ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Статуата на слободата е еден од најпознатите почестени симболи во Америка. Дошла во САД по 20 години посветеност и по цена од повеќе од 4 милиони долари. Францускиот скулптор Фредерик Бартолди бил инспириран да изгради огромен споменик откако ги видел колосите во Египет. Откако ги разгледал различните кандидати, ја одбрал својата мајка како модел на статуата.
Статуата била изградена во Франција, а потоа демонтирана и спакувана во 200 масивни каси за транспорт до Њујорк. Францускиот воен брод го пренел подарокот преку Атлантикот. На патот, ужасна бура се заканила дека ќе го потоне бродот. Екипата го молела капетанот да ги фрли тешките каси во морето за да го олесни товарот, но капетанот одговорил: „Овој брод попрво ќе потоне отколку да се откажам од слободата.“
„Слободата“ стои на височина од 46 метри. Од дното на пиедесталот до врвот на факелот, таа се крева на височина од 93 метри. За нејзино создавање биле користени повеќе од 60.000 килограми бакар и 250.000 килограми челик.
Симболизмот е завиткан низ целата статуа. Од факелот што ќе го осветли светот со слобода, до таблата во нејзината рака кој е напишан со датум 4 јули 1776 година, до скршените ланци на нејзините нозе, што претставува ослободување од ропството, дамата Либерти (Слобода) ги пречекува патниците во земјата на слободата од 1886 година.
Јов копнеел за слобода од неговата тага и болка. Тој напишал: „О кога би биле запишани моите зборови и кога би биле нацртани во книга; да можат да бидат издлабени, со железно длето и олово, во карпа, за вечен спомен.“ (Јов 19:23.24; Библија). Тогаш од неговата длабока болка се зголемила верата: „Јас знам добро: мојот Избавител живее и Тој во последно време ќе застане над земјата.“ (Јов 19:25; Библија).
Како Статуата на слободата, која стои на островот Бедло во пристаништето во Њујорк, еден ден Христос ќе застане над скршените синџири на гревот и ќе прогласи слобода од оковите на смртта. Дали Го прифаќате Исуса за свој Господ и Спасител?
КЛУЧЕН БИБЛИСКИ СТИХ
„Христос нè ослободи за слободата. Според тоа, стојте цврсто и не потчинувајте му се пак на ропскиот јарем.“ (Галатјаните 5:1; Библија)