 Очигледно е дека постои потреба за правилно уреден систем за инспекција на рибите.
Кога би можеле да пронајдеме некој друг извор на корисни омега-3 масни киселини, зар не би било попаметно, после сè што дознавме во потполност да ја исфрлиме рибата од нашата исхрана? Тој друг извор не би претставувал потенцијална причина за рак, инфективни и други болести. Таквата храна навистина постои, како што ќе видиме подоцна.
Средно загадената вода дава исклучително загадена риба
Бидејќи ракот претставува најголем проблем поврзан со изложување на дејството на пестициди и други отрови, мораме да дознаеме кои отрови претставуваат најголема опасност за човекот при подолго изложување на нивното дејство. Две главни особини на отровите кои, при подолго изложување на нивното дејство, претставуваат најголема закана за човековото здравје се тенденцијата за акумулирање во организмот (биоакумулација) и склоноста кон биомагнификација. Овие два процеси доведуваат до тоа да рибата од средно загадени води има висока концентрација на отрови во ткивата.
Биоакумулацијата е процес во текот на кој количината на отровите постепено се зголемува во одредени органи кај луѓето или другите целни организми.
Биомагнификација означува процес кога отровите, како навлегуваат во сè поголеми сфери на ланецот на исхрана, стануваат се поконцентрирани.24
Класичен пример за биомагнификација откриен е во езерото Клир (Clear) во Калифорнија, околу 145км северно од Сан Франциско.25 Езерото неколку пати било прскано со инсектицидот ДДД за да се контролираат инсектите. (ДДД, послаб роднина на озлогласениот ДДТ, халоген јаглеводорот.) Резултатите од прскањето со овие инсектициди се прикажани во табела 7.
Забележете дека кај езерската вода откриена е едвај приметна концентрација на овој пестицид, само 0,02ppm (0,02 капки ДДД на секои 100 милиони капки езерска вода). Сепак, биомагнификацијата довела до драстично зголемување на концентрацијата на овој пестицид во ткивата на организмите кои живеат во езерото. Концентрацијата на ДДД во фитопланктонот изнесувала 5 ppm, што е за 250 пати поголема отколку во самата езерска вода. Одејќи кон повисоките степени од ланецот на исхрана, концентрацијата на ДДД се приближувала до 2500ppm – што е цели 125000 пати повеќе отколку во самата езерска вода.
Место на земање на примерокот – ДДД (ppm)
Езерска вода – 0,02
Фитопланктон (кој живее во вода контаминирана со ДДД) – 5
Риби кои јадат растенија (јадат планктони) – 40-300
Риби месојадци (ги јадат рибите кои јадат растенија) – повеќе од 2500
Во делови на милион (ppm) во езерото Клир во Калифорнија
Едно од најчестите прашања кое луѓето ми го поставуваат по некое мое јавно предавање за здравјето е поврзано со квалитетот на водата во нашите домаќинства.
Многу луѓе се навистина загрижени кога е во прашање можноста за затруеност на водата која тече низ нивните чешми. Би требало многу повеќе да ги загрижува квалитетот на водите во реките, езерата, потоците и океаните од каде доаѓа рибата што ја јадат. Ниска концентрација на отровите, како во езерото Клир во Калифорнија, доведува до високи концентрации на отрови во ткивата на рибите кои луѓето секојдневно ги консумираат.
Такви примери на биомагнификација не се исклучок, туку правило. ЕРА понатаму наведува дека „концентрацијата на загадувачи на животната средина во ткивата на рибата може да биде милион пати поголема отколку концентрацијата на истите измерени во самата вода.“26
Постои сомневање дека рибата предизвикува рак и срцев удар
Имаме сè повеќе докази во прилог на тврдењето дека постои врска помеѓу отровите и хроничните болести како што се ракот и срцевиот удар кои ги погодуваат жителите на развиените земји во епидемиски размери. Еден од тие докази е поврзан со халогените јагле-водороди, кои претставуваат една група на хемиски соединенија за кои се знае дека се биомагнифицираат (акумулираат) низ ланецот на исхраната.
И во луѓето исто така се биоакумулираат халогените јаглеводороди. Во ткивата на пациентите кои заболеле од рак на дојката се пронајдени повисоки вредности на овие соединенија. Истражувачите кои ја индентификувале оваа врска со ракот на дојка заклучуваат дека: „Овие резултати, иако се прелиминарни, наведуваат на заклучок дека во настанувањето на рак на дојка одредена улога имаат и канцерогените кои потекнуваат од животната околина“.
Меѓутоа, ракот не е единствениот проблем. Еден истражувач, во својот преглед на литературата, утврдил дека „постои корелација помеѓу ДДТ и ДДЕ (два други јаглеводороди) во крвта на личноста која во текот на наредните години ќе се пожали на хипертензија, артериосклероза и дијабетес.“28
Од аспект на биомагнификација и биоакумулација, рибата претставува една од најголемите причини за загриженост. Таа не е загадена само со PCB, и различни тешки метали како жива, туку и нафтени јаглеводороди и халогени органски соединенија.29,30 Во еден познат медицински учебник за влијанието на животната средина на здравјето, др. Кенет Розенман (Kenneth Rosenman) од државниот универзитет во Мичиген (Michigan State University) вели: „Главен начин на кој населението може да дојде во допир со PCB е консумирање на риба.“31 Освен што постојат сомненија дека предизвикува рак, постојат и некои прелиминарни докази кои го поврзуваат PCB и диоксините со зголемено ниво на холестерол и триглицериди во крвта.32 Останатите податоци укажуваат на тоа дека PCB може да влијае на бројот на сперматозоиди кај мажите и стерилитет.33
Истражувањата кои покажуваат дека овие загадувачи можат да го оштетат фетусот во развој само уште повеќе ја прошируваат листата на штетни последици на PCB. Др. Тео Колборн (Theo Colborn) истакнува дека литературата настаната на основа на истражувања укажува на тоа дека присуство на PCB во матката може „штетно да влијае на развојот на нервниот систем на ембрионот, фетусот и новороденчето.“34 Неодамна на насловната страна на медицинското списание New England Journal of Medicine објавена е вест дека др Џозеф и Сандра Јакобсен (Joseph и Sandra Jacobsen) пронашле нови докази дека дејството на PCB штетно влијае на развојот.35 Забележано е дека децата чии мајки во периодот на бременоста биле изложени на нивното дејство, во единаесетата година од животот, поспоро се развивале интелектуално од останатите свои врсници. Иако тие деца не биле ретардирани, оние кои биле најмногу изложени на дејство на PCB, имале три пати поголема шанса да бидат најмалку две години во заостанување кога е во прашање способноста за читање.
Кисели дождови – агенси за загадување со отровни метали
Акумулацијата на отровни метали во ткивата на рибата неодамна предизвикала голема загриженост поврзана со проблемот со киселите дождови. Киселите дождови предизвикуваат појава на закиселени води. Оваа вода со изменет хемиски состав потоа може да го раствори алуминиумот, манганот, оловото, цинкот, кадмиумот и живата од долните седименти од земјата во водата. Кога овие отровни метали ќе се ослободат тие се вклучуваат во ланецот на исхрана и имаат тенденција да се биоакумулираат во ткивата на рибите.
Стручњаците предупредуваат и советуваат што помалку риба во исхараната
Дури и на живописното подрачје на Мејна, жените во репродуктивната возраст и децата под осум години се предупредуваат да не јадат риба ниту од еден рибник или езеро од подрачјето на оваа држава. На останатите им се советува да не јадат повеќе од шест големи или 22 помали риби годишно, и сето тоа поради содржината на жива во рибата. 36 Внесот на големи количини на жива може да го оштети развојот на човечкиот фетус и/или дете и да предизвика пореметување на нервниот систем и оштетување на бубрезите кај деца и возрасни.
Освен Мејна, Мичиген е единствена држава која издаде едно такво општо предупредување. Меѓутоа, според зборовите на Марта Китинг (Martha Keating) од научниот тим на ЕРА, останатите езера и реки во САД не се ништо помалку опасни од оние во Мејна. Групата за подобрување на чистотата на води на ниво на градот Бостон (Clear Water Action Group) дури отишла и понатаму и дала јавна изјава дека 90% од рибите уловени во водите на Нова Англија имаат превисока содржина на жива, олово, PCB или диоксини кои се опасни за здравјето кога рибата се консумира повеќе од еднаш во неделата. Иако оваа група собрала многу помалку податоци за морската риба (така што не можела да издаде таква слична категорична изјава), таа сепак предупредила на тоа дека морската риба која биле тестирана содржела високо ниво на PCB и жива.
Најверојатно најпознатите случаи на труење со тешки метали по пат на консумирање на рибино масло немале никаква поврзаност со киселите дождови. Во прашање е еден трагичен случај на труење со жива поради консумација на риба од јапонскиот залив Минамата. Проблемот го предизвикал испуштање на метил жива од јапонска фабрика во овој залив. Поради биомагнификација до која дошло преку ланецот на исхрана, луѓето кои ја јаделе таа риба се изложиле на опасна концентрација на жива.37
Познати здравствени проблеми предизвикани од загадена риба
Консумирањето на риба можеби е најопасно за малите бебиња. Едно истражување покажало дека трудниците кои консумирале загадена риба од Големите езера (Great Lakes) имале компликации во бременоста. Во тие компликации спаѓаат и промените во големината на бебето при раѓањето, време на гестацијата, промени во здравствената состојба на бебето во првите неколку дена по раѓањето и влијанијата кои траат и во раниот период на животот на бебето.38 Поради сите овие ризици, некои предложувале да не се дојат бебињата затоа што постои ризик од рак. Иако можеби се чини дека бидејќи живееме во затруена и загадена средина, овој предлог има смисла, можеби би било подобро решение да ги избегнуваме главните извори на овие токсини. Друго истражување покажува на тоа тоа дека хранењето на бебињата со цуцла може да има спротивен ефект. Постојат докази дека доењето самото по себе го намалува ризикот од заболувања од рак на дојката. Едно истражување извршено во 1994 година открило дека меѓу ќерките кои се хранеле со мајчино млеко постојат 25% помалку случаи на рак на дојката. Доењето има и многу други предности.
Поради полесна анализа, краток преглед на претходно споменатите загадувачи пронајдени во рибите е даден во табела 8.
-Концентрацијата на отрови во рибата од средно загадените води е дури и повеќе од милион пати поголема од концентрацијата на тие отрови во самата вода.
-Во отровите кои се пронајдени во масното ткиво на рибите спаѓаат пестициди, хлорни јаглеводороди, жива и диоксини.
-Рибата може да биде загадена и со PCB, со различни тешки метали, петролеум јаглеводороди, халогени органски соединенија и олово
За што е корисна рибата а за што е штетна
Некои нутриционисти велат дека консумирањето на риба поради високата содржина на омега-3 масни киселини, кај некои луѓе може да биде повеќе корисно отколку шетно, особено за срцето и менталното здравје. Исхраната богата со омега-3 масни киселини може да помогне и кај реуматоидниот артритис и улцеративниот колитис.40
За среќа постои начин на кој човекот може да внесе корисни омега-3 масни киселини, а да не се изложи на ризиците од консумирање на риба, рибино масло и скапи додатоци на база на риба. Постои начин да се избегне холестеролот и токсините кои потекнуваат од омега-3 од животинско потекло. Тој начин е толку едноставен, а сепак во јавноста не му се поклонува доволно внимание колку што заслужува. Можеме да уживаме во благодетите на омега-3 масните киселини од растителната маст која се нарекува „линолеинска киселина“. Одредени растителни видови се навистина богати со омега-3 масни киселини и можат да ги задоволат сите потреби на организмот за овие есенцијални соединенија. Листа на намирници од растително потекло богати со омега- 3 масни киселини е дадена во табела 9.
НАМИРНИЦА – Количина Омега-3 (мг)
Ленено масло, 1 супена лажица – 7526
Ореви, англиски ¼ шолја – 1703
Масло од канола, 1 супена лажица – 1094
Црни ореви ¼ шолја – 1034
Масло од пченични никулци, 1 супена лажица – 938
Соино масло, 1 супена лажица – 927
Зелена соја, 1 шолја – 637
Спанаќ, конзервиран, 1 шолја – 353
Бадеми, ¼ шолја – 136
Авокадо, ½ шолја – 99
Масло од шафраника, 1 супена лажица – 55
Батат (компир), 1 парче – 38
Банана, 1 парче – 38
Јаболка, 1 парче – 25
Печен компир, 1 парче – 17
Резанка краставица, 10 парчиња – 12
Интегрален леб, 1 парче – 11
И месојадците и вегетаријанците можат да внесуваат недоволни количини на омега-3 масни киселини. На лицата кои патат од депресија или биполарно пореметување им се препорачува секојдневно консумирање на намирници богати со омега-3 масни киселини. Освен тоа, препорачувам еден лек од домашната аптека кој на многу пациенти заболени од ментални болести им помогна да оздрават. Еден од омилените рецепти се наоѓа во табела 10.
-1 шолја мелени ореви
-1 шолја мелено ленено семе
-1 супена лажица шеќер од урми или урми
-1/8 супена лажица сол
Треба сè да се измеша и да се додава од оваа смеса во оброците (во житарките, во тостот…)
Воочете ја високата содржина на омега-3 масни киселини во овој рецепт. Таа е скоро подеднаква со дневните количини кои пациентите со биполарно пореметување ги земаат во форма на рибино масло, а која покажала навистина позитивен ефект во истражувањето кое е спроведено на Медицинскиот факултет на Харвард (Harvard Medical School), (9,6 грама на ден).41 Коментарајќи го ова истражување, др. Џозеф Калабрез (Joseph Calabrese) и неговите колеги од универзитетот Case Western Reserve во Кливленд во државата Охајо го нарекуваат ова откритие „особено важен обид во правец на пронаоѓање на лек за биполарното однесување“. Се согласувам дека ова е навистина значајно истражување. Сепак, не се користени никакви лекови, туку само додатоци на омега-3.
Препорачувам да барем еден оброк во текот на денот вклучува намирници богати со омега-3. Исто така препорачувам минимален додаток од 9 грама омега-3 масни киселини на ден- најдобро од намирници од растително потекло. Некои нутриционисти сметаат дека не е важно само тоа да во исхраната има застапено доволно омега-3 туку треба во исхраната да има повеќе намирници кои во себе содржат повеќе омега-3 во однос на омега-6 масните киселини. Исхраната на просечен Американец содржи повеќе омега-6 масни киселини отколку омега-3. Во додаток VIII се наоѓа листа на намирници кои содржат повеќе омега-3 масти во однос на омега-6.
Мајчино млеко, полинезаситените масти и витамини ја подобруваат способноста за учење
Без обзир на тоа што изнесувам силни докази во прилог на тоа дека правилните навики во исхраната се важни за менталното здравје и за лекување и за спречување на депресија, свесен сум како изгледа нашата реалност. На самиот почеток на животот, ние всушност не можеме самите да бираме како ќе се храниме. Тие кои имала таква среќа да мајките одлучиле да ги дојат, наследиле богатство од непроценлива вредност- здрав фронтален лобус на мозокот. Истражувањата покажуваат дека децата чии мајки ги дојат имаат ментална острина која трае најмалку неколку години, а веројатно и цел живот.42,43
Неодамна извршената анализа на 20 различни истражувања на таа тема ја потврдила претпоставката дека кога се во прашање менталните болести, децата кои се доени се во предност пред децата кои не се доени.44 Важно е тоа дека кога говориме за менталното здравје, предностите кои се стекнуваат со доењето изгледа дека се уште поважни за предвремено родените бебиња и/или за оние бебиња кои се родени со мала телесна маса отколку за бебињата родени во термин и со нормална тежина.
Децата кои не се доени можат да бидат поподложни на социјалните и емоционални проблеми подоцна во животот. Во едно класично европско истражување, девојчињата кои биле хранети исклучиво со шише и цуцла биле тестирани на 16 годишна возраст. Не само што тие имале послаба способност за учење и постигнувале полоши резултати во училиште, туку имале и потешкотии во прилагодувањето во друштвото.45 Иако ова истражување не ја потврдува врската помеѓу хранењето со цуцла (наместо доењето) и депресијата подоцна во животот, тоа секако дава повод за сомневање дека некоја врска сепак постои.
Сеуште не ни се јасни сите причини зошто мајчиното млеко е подобро и покорисно за функционирање на мозокот. Сепак, изгледа дека еден од факторите е содржината на масти во мајчиното млеко. Др. Јакота (Yakota) од Јапонија покажал дека на штотуку родените глувци им се неопходни доволни количини на омега-3 масни киселини. Без тие масти глувците послабо учат.46 Други меѓународни истражувачки тимови како Боуре (Bourre) и нејзините колеги од Франција47 дошле до слични откритија преку проучување на животните. Сите тие истражувања покажале дека омега-3 мастите се од пресудно значење за развој на мозокот кај цицачите.
Меѓу истражувачите е многу добро познато дека традиционалната формула за доенчињата не ги снабдува со доволна количина на омега-3 масни киселини во споредба со мајчиното млеко.48 Храната која се дава како додаток на бебињата покрај оваа формула не може да го надомести недостатокот на омега-3 масни киселини. Една група на истражувачи дошла до зачудувачки заклучок: „Дојдовме до заклучок дека навистина не постои здрава храна која денес ни е достапна а која би можела да се додава во исхраната на бебињата кои не се доени со цел количината на полинезаситени масни киселини да се изедначи со онаа која по пат на мајчиното млеко ја внесуваат доените бебиња“.49
Подобро се учи кога се внесуваат масти од растително потекло, а не од животинско потекло
Предноста на доењето е очигледно важна информација за родителите кои очекуваат принова. Меѓутоа ми се чини дека соодветниот вид на масти е неопходен и за краткотрајното учење кај возрасните. Др. Косцина (Coscina) и соработниците уште околу пред 15 години посочиле на тој факт.50 Тие на две групи возрасни глувци им давале храна која содржела иста количина на масти, но од различен вид.
По само три недели, глувците во чија исхрана биле застапени умерени количини на растителни масти (20% полинезаситено соино масло) покажале подобрена способност за учење во однос на оние чија исхрана се засновала на 20% заситени масти (свинска маст). Авторите на ова истражување го сметале ова за цврст доказ во прилог на тврдењето дека „краткотрајните варијации во квалитетот на мастите во исхраната можат да го подобрат учењето кај цицачите.“ Израелски истражувачи откриле дека животните во чија исхрана биле застапени доволни количини на растителни масти како алфа линолната киселина и линолеинската киселина можат да имаат подобро памтење и нивниот мозок може подобро да поднеси болка.51
Др. Бернел Болдвин (Bernell Baldwin) пробал да објасни зошто не е сеедно кој вид на масти ги внесуваме во организмот. Заситените масти кои вообичаено се наоѓаат во намирниците од животинско потекло можат да ја отежнат меѓусебната комуникација на нервите во мозокот. Според неговата хипотеза, исхраната богата со заситени масти прави да синапсите во мозокот станат покрути, додека незаситените масти од зеленчукот, семките и од јаткастите плодови создаваат многу флексибилни мембрани кои овозможуваат многу поефикасна комуникација помеѓу нервите.52 Другата можност е да некои незаситени масти имаат всушност, позитивен ефект кој може да биде спречен со делување на нивните заситени роднини. Ако тоа е точно, незаситените масти како што се омега- 3, можат да бидат особено значајни во процесот на учење кај возрасните лица.
За среќа на возрасните на располагање им стојат и некои други извори на висококвалитетни масти освен мајчиното млеко. Многу читатели можеби веднаш ќе помислат на риба. Точно е дека рибата од ладните мориња е богата со омега-3 масни киселини. Меѓутоа, рибата поседува многу несакани особини од здравствена гледна точка. Всушност, во книгата „Закони на здравјето и лекувањето“ цело едно поглавје ѝ е посветено на темата „Вистината за рибата“. Јас и понатаму го препорачувам истото, а тоа е дека благотворното дејство на омега- 3 мастите нашиот организам може да го почувствува и со внесот на линолеинската киселина од растително потекло.
Кога е во прашање исхраната, внесот на полинезаситени масти не е единствен клуч за оптимално функционирање на мозокот. Изгледа дека внесот на соодветни количини на витамини и минерали исто така е од пресудно значење за функционирање на човековиот мозок. Некои од микроелементите кои допринесуваат за подобро функционирање на мозокот се тијамин, рибофлавин, ниацин, Б6, Б12, фолна киселина, антиоксидантните витамини А, Ц и Е и железото.53,54,55 Сè подолгата листа на такви хранливи материи е една од причините зошто треба да ја прифатиме правилната избалансирана исхрана богата со широк спектар на овие соединенија.
Недостаток на фолна киселина предизвикува депресија
Недостатокот на фолна киселина (или фолат) може да биде директна причина за депресија.56 Открив дека тоа важи многу почесто за месојадците отколку за вегетаријанците (изгледа дека помеѓу оние кои имаат недостаток на омега-3, а патат од депресија има пропорционален број на месојадци и вегетаријанци). ПДД (препорачаната дневна доза) за фолат изнесува 400микрограми. Како што можете да видете во табела 11, која ја наведува содржината на фолат во намирниците, би било потребно да се внесуваат енормни количини на месо за да се добијат тие 400микрограми. Од друга страна, многу е лесно да се добијат тие 400микрограми по пат на исхрана која се заснова на намирници од растително потекло, како што се гледа во табелата.57
Вид на намирница – Количина Фолат (µg)
Леблебија, 1 шолја – 1114
Леќа, 1 шолја – 831
Црвен грав, 1 шолја – 725
Бамија, 1 шолја – 269
Грав, 1 шолја – 255
Спанаќ, 1 шолја – 109
Кикирики, 1 шолја – 88
Сок од портокал, 1 шолја – 75
Говедски бут, 150 гр – 16
Пациентите кои се депресивни поради недостаток на фолат воглавно не можат да оздрават со примена на стандардни антидепресиви. Вистинскиот начин на лекување е многу едноставен – исхрана богата со фолна киселина.
Врската помеѓу витамин Б12 и депресијата
Уште еден хранлив елемент кој е навистина значаен за оптимално функционирање на мозокот, вклучувајќи ги тука и спречување на депресивното расположение, е витамин Б12.58 Намирниците од растително потекло кои не се збогатени со додаток на Б12 не го содржат овој витамин освен ако растенијата не се одгледувани на земја третирана со органски ѓубрива кои се богати со витамин Б12 Намирници богати со витамин Б12 се наведени во табела 12.60
Вид на намирница – Количина Б12 (µg)
Цели житарици, 85гр – 6,00
Посни шницли, 85г – 2,85
Јајца, 1 парче – 1
Соино млеко, 200гр – 0,38
Обезмастено млеко, 200гр – 0,38
Полномасно млеко, 200гр – 0,36
Пилешки гради, 1 парче – 0,32
Белка од јајце, 1 парче – 0,20
Спанаќ, 1 шолја – 0,01
Овошје, зеленчук, јаткасти плодови, житарици – 0,00
По мое мислење растителните намирници збогатени со витамини се најдобар извор на витамин Б12. Ако вегетаријанците не можат да дојдат до растителни производи збогатени со витамин Б12, им препорачувам редовно да употребуваат обезмастено млеко.
Вегетаријанска исхрана и депресија
Кога др. Дин Орниш (Dean Ornish) почнал да проучува како состојбата на затнати коронарни артерии (болест која доведува до срцев удар и е главна причина за смрт во САД) може да се подобри со здрав вегетаријански начин на исхрана, многу луѓе сметале дека таквата исхрана лесно би можела да предизвика депресија или загриженост.
Бидејќи само мал број на Американци се приклонуваат кон вегетаријанскиот начин на исхрана, се сметало дека ако прифатите таков начин на исхрана, помалку ќе се дружите меѓусебно и ќе бидете оптоварени од овој „строг режим“, дека ваквата храна ќе биде помалку вкусна и дека нема да ги задоволни нивните потреби. За да помогне во утврдување на точноста на овие претпоставки, истражувачката група на др. Орниш надгледувала група која се лекувала со вегетаријански начин на исхрана и контролна група која јадела производи од животинско потекло. Од секој учесник се барало пред и по ова истражување да потполни еден прашалник за своите психолошки проблеми и потешкотии. Од нив се барало да проценат колку се загрижени, депресивни, колку патат од несоница и колку се способни односно неспособни да почувствуваат задоволство (aнхедонија). Овие четири пореметувања, кога ќе се соберат, би требало да ја покажат општата состојба на секој од овие учесници. Просечната состојба е прикажана во табела 13.
Многу биле изненадени гледајќи дека по околу една година, вегетаријанската група била онаа која се чувствувала подобро не само физички туку и ментално. Биле помалку депресивни и загрижени; немале многу проблеми со стресот и ги подобриле своите односи со другите луѓе.61 Многумина се во заблуда кога сметаат дека помалку ќе уживаат во животот ако усвојат здрав стил на живот, особено ако станат вегетаријанци. Напротив, постојат сè повеќе докази кои покажуваат дека вегетаријанците повеќе уживаат во животот и имаат дури и подобар друштвен живот отколку претходно кога не биле вегетаријанци. Освен тоа, се покажало дека појавата на депресија и загриженост е многу поретка кај вегетаријанците отколку кај оние луѓе кои јадат производи од животинско потекло.
Заклучок
Пациентката која ни послужи како пример во ова поглавје, Мисти Ламбертон, сфати колку исхраната е важен фактор во совладувањето на депресијата. Тоа и стана уште појасно кога престана да се придржува кон програмот за исхрана кој и беше препишан, па повторно почна да запаѓа во депресија. На примерот на Мисти видовме дека депресијата може да предизвика анорексија која го лишува организмот од потребните хранливи состојки и го зголемува тој круг на депресија. Како и Мисти, скоро секој кој пати од депресија може да ја поправи својата состојба држејќи се до едноставни правила накратко изложени во ова поглавје. Разновидната исхрана од растително потекло ги обезбедува сите хранливи состојки кои се потребни за нормално функционирање на мозокот.
Референци (користена литература)
1 Hyman S, Rudorfer M. Depressive and bipolar mood disorders. Scientific American Medicine May 2000.
2 ESHA Research. 2nd edition. 1990.
3 Lucca A. Plasma tryptophan levels and plasma tryptophan/neutral amino acids ratio in patients with mood disorder, patients with obsessive-compulsive disorder, and normal subjects. Psychiatry Res 1992 Nov;44(2):85-91.
4 ESHA Research. 2nd edition. 1990.
5 Hibbeln JR, Fish consumption and major depression. Lancet April 18;351:1213.
6 Edwards R, Peet M, et al. Omega-3 polyunsaturated fatty acid levels in the diet and in red blood cell membranes of depressed patients. J Affect Disord. 1998 Mar;48(2-3):149-155.
7 Adams PB, Lawson S, et al. Arachidonic to eicosapentaenoic acid ratio in blood correlates positively with clinical symptoms of depression. Lipids 1996;31:S-167-176.
8 Stoll AL, Severus WE, et al. Omega 3 fatty acids in bipolar disorder: a preliminary double-blind, placebo-controlled trial. Arch Gen Psychiatry 1999 May;56(5):407-412.
9 ESHA Research. 2nd edition. 1990.
10 Nedley N, Proof Positive: How to Reliably Combat Disease and Achieve Optimal Health through Nutrition and Lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1999 p.116.
11 Schardt D, Schmidt S. fishing for safe seafood. Nutrition Action Health Letter 1996 Nov;23(9):1,3-5.
12 Schardt D, Schmidt S. fishing for safe seafood. Nutrition Action Health Letter 1996 Nov;23(9):1,3-5.
13 Food and Drug Administration Pesticide Program. Residue Monitoring 1992. J Assoc Off Anal Chemists. 1993 Sep/Oct;76.
14 Schardt D, Schmidt S. fishing for safe seafood. Nutrition Action Health Letter 1996 Nov;23(9):1,3-5.
15 Waxman MF. When pest control gets out of control. Occ Health Safety May 1993:81-87.
16 Schneider K. New pesticide plan puts safety first. The New York Times 143:49,461 (September, 21, 1993), p. A19.
17 Huff JE, Haseman JK. News Forum. Risk assessment of pesticides. Exposure to certain pesticides may pose real carcinogenic risk. Engineering News 1991;69(1):33-36.
18 Morell V. Fishing for trouble. A cancer epidemic in fish is warning us: You may be next. Intl Wildlife 1984 Jul/Aug;14(4):40-43.
19 Morell V. Fishing for trouble. A cancer epidemic in fish is warning us: You may be next. Intl Wildlife 1984 Jul/ Aug;14(4):40-43.
20 Craig WJ. Fishing for Trouble. In: Nutrition For The Nineties. Eau Claire, MI: Golden Harvest Books, 1992 p. 76-84.
21 Environmental Protection Agency (EPA). National Water Quality Inventory. 1994 Report to Congress. p. 141.
22 Environmental Protection Agency (EPA). National Water Quality Inventory. 1994 Report to Congress. p. 143.
23 Craig WJ. Fishing for trouble. In: Nutrition for the Nineties. Eau Claire, MI: Golden Harvest Books, 1992 p. 76-84.
24 Nadakavukaren A. Pests and pesticides. In: Man and Environment, A Health Perspective, Third Edition. Prospect Heights, IL: Waveland
25 Nadakavukaren A. Pests and pesticides. In: Man and Environment, A Health Perspective, Third Edition. Prospect Heights, IL: Waveland Press, 1990.
26 U.S. EPA. Office of Science and Technology. Office of Water. Guidance for assessing chemical contaminant data for use in fish advisories. Volume 1: Fish Sampling and Analysis-Second Edition. September 1995; EPA 823-R-95-007; p. 1.
27 Falck F Jr, Ricci A Jr, et al. Pesticides and polychlorinated biphenyl residues in human breast lipids and their relation to breast cancer. Arch Environ Health 1992 Mar-Apr;47(2):143-146.
28 Igbedioh SO. Effects of agricultural pesticides on humans, animals and higher plants in developing countries. Arch Environ Health 1991 Jul-Aug;46(4):218-224.
29 Nicola RM, Branchflower R, Pierce D. Chemical contaminants in bottomfish. J Environ Health 1987;49(6): 342-347.
30 Hovinga ME, Sowers M, Humphrey HE. Environmental exposure and lifestyle predictors of lead, cadmium, PCB,
and DDT levels in Great Lakes fish eaters. Arch Environ Health 1993 Mar-Apr;48(2):98-104.
31 Rosenman KD. Dioxin, polychlorinated biphenyls, and dibenzofurans in Environmental and Occupational Medicine-2nd edition (editor: WN Rom). Boston MA: Little Brown and Co, 1992 p. 927-933.
32 Rosenman KD. Dioxin, polychlorinated biphenyls, and dibenzofurans in Environmental and Occupational
Medicine-2nd edition (editor: WN Rom). Boston MA: Little Brown and Co., 1992 p. 927-933.
33 Colborn T. Animal/Health Connection. In: Proceedings of the US Environmental Protection Agency’s National Technical Workshop “PCBs in Fish Tissue.” September 1993. EPA/823-R-93-003; p. 2-27 to 2-30.
34 Colborn T. Animal/Health Connection. In: Proceedings of the US Environmental Protection Agency’s National Technical Workshop “PCBs in Fish Tissue.” September 1993. EPA/823-R-93-003; p. 2-27 to 2-30.
35 Jacobson JL, Jacobson SW. Intellectual impairment in children exposed to polychlorinated biphenyls in utero. NEJM 1996 Sept 12;335(11):783-789.
36 Maine issues mercury warning reported June 29, 1994.
37 Rosenman KD. Chemical Contamination Episodes in Environmental and Occupational Medicine-2nd edition (editor: WN Rom). Boston, MA: Little Brown and Co., 1992 p. 935-940.
38 Swain WR. Effects of organochlorine chemicals on the reproductive outcome of humans who consumed contaminated Great Lakes fish: an epidemiologic consideration. J Toxicol Environ Health 1991 Aug;33(4):587-639.
39 Freudenheim JL, Marshall JR, et al. Exposure to breast milk in in-fancy and the risk of breast cancer. Epidemiology 1994 May;5(3):324-331.
40 Nedley N. Proof Positive: How to Reliably Combat Disease and Achieve Optimal Health through Nutrition and Lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1999 p. 115.
41 Stoll AL, Severus WE, et al. Omega-3 fatty acids in bipolar disorder: a preliminary double-blind, placebo-controlled trial. Arch Gen Psychia-try 1999 May;56(5):407-412.
42 Rogan WJ, Gladen BC. Breast-feeding and cognitive development. Early Hum Dev 1993 Jan;31(3):181-193.
43 Lucas A, Morley R, et al. Breast milk and subsequent intelligence quotient in children born preterm. Lancet 1992 Feb 1;339(8788):261-264.
44 Anderson JW, Johnstone BM, Remley DT. Breast-feeding and cognitive development: a meta-analysis. Am J Clin Nutr 1999 Oct;70(4):525-35.
45 Dorner G, Grychtolik H. Long-lasting ill-effects of neonatal qualitative and/or quantitative dysnutrition in the human. Endokrinologie 1978 Feb;71(1):81-88.
46 Yokota A. Relationship between polyunsaturated fatty acid (PUFA) and learning ability in the brain of rat fetus and newborn. Nippon Sanka Fujinka Gakkai Zasshi 1993 Jan;45(1):15-22.
47 Bourre JM, Bonneil M, et al. Function of dietary polyunsaturated fatty acids in the nervous system. Prosta – glandins Leukot Essent Fatty Acids 1993 Jan;48(1): 5-15.
48 Makrides M, Neumann MA, et al. Erythrocyte fatty acids of term infants fed either breast milk, standard formula, or formula supplemented with long-chain polyunsaturates. Lipids 1995 Oct;30(10):941-948.
49 Jackson KA, Gibson RA. Weaning foods cannot replace breast milk as sources of long-chain polyunsaturated fatty acids. Am J Clin Nutr 1989 Nov;50(5):980-982.
50 Coscina DV, Yehuda S. Learning is improved by a soybean oil diet in rats. Life Sci 1986 May 12;38(19):1789-1794.
51 Yehuda S, Carasso RL. Modulation of learning, pain thresholds, and thermoregulation in the rat by preparations of free purified alpha-lino-lenic and linoleic acids: determination of the optimal omega-3-to-omega-6 ratio. Proc Natl Acad Sci USA 1993 Nov 1;90(21):10345-10349.
52 Baldwin BE. Diet and the brain. Ministry Magazine 1990 Mar:25-27.
53 Rosenberg IH, Miller JW. Nutritional factors in physical and cognitive functions of elderly people. Am J Clin Nutr 1992 Jun;55(6 Suppl):1237S-1243S.
54 Tucker DM, Penland JG, et al. Nutrition status and brain function in aging. Am J Clin Nutr 1990 Jul;52(1):93-102.
55 La Rue A, Koehler KM, et al. Nutritional status and cognitive functioning in a normally aging sample: a 6-yr reassessment. Am J Clin Nutr 1997 Jan;65(1):20-29.
56 Fava, Maurizio. Folate, vitamin B12, and homocysteine in major depressive disorder. Am J Psychiatry 1997;154:426-428.
57 ESHA Research. 2nd edition. 1990.
58 Penninx BW, Guralnik JM, et al. Vitamin B12 deficiency and depression in physically disabled older women: epidemiologic evidence from the Women’s Health and Aging Study. Am J Psychiatry 2000 May;157(5):715-721.
59 Mozafar A. Enrichment of some B-vitamins in plants with application of organic fertilizers. Plant and Soil 1994;167:305-311.
60 ESHA Research. 2nd edition. 1990.
61 Ornish D, Brown SE et al. 1990. Can lifestyle changes reverse coronary heart disease? The lifestyle heart trial. Lancet Jul21,336(8707):129-133.
62 Rodriguez Jiminez J, Rodriguez JR, Gonzalez MJ. [indicators of anxiety and depression in subjects with different kinds of diet: vegetarian and omnivores] Bol Assoc Med PR 1998 Apr-Jun; 90(4-6):58-68.