(Победа над депресијата – трето поглавје)

 

Кога прв пат дојде во мојата ординација, Тања ми рече дека е уморна од тоа да биде уморна. Поминала низ ваков рутински преглед веќе многу пати претходно. Кога не се чувствувала добро, вообичаено ја одложувала посетата на лекар, надевајќи се дека проблемите ќе се решат сами од себе.

Но, кога на крај еден од симптомите станал сериозен таа неволно закажала преглед за да пронајде лекар кој би ја примил веднаш.

Во последните две години, посетила многу доктори заради овие симптоми, но поради своите претходни одложувања сега била принудена да го прифати било кој итен преглед за кој постоел слободен термин. Во повеќето случаи прегледот не се разликувал од претходните и завршувал така што докторот ѝ препишувал некој лек.  Рече дека е „премногу зафатена за да ги воведе сите тие комплицирани промени во начинот на исхрана, физичката активност и земањето одмор од време на време, полесно е да се земе лек“.

Кога докторите денес дијагностицираат депресија, скоро автоматски му препишуваат на пациентот некој лек. Тоа е типична пракса и може да помогне во „лекување на депресијата“. Таа исто така може да го зголеми и ризикот од самоубиства, но не мора неопходно да биде и пропусница за живот без депресија. Едноставно кажано, лековите може да ги излекуваат симптомите на депресија, но не успеваат да ја излекуваат нејзината основна причина.

Во текот на првата посета, Тања очигледно ја болеше стомакот. Беше наведната нанапред и со двете раце го опкружуваше својот стомак. Бидејќи беше нов пациент, Тања сеуште не го познаваше мојот метод на лекување. Очигледно очекувше да ѝ дадам нешто против болки, пред да ја учам како да добие психички поттик.

Медицинското училиште нагласува колку е важно никогаш да не се даваат лекови против болка во стомакот – без оглед на тоа колку е силна болката, пред да се направат детални испитувања. Зошто? Лекот може да ја замаскира болката и во голема мера да му го отежни на лекарот одредувањето на причината. Постојат низа различни причини за оваа вообичаена болест. Истото важи и за депресијата. Лековите, антидепресивите, како и лековите против болка, можат да ги отстранат симптомите, но на лекарот му го отежнуваат одредувањето на причината за депресијата. Ако причините за болките во стомакот или за депресијата не се откријат, болката во стомакот често нема да престане, туку повторно ќе се појави или ќе стане уште посилна.

Освен тоа, болката не е секогаш поврзана за она што се смета дека е најочигледната причина. Поради тоа ние прво поставуваме прашања за да сфатиме за што станува збор. На крај открив дека болката на Тања не е директно поврзана со делот од телото кој таа така внимателно го штитеше со рацете.

По дефиниција, тежок облик на депресија вклучува комбинација на симптоми, но со дијагностицирање на симптомите не се одредува причината за болеста. За да се пронајде долготрајно решение, неопходно е да се утврди причината за депресијата и систематски да се лекува секој еден од нив. За жал, како што и Тања воочи, тој процес вообичаено не е така едноставен како препишаниот лек. Како и повеќето хронични болести, депресијата е една сложена болест и претставува резултат на меѓусебно делување на повеќе различни фактори. Најефективните методи на лекување на поширок фронт ги напаѓаат сите причини кои можат да се одредат.

Постојат осум главни фактори кои можат или да предизвикуваат депресија или во голема мера да допринесат за тоа. Овие фактори се класифицирани во табела 1, која ни дава рамка што ќе ја користиме во истражувањето на покомплицираните особини на депресијата и нејзиното лекување.

Табела 1. ФАКТОРИ КОИ МОЖАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ИЛИ ДА ГО ЗГОЛЕМАТ РИЗИКОТ ОД ДОБИВАЊЕ НА ДЕПРЕСИЈА

-Непроменливи фактори

-Фактори поврзани со исхраната

-Социјални фактори

-Други фактори поврзани со начинот на живот

-Медицински услови

-Неизбалансирана електрична активност на мозокот

-Невообичаени причини за депресија

-Недокажани причини за депресија

 

Во продолжение на оваа статија следуваат поднасловите од третото поглавје. Со кликање на секој од тие поднаслови ќе ви се прикаже текстот кој се содржи во нив.

 

Непроменливи фактори на ризик

Јасно е дека може да постојат некои фактори на ризик кои не можат да се променат. Кога човек ќе стане свесен за тоа, пламенот на депресијата понекогаш може дури и повеќе да се разгори.  Да мислите дека постојаните напади на депресија не можат да се избегнат, може да биде навистина обесхрабрувачки.

Кога на Тања ѝ го насочив вниманието на нејзините непроменливи фактори на ризик, таа сфати дека јас не ги нагласувам за да ја обесхрабрам. Напротив, овој податок ја поттикна да се бори против болката и депресијата, сосредоточувајќи се со целото свое битие на факторите кои можат да се променат.

Случајот на Тања охрабрува – никој не е осуден на вечна депресија. Концентрирајќи се на факторите кои можат да се променат, честопати дури и онаа личност со најлоши комбинации на непроменливи фактори може во потполност да ја отстрани депресијата или пак во голема мера да го намали нејзиниот интензитет.  Да ги погледнеме внимателно факторите на ризик наведени во табела 2. Колку повеќе од овие фактори се присутни во нашиот живот, толку повеќе мораме да размислуваме за превентивни стратегии пред да се појави ова вообичаено пореметување на расположението. Но, дозволете ми да додадам една важна фуснота. Ако ви се чини дека сте ги избегнале сите овие напроменливи фактори, имајте на ум две работи. Прво, можеби сте ја наследиле склоноста за депресија која никогаш не е приметена ниту кај еден близок член на семејството. Второ, во депресија може да западне секој – вклучувајќи ги и оние кои немаат ниту еден од овие непроменливи фактори.

Табела 2. НЕПРОМЕНЛИВИ ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА ПОЈАВА НА ДЕПРЕСИЈА

-Генетика

-Возраст

-Пол

-Етнички разлики

-Депресија „прележана“ во периодот на адолесценција

-„Историја“ на депресија во семејството

Луѓето понекогаш го занемаруваат фактот дека познавањето на сопствените фактори кои не можат да се модифицираат може на време да ги предупреди и да им помогне да ја спречат оваа болест. „Триесет грама превенција вредат исто колку и 450 гр. лекување“. Тања пронајде доста потрајно решение за многу од своите симптоми и сега смета дека е поздраво да се определите за стил на живот кој го намалува ризикот од депресија или компликации кои таа може да ги предизвика отколку привремено да се лекувате со лекови.

Генетика

Важно е да се истакне дека наследните склоности (наречени „генетика“) можат да го припремат теренот за депресија. Меѓутоа, само наследниот фактор, без некои други фактори, не е секогаш доволен за да предизвика депресија. Луѓето кои имаат наследна склоност за депресија можат да ја избегнат оваа состојба обрнувајќи внимание на другите фактори на ризик.

Една од примените на генетиката е да ги идентификува посебните гени кои се поврзани за секое постоечко патолошко заболување. За жал, изгледа дека не постои ни еден единствен ген кој е одговорен за склоност кон депресија.1 Поголема е веројатноста дека повеќе гени играат различни улоги во припрема на теренот за депресија, при што стилот на живот и другите фактори се главни играчи.

Во поширока смисла, генетиката е одговорна и поврзана за нашите етнички корени. Наспроти тоа, иако постои врска помеѓу гените и овие таканаречени „демографски фактори“ – кога се во прашање општествени фактори и пол – важните општествени фактори исто така имаат своја улога. Да го погледнеме следниот отсек кој ги објаснува овие фактори заедно со факторот на возраста.

Депресијата меѓу младината

Депресијата не е болест која ги погодува само возрасните. Појавата на оваа болест меѓу нашите млади накратко е опишана во табела 3.

Табела 3. ДЕПРЕСИЈАТА МЕЃУ МЛАДИТЕ

– Дури 20% од адолесцентите и возрасните патат од депресија.

– 14% од младите лица до 15 годишна возраст се обидуваат да извршат самоубиство.

– 47% 17-годишници и 18-годишници во Лос Анџелес боледувале од тежок облик на депресија во траење од 5 години.

– Меѓу адолесцентите во Јужна Америка и адолесцентите од црната раса забележани се повеќе случаи на депресија отколку кај нивните врсници од белата раса.

– Жените се 2 до 3 пати подепресивни од мажите.

– Депресивните адолесценти имаат за 60% поголеми шанси повторно да западнат во депресија кога ќе пораснат.

Фактите наведени во оваа табела се застрашувачки. Пораката е јасна. Мораме јасно и гласно да кажеме дека младината претставува високоризична група кога е во прашање депресијата, а последиците од нивната депресија се навистина сериозни.  Гледаме дека таа бројка кај адолесцентите достигнува околку 20%, укажувајќи на тоа дека младите луѓе патат од ова пореметување скоро исто толку колку и постарите лица.2

Адолесцентите кои се депресивни особено се склони на нешто што претставува најтрагична последица на депресијата, а тоа е самоубиство. Бројот на обиди за самоубиства е најголем во периодот на адолесценцијата. Запрепастувачки 14% од адолесцентите постари од 15 години признаваат дека се обиделе да извршат самоубиство.3

Тинејџерите и младите жени се посклони кон депресија од мажите.4 Иако не може да се каже дека се типични за целокупното население на САД, неодамна добиените податоци за Лос Анџелес се навистина загрижувачки. Истражувачите во текот на пет последователни години проучувале 155 млади жени на возраст помеѓу 17 и 18 години. Скоро 50% од овие жени имале барем еден напад на тешка депресија во тој релативно краток временски период.5 Изгледа дека тешкотиите во училиште или љубовните проблеми го зголемуваат ризикот од депресија кај припадниците на оваа високоризична старосна група.

Во горенаведеното истражување кое го спровеле Емсли (Emslie) и колегите, се покажало дека учениците од афричко-американската и јужно-американската етничка група се многу подепресивни од учениците од белата раса.6 Тоа е во голема спротивност со статистичките податоци за повозрасните лица кај кои, се чини дека расната припадност нема никакво влијание на депресијата.7

Полот е нешто друго. Дури и меѓу повозрасните, кај жените постои поголем ризик од депресија.8 Се забележало дека кај жените постои поголем ризик да патат од тешка депресија, помеѓу два-три пати почесто од мажите.9 Истражувањата на интернационално ниво покажуваат дека кај поголем број од овие жени, депресијата не е последица на делување исклучиво на културолошкиот фактор. Додека полот и културата не ги објаснуваат сите статистички податоци, цифрите јасно укажуваат на фактот дека кај многу народи, со незначајни исклучоци, жените патат од депресија почесто од мажите.10

Депресија „прележана“ во периодот на адолесценција

Без обзир на тоа колку непријатни можеби биле нашите поранешни борби со физичкото и со духовното здравје, никој не може повторно да ја напише својата историја на болестите. Ако како адолесцент сте пателе од депресија, постои поголем ризик дека ќе западнете во тешка депресија во подоцнежните години. Вајсман (Weisman) и колегите од Универзитетот Колумбија (Columbia University), го покажале овој факт во едно истражување. Меѓу луѓето кои биле проучувани, скоро две третини од оние кои пателе од депресија како адолесценти биле депресивни и како возрасни.11

Поранешни случаи на депресија во фамилијата

Постои скоро општа согласност дека ризикот од депресија во голема мера се зголемува ако уште некој во фамилијата порано страдал од ова пореметување, особено ако се во прашање најбилски роднини, како што се родени браќа/сестри или родителите.12,13 Случаите на депресија во семејството, ако ги има, треба да бидат јасен знак на предупредување.

Менталната болест може да се пренесе од родителот на детето. Едно истражување покажало дека децата чии родители пателе од тежок облик на депресија имале девет пати поголеми шанси да бидат депресивни отколку децата во чии семејства немало случаи на депресија.14

Им препорачувам на овие лица посериозно да ја сфатат можноста за добивање на оваа болест. Ако депресијата не се сфати сериозно, статистиката предупредува дека вие сте можеби следната жртва.

Стратегијата би требало да вклучува сериозен приод кон оние фактори кај кои можете да превземете нешто. Меѓу факторите кои можат да се контролираат, а кои треба да ги разгледаме е и исхраната.

Исхрана

Исхраната има толку далекусежно влијание на човековиот метаболизам што воопшто не изненадува тоа што постои голема врска помеѓу она што го јадеме и ризикот од заболување од депресија. Меѓутоа, бидејќи сите ние имаме различно генетско потекло, и живееме во различни средини, нашата чувствителност на причините за депресија поврзани со исхраната варираат од личност до личност.

Значи, некои области кои ги сместував во категоријата „поврзано со исхраната“ можеби ќе бараат присуство на одреден генетски или друг фактор за да дојде до ова пореметување. Ваквото размислување не ја намалува важноста на овие фактори или нивната поврзаност со исхраната. Напротив, бидејќи основните генетски или метаболички склоности на една личност често не се познати, треба да избереме најразновидна можна исхрана. Некои од областите поврзани со исхраната која може да предизвика или да го зголеми ризикот од депресија се набројани во табела 4.

Табела 4. ФАКТОРИ НА ИСХРАНАТА КОИ ВЛИЈААТ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

– Серотонин

– Омега-3 масни киселини

– Фолна киселина

– Витамин Б-12

– Хомоцистеин

– Застапеност на протеини во исхраната и раниот пубертет

 

Недоволна количина на серотонин и депресијата

Ниско ниво на серотонин во мозокот допринесува за настанување на депресија. Освен тоа, серотонинот се произведува во поголеми количини во пределот на фронталниот лобус (кој се нарекува перфронтален кортекс) повеќе отколку во било кој друг дел на мозокот. И, како што може да се очекува, ако фронталниот лобус е пасивен, нивото на серотонин исто така ќе биде пониско. Високо ниво на серотонин во мозокот претставува важен фактор во лекувањето на депресијата, но него го нема во ниту еден вид на храна ниту во додатоците во исхраната. Тој може да се произведе само во нашиот организам.

На нашиот организам му се потребни одредени „суровини“ за да произведе серотонин. Една од тие суровини е аминокиселината (или „градбен елемент на протеините“) триптофан. Исхраната во која се застапени адекватни количини на триптофан создава поволни услови за создавање на серотонин. Едно истражување опфатило 15 жени кои претходно веќе пателе од депресија, но се излекувале и биле ментално здрави и среќни без употреба на лекови. На овие жени сега им била давана храна сиромашна со триптофан. Овој режим на исхрана го намалил нивото на триптофан во плазмата за 75%. Десет од петнаесет жени имале привремени, но клинички значајни симптоми на депресија.15 Некои од нив тврделе дека депресијата „во потполност им се вратила“. Истражувачите приметиле дека една жена „доживеала ненадејни напади на тага, очај и неконтролирано плачење“.

Ова истражување било високо ценето како прво кое покажало дека постои директна врска помеѓу исхраната и расположението. Една од моите пациентки приметила дека ѝ е доволно само еден ден да зема храна сиромашна со триптофан за повторно да западне во депресија и анорексија – отсуство на желба за храна, што нејзе ѝ служи како голем показател дека повторно паднала во депресија. Поглавје 4 објаснува како по пат на исхрана да внесете доволно триптофан.

Омега-3 масните киселини и мозокот

Во весниците, списанијата и книгите, па и на телевизија, често се зборува за тоа дека рибиното масло е здраво. Тоа содржи една важна масна киселина која во големи количини ја има во масното ткиво на рибите кои живеат во ладните води. Таа масна киселина спаѓа во видот „омега-3“ масни киселини (назив/име кое се кориси за да се укаже на посебната хемиска структура на таа масна киселина).

Омега-3 масните киселини имаат благопријатно дејство на организмот, почнувајќи од спречување на појава на болести на срцето до тоа да ги смируваат многуте воспалителни процеси. Тие го заслужуваат нашето внимание во ова поглавје затоа што се и тоа како поврзани со нашето ментално здравје. Сериозните последици кои мозокот ги трпи поради исхрана сиромашна со омега-3 масни киселини се набројани во табела 5.17,18

Табела 5. КАКО НЕДОСТАТОКОТ НА ОМЕГА-3 МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ ВЛИЈАЕ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Исхраната сиромашна со омега-3 масни киселини:

– Го зголемува ризикот од депресија

– Се поврзува со зголемена агресивност кај затворениците

– Кај бебињата ќе го намали коефициентот на интелегенција за 9 до 10 бодови до зрели години

Според податоците од табелата, очигледно е дека омега-3 масните киселини претставуваат хранлива материја која игра многу важна улога во намалување на ризикот од депресија. Врската помеѓу омега-3 масните киселини и коефициенот на интелегенција заслужува да се зафатиме со истражување за неа.

Некои истражувачи особено се занимаваат со проучување на развојот на детскиот мозок. Јасно е дека омега-3 масните киселини се неопходни за оптимален развој на мозокот во текот на критичниот формативен стадиум во раниот период на животот. За жал и кравјото млеко и вообичаената храна за бебињата содржи многу малку омега-3 масни киселини. Од друга страна, мајчиното млеко содржи многу поголеми количини. Зачудувачки е што дури ниту на почетокот на третиот милениум, овие значајни омега-3 масни киселини не станаа една од состојките во храната за бебињата.

Овие врски не се само теоретски. Истражувачите откриле дека, кога е во прашање нашиот мозок, недостатокот на омега-3 масни киселини остава трајни, доживотни последици. Денешните возрасни луѓе кои порано се хранеле со кравјо млеко и готова храна за бебе имаат во просек, за 9 до 10 бодови помал коефициент на интелегенција од оние кои се хранеле со мајчино млеко.

Ова откритие наметнува уште едно прашање. Дали можеби лицата на кои не им е давано мајчино млеко имаат поголеми шанси да западнат во депресија дури и ако денес внесуваат доволни количини на омега-3 масни киселини? Бидејќи недостатокот на мајчино млеко предизвикува потешкотии во учењето, може ли тој да ја намали и отпорноста кон депресијата? Ако истражувачите откријат дека недостатокот на омега-3 масни киселини го попречува правилниот развој на фронталниот лобус од мозокот, можеме со право да очекуваме дека кај оние лица кои не се хранети со мајчино млеко во текот на првата година од животот постои поголем ризик од депресија.

Како да се заштитиме од исхрана сиромашна со омега-3 масни киселини? Рибата не е единствен извор. Всушност, рибата треба да се избегнува поради нејзиното штетно влијание на здравјето. Тоа штетно влијание го вклучува и загадувањето на водните басени со тешки метали и други загадувачи. Опасноста од загадување со тешки метали се објаснува подоцна во ова поглавје. Останатите штетни влијанија на рибата се наведени во 4 поглавје.

Фолната киселина и менталното здравје

Депресијата може да се предизвика или да се влоши при ниски концентрации на витамин Б9- наречен фолна киселина (или фолат). Во последно време, медиумите му поклонуваат доста внимание на овој витамин. Ова внимание претставува реакција на фактот дека уште неродени бебиња на мајки кои во бременоста не земаат доволни количини на фолна киселина, можат да добијат болест на срцето, мозочен удар или оштетување на мозокот или рбетниот мозок. Опасностите од ниски концентрации на фолна киселина во крвта се наведени во табела 6.

Табела 6. ОПАСНОСТИ ОД НЕДОСТАТОК НА ФОЛНА КИСЕЛИНА

– Го зголемува ризикот од појава на депресија и Алцхајмерова болест.

– Неродениот фетус може да добие болест на срцето, мозочен удар или оштетување на рбетниот мозок.

– Стандардните лекови пртив депресија нема да помогнат.

Лековите кои нема да успеат да го излекуваат човекот од депресија настаната како последица на недостаток на фолна киселина се Prozac, Zoloft, Paxil, Elavil и Imipramin (или потенцијално било кој моментално достапен антидепресив).19

Учевме дека правилното лекување на било која болест зависи од правилната дијагноза на причината. Кога личноста не реагира добро на антидепресив, анализа на крвта за концентрација на фолат во неа, може да открие зошто нема никакво подобрување од лековите. Зголемувањето на концентрацијата на фолна киселина преку исхраната како што е накратко опишано во 4 поглавје во најголем број на случаи ќе ја излекува депресијата.

Откриено е дека ниско ниво на фолна киселина во крвта не само што го зголемува ризикот од депресија туку и од Алцхајмерова болест.20

Витамин Б-12 и депресија

Витамин Б-12 е од пресудно значење за оптималното здравје на нервниот систем. Симптомите на недостаток на овој витамин се слаба координација, честа заборавеност и депресија.21 Недостатокот на витамин Б-12 може дури и штетно да влијае на човековата личност. Кај многу пациенти кои имале недостаток на овој витамин поставена е погрешна дијагноза, т.е. се мислело дека имаат Алцхајмерова болест. Информациите за оваа важна хранлива материја се наоѓаат во Табела 7.

Табела 7. ФАКТИ ЗА ВИТАМИНОТ Б-12

– Се наоѓа во фортифицираната растителна храна и во производите од животинско потекло

– Недостатокот може да се јави кај вегетаријанци, а и кај оние кои јадат месо

– На заболените им се советува земање на дополнителни количини на Б-12

Овој многу потребен витамин со сигурност може да се најде само во производите од животинско потекло и во фортифицираните растителни производи. Меѓутоа дури и онаа исхрана која содржи доволни количини на витамин Б-12 не обезбедува доволна концентрација на овој витамин во крвта. Витаминот Б-12 има еден од најкомлексните процеси на апсорпција од сите хранливи материи. Тој бара соодветни интеракции во устата и желудникот пред успешно да се апсорбира во тенкото црево.

Сосема е нормално да моќта на апсорпција на дигестивниот систем со текот на годините слабее. Затоа, ако сѐ до своите 80-ти години се потпираме само на храната како извор на витамин Б-12, постои 1/5 шанса дека ќе имаме сериозни проблеми и голем недостаток на овој витамин. Во тој случај препорачливо е да се земаат додатоци (во вид на таблети) на витамин Б-12, но подобро е да ги џвакате отколку да ги голтате.

Иако недостатокот на витамин Б-12 често се поврзува со целосните вегетаријанци (вегани) или со вегетаријанскиот начин на исхрана, само мал процент на луѓе кои имаат недостаток на овој витамин се вегетаријаци.

Хомоцистеин и депресија

Хомоцистеинот е аминокиселина (или „градбен елемент на протеините“). Зголемено ниво на ова соединение се поврзува со мозочен удар, инфаркт и други проблеми поврзани со затнување на крвните садови. Се чини дека личностите со прекумерна концентрација на хомоцистеин имаат и поголеми шанси да заболат од депресија.22,23 Меѓутоа, многу е тешко да се каже дека хомоцистеинот е виновен за тоа.

Оваа забуна доаѓа од тоа што многу познати причини за покачено ниво на хомоцистеин истовремено се и причини за појава на депресија. Како што видовме, недоволната концентрација на витамини од Б групата, вклучувајќи го и витаминот Б-6, фолната киселина и витаминот Б-12, можат да предизвикаат депресија, а ниското ниво на овие витамини во крвта ја зголемува исто така и концентрацијата на хомоцистеин. Овој факт го наметнува прашањето: „Дали хомоцистеинот претставува проблем во случаи кога доаѓа до депресија – или зголемената концентрација на хомоцистеинот е едноставно индикатор за присуство на уште неколку други фактори на ризик?“

За ова да стане уште покомплицирано, како што на крај и ќе видиме, мозочниот удар – дури и оној кој не го препознавате може да предизвика депресија.  Бидејќи зголеменото ниво на хомоцистеин, изгледа дека предизвикува мозочен удар, имаме слично прашање поврзано со учеството на витамините од Б групата во сето тоа. Дали само хомоцистеинот, без некои други фактори, предизвикува депресија, или како главни виновници се слабите мозочни удари кои тој ги предизвикува? Значи, врската помеѓу ниското ниво на хомоцистеин и депресија можеби не е само проста причинско-последична врска.

Застапеност на протеини во исхраната и раниот пубертет

Кај жените ризикот од депресија во доцниот период од животот е поврзан со ран пубертет. Кај девојчињата кои се на половина од пубертетската фаза на развој, до 11-тата година од животот или помлади, постои поголем ризик од депресија. Шансите да покажат знаци на депресија во своите тинејџерски години и во средни години се два пати поголеми.24

Почетокот на пубертетската фаза веќе не е мистерија. Нам денес ни се познати многуте фактори кои влијаат на тоа кога девојчињата ќе влезат во репродуктивниот период од животот. Информации за раниот пубертет кај девојчињата се претставени во табела 8.25

Табела 8. РАН ПУБЕРТЕТ КАЈ ДЕВОЈЧИЊАТА

– Јапонките првата менструација ја добиваат во просек во 17-тата година од својот живот.

– Во САД, девојчињата својата прва менструација ја добиваат во просек во својата 12-та година.

– Исхраната во Јапонија содржи помалку протеини од животинско потекло отколку во САД.

Изгледа дека помалите количини на протеини од животинско потекло во исхраната, особено пред адолесценцијата, го одложуваат почетокот на пубертетот.

Едно неодамна објавено откритие покажува дека проблемот е навистина во големата количина на протеини од животинско потекло во исхраната во САД. Како резултат на истражувањето на режимот на исхрана кај 67 жени од белата раса во САД, откриено е дека колку е поголема застапеноста на протеините од животинско потекло во исхраната во периодот од третата до петтата година од животот, толку порано се јавува и првата менструација. За разлика од тоа, девојчињата кои внесувале поголеми количини на протеини од растително потекло во периодот помеѓу својата трета и петта година, првата менструација ја добиле значително подоцна.26

Наглиот раст карактеристичен за адолесцентите се појавувал порано кај девојчињата кои се хранеле со храна богата со масти во периодот помеѓу својата прва и втора година, а поголеми количини на протеини од животинско потекло помеѓу својата шеста и осма година. Раната менструација со себе секако носи и други физички и социјални разлики како што е поголемиот број на случаи на бременост помеѓу тинејџерките, а во голема мера го зголемува и ризикот од појава на рак на дојка.27 Кај овие девојчиња исто така постои и поголем ризик од појава на пореметувања во исхраната и паничното пореметување.

Овие важни факти би требало да ги поттикнат жителите на западната хемисфера да ја преиспитаат својата љубов кон храната богата со протеини од животинско потекло. Овој, како и многу други докази потврдуваат дека просечен Американец внесува премногу протеини преку месо и млечни производи.28

Постојат некои претпоставки, засновани на цврсти научни докази, поврзани со прашањето зошто исхраната богата со протеини може да предизвика симптоми на депресија дури и кај возрасните луѓе. Како што е кажано, триптофанот е потребен во исхраната за создавање на серотонин кој, од своја страна, може да спречи појава на депресија или дури и да ја излекува. Тирозин, валин, изолеуцин, леуцин, фенилаланин, а исто така и големите неутрални аминокиселини се натпреваруваат со триптофанот за своето патување низ артериите до ткивата во мозокот.29 Ова се аминокиселини кои во голема количина се застапени во протеините од животинско потекло.

Истражувачите од Универзитетот во Милано (University of Milan) го мереле и го разгледувале пропорционалниот однос помеѓу триптофанот и овие пет аминокиселини во крвта. Откриле дека колку е пропорцијата пониска, толку е поголем ризикот од депресија или од други ментални болести.30 Во иднина можеби ќе мораме да размислуваме за пропорционалниот однос на овие аминокиселини во храната за да утврдиме кој начин на исхрана може да влијае на нашето расположение. Една слика во 4 поглавје го покажува пропорционалниот однос на овие аминокиселини во различни видови на храна.

Освен што го забрзува настапувањето на фазата – пубертет, претераното внесување на протеини може на различни начини индиректно да влијае на депресијата. Исхраната богата со протеини, без било кои други комплицирани фактори, го зголемува ризикот од рак на дојка дури и ако пубертетот настапи подоцна.31 Другите хронични болести, како што се рак на простата, камен во бубрегот и остеопороза исто така се поврзани со зголемен внес на протеини од животинско потекло.32

Овие и други хронични физички болести всушност го зголемуваат ризикот од депресија. Одржувањето на физичкото здравје всушност го намалува ризикот од депресија, а избегнувањето на храна со висока содржина на протеини може повеќекратно да му користи на целиот организам.

Останати хранливи материи кои помагаат во борбата против депресијата

Важно е да имате избалансирана исхрана која подразбира доволни количини на сите основни витамини и минерали, не само на горенаведените хранливи материи. На пример, едно истражување открило дека исхраната на прилично голем процент на депресивни пациенти содржела помалку од ПДП (препорачани дневни потреби) на една или повеќе хранливи материи.33 Она за што вреди да се размислува е фактот дека многу депресивни пациенти не чувствуваат глад. Тоа може да доведе до недоволен внес на храна, што, исто така, може да доведе до непотполна и недоволна исхрана и влошување на депресијата.

Токсините го оштетуваат мозокот

Во очигледно сѐ позагадениот свет, токсините често се сметаат за причинители за хронични промени во однесувањето и менталните болести. Човекот од првите денови на човековата цивилизација доаѓал во допир со метали. За токсичноста на металите со векови се зборувало и се пишувало. Изложеноста на металите не е ограничена само на индустриските објекти и нивната околина,  бидејќи се знае дека металите ја загадуваат водата и влегуваат во ланецот на исхрана.

Некои метали и токсини кои се поврзуваат со менталните болести се наведени во табела 9.34

Табела 9. МЕТАЛИ И МЕНТАЛНИ БОЛЕСТИ

– Олово

– Жива

– Манган

– Арсен

– Бизмут

– Органотин

– Триметилтин-хлорид

Откриено е дека во некои средини постои опасност од труење со олово, како што е прикажано во табела 10.

Олово

Труењето со олово се наоѓаше меѓу ударните вести ширум светот во 2000-та година кога е објавено дека е извршена анализа кај познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен. Во неговата коса се наоѓала толку голема концентрација на олово што стручњаците сметале дека боледувал (веројатно поради тоа го загубили слухот) и умрел од труење со олово.

Табела 10. КАДЕ СЕ КРИЕ ОПАСНОСТА ОД ТРУЕЊЕ СО ОЛОВО

– Прашина

– Нечистотија

– Вода за пиење

– Додатоци на калциум (во вид на таблети)

– Бои на база на олово

– Средини со развиена индустрија.

Оловото било еден од најрано истражените отрови кои делуваат на нервите и на мозокот. Денес се користи воглавно во неколку индустриски гранки како што е производството на батерии, но ризичната група ја сочинуваат воглавно оние работници кои се најмногу изложени на неговото дејство. Оловото веќе не се користи во производство на бои, бензин, водоинсталатерски делови и други производи.

Во некои индустриски гранки, работниците се сеуште во голема мера изложени на штетното дејство на овој метал, така што и понатаму постои голем ризик од труење. Бидејќи случаите на сериозно труење станаа поретки, вниманието е преусмерено на посуптилните облици на токсична изложеност на олово.

Голем број на истражувања откриле дека изложеноста на олово може да предизвика многу пореметувања. Некои од нив се наведени во табела 11.

Кај оние кои секојдневно се изложени на дејството на олово нивото на олово во крвта се поврзува со тоа колку умор чувствуваат тие луѓе во текот на тој ден.35 Кај луѓе со повеќе од 40мг олово во децилитар крв забележана е засилена депресија исто како и конфузност, умор и бес.36,37

Табела 11. ПОРЕМЕТУВАЊА ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ОЛОВОТО

– Засилена депресија

– Апатија

– Раздразливост

– Умор

– Конфузност

– Намалена способност за контролирање на бесот

– Намалена способност на мозокот и негативни промени во однесувањето.

Кај децата изложеноста на олово не се поврзува со депресија, туку со поспоро реагирање, антисоцијално однесување и ослабено внимание.38 Кај деца изложени на дејството на олово може да дојде до намалување на интелигенцијата и губиток на слухот.

Употребата на олово во производството на боја во САД е забрането во 1975 година, што доведе до тоа помалку деца да бидат изложени на дејството на оловото. Со оловото може да се дојде во допир и преку прашина, нечистотија и вода за пиење, особено ако водата минува низ оловни цевки.

Уште еден начин да се изложите на дејството на олово е да запалите свеќа со метална основа на фитилот, како што е миризливата или свечената свеќа. Др. Џером Нриагу (Jerome Nriagu), професор по здравствена екологија на Универзитетот во Мичиген (University of Michigan), предупредува дека кога одредени видови на свеќи направени во Кина и САД, горат еден час во затворена просторија, концентрацијата на олово во воздухот може во голема мера да се зголеми. Таа концентрација може да биде триесет пати поголема од онаа која Агенцијата за заштита на средината на САД (Environmental Protection Agency (EPA)), ја прогласи за нездрава и небезбедна. Ако фитилот на свеќата блеска постои можност да содржи олово или цинк, па не треба да ја палите во затворена просторија.

Зачините и витамините од Индија, а веројатно и од некои други земји можат да бидат извор на многу токсични концентрации на олово.39 Уште еден застапен извор се додатоците од калциум во вид на таблети. Истражувачите од Универзитетот во Флорида (University of Florida) во Гејнсвил неодамна испитале 22 видови на додатоци на калциум и откриле дека осум од нив содржат превисока концентрација на овој отровен метал, вклучувајќи го тука и додатокот кој луѓето најчесто го користат –Tums калциум карбонат.40 Иако ниеден од тие додатоци немал толку голема концентрација за да може да предизвика проблеми со нервниот систем при краткотрајна употреба, оловото во додатоците од калциум сеуште претставува проблем бидејќи многумина секојдневно го употребуваат со години.

Децата во сиромашните семејства имаат најголеми шанси да бидат изложени на дејството на оловото, а едно истражување кое опфатило 296 претшколски деца, на возраст од девет месеци до три години, покажало дека кај оние деца во чија исхрана имало застапено доста масти постои најголема веројатност дека ќе имаат опасни концентрации на олово во крвта.41 Децата изложени на дејството на олово всушност ќе апсорбираат помали количини на олово ако внесуваат помалку масти со исхраната.

Концентрацијата на олово во крвта може да помогне во одредување на поскорашно или хронично изложување на олово, но не и во одредувањето на изложеност на олово во даден период во минатото. Детето за кое родителите некогаш велеле дека е „вистински мал ангел“, а кое подоцна станало агресивно, почнало да се тепа, подметнува пожари, покажува вандалски облици на однесување и крадe од продавниците, можеби било изложено на олово. За жал, единствено скапата рендгенски снимка која може да ги покаже наслагите од олово во коските е во состојба да ја детектира причината за таквите промени во однесувањето.42 Засега единствено високите концентрации на олово во крвта можат да се лекуваат (хелативна терапија), додека последиците од изложеност на дејство на олово во минатото, сеуште не може да се лекува. Овие факти нагласуваат колку е важно да се избегнува изложувањето на дејството на оловото, особено во детството.

Изложувањето на олово не само што може штетно да влијае и да го оштети мозокот, туку и бубрезите а може и да го зголеми ризикот од оштетување на забната шуплина.43

Жива

Историјата веќе со векови забележува случаи на труење со жива на работно место, од кои најмногу се истакнуваат случаите на шеширџии, кои користеле едно строго чувано хемиско соединение – живин нитрат – во зацврстувањете на шеширот. Од овој историски факт потекнува оној израз „луди шеширџии“. Постојат четири можни неуролошки последици на труењето со жива, како што е прикажано во табела 12.

Табела 12. НЕУРОЛОШКИ ПОСЛЕДИЦИ НА ТРУЕЊЕТО СО ЖИВА

– Слаба координација

– Неспособност за нормален од

– Ослабена моќ за интелектуално сфаќање

– Промени во емоциите и расположението

Во емоционалните симптоми спаѓаат и зголемена чувствителност во односите со другите луѓе, раздразливост, повлекување во себе и избегнување на друштво, депресија, умор и летаргија.44 Класичен пример е личноста која станува нервозна и срамежлива, лесно поцрвенува и е збунета во друштво. Таквата личност може да се жали дека другите ја набљудуваат и настојува да ги избегнува луѓето или може да стане раздразлива и срамежлива. Таквата личност на крајот може да ја напушти работата. Летаргијата, стравот, слабата координација и ослабената моќ за интелектуално разбирање дури и во мала мера вообичаено ги пратат овие симптоми.45

Каде се крие опасноста од живата? Одговорот се наоѓа во табела 13.

Табела 13. ИЗВОРИ НА ЗАГАДУВАЊЕ СО ЖИВА

– Увозни зачини и витамини

– Индустриска зона

– Одредени креми за кожа

– Одредени вакцини

– Риба

– Одреден вид на говедско и друго месо

Труењето со жива не е секогаш последица на близината на индустриските зони. Тоа може да биде последица на консумирање на одредени зачини и витамини произведени во Индија и Кина.46 Според Сојузот на потрошувачи на Хонг Конг, откриено е дека две варијани на кинескиот зачин „Water Melon Frost“, содржи отровни концентрации на жива. Кремата за лице произведена во Мексико неодамна предизвика труење во Тексас и Аризона, кај лицата кои ја користеле и дури и кај членовите на нивните семејства. Контаминираната крема, „Crema de Belleza Manning“, поттикна опсежни здравствени испитувања во Аризона, истакнувајќи ја опасноста од купување на одредени увозни производи. Од 89 луѓе за кои се открило дека ја користеле оваа крема, многу имале рани симптоми на труење со жива, вклучувајќи главоболки, слабост, промени во расположението и вртоглавица.47 Ниска концентрација на жива е откриена во тимеросал (thimerosal), конзерванс кој се употребувал за некои вакцини во САД пред 2001 година.48

Жива во рибата

Еден од најголемите извори на жива во ланецот на исхрана е рибата. Во 1996 година, Организацијата за зашита на животината средина (Environmontal Protection Agency (E.P.A.)), изјави дека концентрацијата на внесената жива поголема од 0,1 микрограми по килограм телесна маса се смета за опасна, особено ако редовно се внесува преку храната. Рибите како што се бранцин, шкрапина, делфин, скуша, штука, сабјарка и туна содржат 0,2 до 0,3 делови жива во милион (ppm) делови на сопствената телесна маса.49

Возрасна жена тешка околу 60кг би го достигнала прагот на безбедност за концентрацијата на жива со консумирање на 113 грама таква риба еднаш во неделата. Според E.P.A., било која поголема количина на риба во исхраната би била опасна. Овој факт го истакнува значењето на внесот на омега-3 масните киселини, кои ја спречуваат појавата на депресија, од билки наместо од риба. Поглавје 4 објаснува како тоа може да го постигнеме.

Во еден извештај од Франција од 30 октомври 2000 година нагласено е дека е веќе познато дека загаденото говедско месо може да содржи отровна концентрација на жива и на други тешки метали. Францускиот дневен весник Le Parisien известува дека кравите внесувале олово, жива, кадмиум, никел, хром, бакар и цинк доаѓајќи во контакт со вода од загаден канал кој постојано се излевал, поплавувајќи ги пасиштата од кои овие животни се хранеле. „Наместо да се родат црно-бели, некои телиња биле црвенкасто-кафеава боја“, изјавил за овој весник сопственикот на тоа стадо. Во Le Parisien пишува дека од 84 крави колку што живееле на тоа пасиште помеѓу 1998 година и 2000 година повеќе од 40 умреле поради загаденост. Поголемиот број од останатите крави, од кои некои ја попримиле кафеавата боја поради внесениот бакар, биле продадени на кланиците и потоа биле продавани како говедско месо.

Многу стоматолози сметаат дека амалгамските пломби не претставуваат некоја голема опасност за луѓето. Тие се направени така да не се раствараат, туку остануваат компактни. Други ортомолекуларни научници велат дека треба да се користат само пломби кои не содржат жива или златни пломби затоа што сметаат дека дури и малиот ризик претставува преголем ризик.

Ако жената е изложена на жива во текот на бременоста, постои значајно поголема веројатност дека нејзиното новороденче ќе има мала телесна маса и висок крвен притисок.50

Труењето со жива кое се случило во блиското минато се лекува со хелатна терапија. Ако смртоносна количина на жива се внесе преку кожата или орално, терапија со испирање (хелирање) обично нема да може да го сочува животот на пациентот.51,52

Манган

За разлика од оловото и живата, манганот претставува минерал во трагови кој му е потребен на организмот во мали количини. Манганот во големи количини, е отровен и се поврзува со импулсивно, хиперактивно однесување кое е слично со маничните симптоми на биполарното пореметување.53 Во останатите можни симптоми спаѓаат анорексијата, губитокот на тежина и несоницата. Типичната тешка депресија обично не е последица на труење со манган. Меѓутоа, долготрајната изложеност на дејството на манган или бакар на работното место може да предизвика Паркинсонова болест.54 Труењето со манган воглавно е професионална болест и многу е поретко од труењето со олово или со жива.

Арсен

Арсенот веќе долго се користи во криминални цели. До професионално труење денес може да дојде во фармацефтската и агрохемиската индустрија, во преработување на руда, производство на стакло и во индустријата за крзно. Масовни труења се случувале кога арсен случајно ќе се измешал со храната, и како последица умирале поголем број на луѓе.

Неуролошките последици на хроничното труење со арсен се многубројни, вклучувајќи и слабост, летаргија, повремени вртоглавици, умор, сѐ поголема загриженост, емоционална нестабилност, несоница, депресија, и во сериозни случаи, психози кои се одликуваат со параноични мисли и халуцинации, нарушена способност за расудување и грижа за самиот себе.55 Во останатите симптоми спаѓаат дијареа и жешки бранови.

Хронична изложеност на дејството на арсен може да биде последица на загадените води за пиење и може да допринесе за настанување на рак на кожата, мочниот меур, белите дробови и простатата. Исто така се поврзува и со анемија, дијабетес и срцеви заболувања. Дали водата која ја пиете е загадена со арсен или со други штетни материи можете да дознаете така што ќе испратите 12 долари до Институтот за квалитет на животината средина (Environmental Quality Institute (EQI)) на Универзитетот во Северна Каролина (University od North Carolina) во Ешвил. Институтот ќе ви прати сад во кој можете да им го испратите примерокот, а тие ќе ви испратат извештај за тоа што пронашле во вашата вода. Филтрационите системи како што е реверзна осмоза и филтерите на принцип на размена на анјони го отстрануваат арсенот.

Бизмут

Бизмутот, кој го има во PeptoBismol, се користи како лек против лоша дигестија, дијареа и во лекување на желудочната инфекција предизвикана од бактеријата Helicobacter Pylori. Ако се користи редовно или во големи количини, бизмутот може да предизвика депресија, загриженост, раздразливост и треперење, кои можат да траат од неколку седмици до неколку месеци.56 Познато е дека до нагло влошување на ситуацијата може да дојде без никакво предупредување неколку години по изложувањето, при што се јавуваат симптоми кои личат на мозочен удар. Единствената шема на абнормалности на сивата материја на мозокот, може да се види на KT – скенер или НМР – дијагностички методи.

Органотини

Органотините се користат во производство на инсектициди, родентициди и средства за дезинфекција. Кај работниците кои биле изложени на дејство на органотини забележано е единствено поремерување на расположението во наизменични напади на бес и тешка депресија кои траеле од неколку часа до неколку дена. Овие промени на расположението можат да траат многу долго, бидејќи биле присутни и на повторните испитувања помеѓу 9 и 34 месеци по периодот на изложување на дејството на органотини. Сеуште не е јасно дали овие промени се директна последица на органотини, посттрауматски стрес по изложеноста на овие супстанци или зависи од самата личност и начинот на кој нејзиниот организам се бори против тоа штетно дејство.57

Триметилтин-хлорид

Кај работници во хемиската индустрија изложени на дејството на триметилтин хлорид се забележани симптоми на заборавеност, умор, демотивација, периодични појави на главоболки и пореметување на сонот.58

Сомнителни отрови, за чија токсичност сеуште нема доволно докази

Растворувачите содржат хемиски соединенија кои воглавно се користат во индустријата а опфаќаат јаглерод дисулфид, толуен, перхлороетилен и трихлороетилен. Иако имало случаи кои укажуваат на тоа дека некои или сите горенаведени хемиски супстанци можат да предизвикаат депресија или некоја друга ментална болест, не постојат доволно добри и достапни истражувања кои ги наведуваат специфичните последици кои овие хемиски супстанци всушност ги остваруваат.59

Истото важи и за супстанците кои влегуваат во составот на инсектицидите како што се органофосфатите.

Општествени фактори кои го зголемуваат ризикот од депресија

Иако многу причинителни фактори за депресијата се потценуваат, општествените фактори кои можат да допринесат за појавата на депресија изгледа воглавно се преценуваат. Иако општествените фактори се навистина важни, мислам дека многу пациенти почнуваат да се концентрираат на нив како на единствените причинители за нивната депресија. На пример, јасно е дека кај една жена која се развела постои зголемен ризик дека ќе западне во депресија. Ако оваа жена навистина западне во депресија, јас би ја поттикнал да покрај општествените проблеми разгледа и некои други фактори кои можеле да ја предизвикаат нејзината ментална болест.

Важно е да се сфати дека општествените фактори се важен но не и неопходен и неминовен причинител на таква депресија. Фактот дека многу жени кои се разведуваат не запаѓаат во депресија, помага да се завземе урамнотежен став за влијанието на општествените фактори врз депресијата.

Како тогаш тоа, две личности можат да се соочат со на изглед ист социјален предизвик, а сепак само едната од нив ќе стане клинички депресивна? По мое мислење, општествениот фактор никогаш не делува во вакуум. Присутни се и многу други фактори кои влијаат на ризикот од депресија. Пораката на ова поглавје кое е концентрирано на голем број на фактори гласи: „Немојте да паднете во вообичаената замка, и да се насочувате само на еден причинител за депресија и да го сметате за едниствен фактор со кој треба да борите.“

Најдобар начин да се соочите со депресијата (или со вашата загриженост пред симптомите на депресија да станат јасни и очигледни) е да го согледате широкиот дијапазон на фактори. Кога во потполност ќе ги разберете сите фактори кои генерално влијаат на појавата на депресија, тогаш можете да тргнете во успешен напад на оние фактори кои се однесуваат токму на вас.

Во Табела 14 се наброени неколку општествени околности за кои се знае дека го зголемуваат ризикот од депресија.

Да ја разгледаме секоја од овие седум општествени околности кои можат да го зголемат ризикот од депресија. Прва меѓу нив е раздвоеноста на родителите.

Табела 14. ДРУШТВЕНИ ФАКТОРИ КОИ ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ ОД ДЕПРЕСИЈА

– Бабата и дедото ги одгледуваат децата

– Раздвоеност на родителите

– Сексуално злоупотребување

– Зависност од други

– Пониска општествена класа

– Отсуство на поддршка од друштвото

– Негативни, стресни настани

Раздвоеност на родителите

Како што веќе видовме, ризикот од депресија не ги одминува ниту адолесцентите. Напротив, тие претставуваат високоризична група, при што кај оние адолесценти кои не живеат со своите биолошки родители постои дури и многу поголем ризик за појава на депресија.60 Од оваа и од многу други причини, за менталното здравје е навистина важно децата да живеат со двајцата биолошки родители. Меѓутоа, кога во домот ќе дојде до кавги и недоразбирања, родителите можат да користат оправдувања за својата раздвоеност или развод, кои не одговараат на фактите. Нивните класични изјави толку лесно се паметат, како оваа: „Подобро е за нашите деца да потекнуваат од поделен дом отколку да живеат во еден ваков дом“. Но, кога е во прашање менталното здравје на нивните деца, оваа изјава не мора секогаш да биде точна. Да се обидете да се сочува или да се толерира бракот „кој поминува низ тежок период“ често е подоброто решение.

Бабата и дедото ја превземаат родителската одговорност за малите деца

Една баба го донесе својот внук Шејн во ординацијата. Се загрижила затоа што момчето го изгубило апетитот, станало нерасположено и почнало често да изостанува од училиште. Кога поразговарав со Шејн и со неговата баба и извршив рутински преглед, повеќе бев загрижен за здравјето на госпоѓата Латам отколку за здравјето на Шејн.

За жал, разводот денес се случува многу почесто отколку било кога порано во историјата. Не само што тој го зголемува ризикот од појава на депресија кај децата, туку може да има и многу други пошироки последици. Често се случува единствените личности кои се доверливи и кои имаат време да се грижат за децата на разведените родители, не се еден од родителите туку бабата и дедото.

Помеѓу 1980 и 1990 година бројот на деца кои живеат со бабата и дедото или со некој друг роднина се зголемил за скоро 44%. Во 1997 година, скоро 4 милиони деца во САД, живееле, како Шејн, привремено кај бабата и дедото. Статистиката покажува дека бабите и дедовците кои ги одгледуваат своите внуци двојно го зголемуваат ризикот од депресија кај самите себе.61

Таквите деца се исто така понесигурни од другите деца. Додека е лесно да се шпекулира зошто е тоа така, истражувањето утврдило дека дедовците и бабите како исклучиви старатели над своите внуци го зголемуваат својот ризик од депресија.

Сексуално злоупотребување

Денес психотерапевтите ги поттикнуваат своите пациенти да си помогнат самите на себе (do it-yourself psychoterapy). Многу случаи на сексуална злоупотреба во минатотo можат да се сметаат за причина за депресија. Ако сексуалното злоупотребување се повторува, тоа го зголемува ризикот од депресија.62

Отсуство на друштвена поддршка

Главната работа на која Линда се жалеше беше депресијата. Восхитувачки беше тоа колку многу знаеше за тоа како да го зачува своето здравје. Освен што уживаше во сопствената градина, правела и физички вежби, правилно се хранела и одвојувала доволно време за одмор.

Меѓутоа често имала промени во расположението по што била безволна и демотивирана. Најлоши биле периодите кога чувствувала безнадежност. Кога ги проучивме сите можни причини за нејзините симптоми, се концентриравме на оние најочигледните за да можеме веднаш да почнеме со лекувањето. Линда ја посочи осаменоста како една од многуте причини за својата депресија. Неодамна ја напуштила својата работа, и отишла да работи на друго место.

Очигледно е дека, генерално гледано, друштвената поддршка е особено важна за менталното здравје не луѓето. Интересно е дека таа се покажала и како ризик фактор кој влијае на депресијата и кај животните. Во Харловите (Harlow) класични експерименти, мајмуните кои биле одвоени од своите мајки покажувале симптоми на очај.63 Важноста на друштвената поддршка е прикажана во табела 15.64

Табела 15. ДЕПРЕСИЈАТА И ДРУШТВЕНАТА ПОДДРШКА

– Постои навистина тесна врска помеѓу депресијата и недостатокот на друштвена поддршка.

– Лицата кои сметаат дека немаат доволно друштвена поддршка се соочуваат со сè поголем ризик од депресија.

Воочете дека е важно да почувствувате силна друштвена поддршка. За друштвената поддршка да може да ѝ помогне на депресивната личност, таа треба јасно и отворено да ѝ се покажува на жртвата на депресија. Многу психолози теоретичари го сместуваат и недостатокот на друштвена поддршка во својот модел за причинители на депресијата и начинот на нејзиното лекување.65,66,67

Ѝ објаснив на Линда дека таа, исто како инејзиното пресадено цвеќе има оштетен корен. Кога сфати дека нејзината нова работа привремено ги оштетила нејзините корени кои биле посадени од порано, направи листа на активности и луѓе кои би можеле да ѝ помогнат да оствари нови контакти. Потоа размисли за видовите на стрес кои можеби го пореметуваат нејзиното ментално здравје.

Негативни стресни настани во животот

Во многу извештаи неочекуваниот депресивен напад се поврзува со негативни стресни настани во блиското минато.68,69 Тешките стресни случувања како што се смрт на брачниот другар или губиток на работата можат да предизвикаат „ситуациона депресија“. Таа може да предизвика тежок облик на депресија. Стресот кој трае долго исто така може да доведе до депресија, Истражувачите од универзитетот Џонс Хопкинс (Johns Hopkins University) испитале 905 жители на Балтимор кои работат полно работно време, вклучувајќи тука и секретарки, наставнички, градежни работници и управници.70 Кога работникот нема многу права за да одлучува за работата, а носи голем товар и одговорност, се зголемува зачестеноста на она што се нарекува притисок на работното место. Се утврдило дека притисокот на работното место претставува голем ризик фактор кога е во прашање депресијата, како што е прикажано во табела 16.

Табела 16.ПРИТИСОК НА РАБОТНОТО МЕСТО

Работниците кои се изложени на голем притисок на работното место имаат пет пати поголеми шанси да западнат во депресија отколку оние кои не се изложени на толкав притисок.

Ако шефот не го слуша она што му го зборувате, а работата и понатаму се натрупува, навистина брзо можете да западнете во депресија. Ова може да биде една од причините зошто загриженоста и депресијата во голема мера се поклопуваат. Оваа важна причина подетално ќе ја разгледаме во поглавје 7.

Пасивно зависна состојба

Секој човек е друштвено суштество. Во Библијата пишува дека Творецот, откако го создал Адам, рекол: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создададеме помошник, сличен на него“. Потоа ја создал Ева, неговата жена. Добро е секој од нас да зависи од другите и да биде свесен дека таа зависност постои. Сите ние сме создадени за да бидеме друштвени суштества. Во поширока смисла, секоја личност треба да „зависи од некој друг“ бидејќи меѓусебната зависност помеѓу луѓето е најважниот елемент на здравото живеење. Токму поради тоа престојот во самица претставува една од најлошите затворски казни.

Во светот на психологијата, зборот „зависност од другите“ има друго значење. Со него се означува нездрава претерана зависност од другите. Одсега па натаму, зборовите „зависност од другите“ ќе ги користиме со нивното психолошко значење – нездрава друштвена состојба.

Луѓето кои зависат од нешто, како алкохоличарите, често се поврзуваат со луѓето кои зависат од другите луѓе. Овој збор се користи за опишување на опсесија или дури и на зависни врски, до кои често доаѓа поради непотполн или нездрав однос помеѓу родителите и детето.72 Тие родители, можеби го злоупотребувале детето и/или не можеле да одговорат на неговите емоционални потреби поради алкохолизам, ментални или физички болести.73

Секој човек има од Бога дадена потреба да сака и да биде сакан. Кога децата не добиваат доволно љубов и внимание од своите родители може да станат несигурни и во суштина, да го поминат својот живот во потрага за љубов. Тие стануваат буквално „гладни за љубов“. Во книгата Love Is A Choise (Љубовта е избор) Хемфелт, Минирт и Мајер (Hemfelt, Minirt, Meier) тврдат дека зависноста од другите е производ на празен „резервоар за љубов“.74 На овие личности им недостига онаа психолошка сигурност која настанува како резултат на отвореното покажување на љубов и нежност од страна на двајцата емоционално стабилни родители.

Наташа Р. Линдли (Natasha R. Lindley) неодамна анализирала какво мислење за себе имаат лицата кои зависат од некој друг. По повеќе испитувања, дошла до заклучок дека ниското мислење за себе е главна причина зошто некои не можат да остварат нормална пријателска врска.75 Ниту малку не изненадува фактот дека меѓу оние кои зависат од другите луѓе има многу случаи на депресија.76 Многу психолози се насочуваат само на зависност од другите луѓе како на основна причина за било која зависност или на сите нездрави друштвени односи. Тие, исто така претпоставуваат дека буквално секоја депресивна личност го има тој проблем на зависност од другите, барем во некоја мера. Со ваквиот став, тие многу ги поедноставуваат причините за депресија поради што на пациентите често има даваат погрешни и погубни психолошки совети. Работата е во тоа што многу видови на зависности како и некои нездрави друштвени односи, се последица на лоша проценка, а не се задолжително грешка на родителите или нивните чести отсуствувања од дома. Меѓутоа, традиционалните терапии за лекување на зависност од другите ги ставаат во втор план лошите проценки на самата личност и ја препишуваат вината на средината во која личноста растела, и конечно на родителите. Психологот тогаш бара од својот пациент да се врати во тоа време и да „излезе на крај“ со луѓето (постарите возрасни лица) кои ја предизвикале оваа состојба. Тоа, се смета дека ѝ дозволува на жртвата на зависност од другите да „продолжи понатаму“ и да ја надмине таа жална ситуација на нездрави друштвени односи. За жал, психолошкото советување усмерено на борбата со проблемите од минатото во повеќето случаи не се покажало како успешно. Во 5 поглавје ќе зборуваме за терапијата која помага во надминувањето на зависноста од другите.

Останати фактори на стилот на живот кои го зголемуваат ризикот од депресија

Нашите секојдневни одлуки и животни навики и тоа како влијаат на нашето ментално здравје. Правилните одлуки можат да го намалат ризикот од депресија. Во исто време, погрешните одлуки можат во голема мера да го зголемат тој ризик. Веќе зборувавме за значајната врска помеѓу факторите на исхраната и менталното здравје. Да разгледаме уште неколку начини на кои нашите одлуки можат да влијаат на нашето здравје. Лошите животни навики кои го зголемуваат ризикот од депресија се наведени во табела 17.

Табела 17. НАВИКИ КОИ ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ ОД ДЕПРЕСИЈА

– Недоволна физичка активност

– Пореметување на циркадијалниот ритам

– Дозволени лекови

– Тутун

– Кофеин

– Алкохол

– Нестручна употреба на лекови

– Повреди на главата

Да испитаме пет од овие фактори.

Недоволна физичка активност

Постојат толку многу докази кои покажуваат дека физичките вежби претставуваат моќна заштита за нашето ментално здравје и дека можат да се користат во лекување на депресијата. Едно неодамнешно објавено истражување ни дава корисни информации за тоа како да спречите депресија.

Особено ризична група кога е во прашање депресијата ја сочинуваат оние кои во блиското минато доживеале инфаркт. Во овој случај, физичките вежби се од особено значење. Др. Ричард Милани и неговите колеги од клиниката Окснер (Ochsner Clinic) во Луизијана откриле дека основните вежби како составен дел од опоравувањето по инфарктот успешно се борат против депресијата помеѓу оние пациенти кои неодамна имале срцев удар (инфаркт).78 Тие проучувале повеќе од 300 личности кои се пријавиле за програмот на опоравување по срцев удар. Резултатите од тоа истражување накратко се прикажани во табела 18.

Табела 18. ВЕЖБИТЕ КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОПОРАВУВАЊЕТО ПО ИНФАРКТ ГО НАМАЛУВААТ РИЗИКОТ ОД ДЕПРЕСИЈА

Истражување кое опфатило 300 лица кои доживеале срцев удар, а чија рехабилитација вклучувала и физички вежби, покажало дека:

-20% пателе од депресија во моментот кога почнале со физичките вежби.

-На завршувањето од тримесечната програма кој вклучувала 36 часа физички вежби, 2/3 личности потполно се ослободиле од депресијата.

Кога ќе се сетиме дека меѓу оние кои во блиското минато доживеале инфаркт, депресијата во голема мера го зголемува ризикот од смрт во наредните шест месеци, добиените податоци накратко прикажани на табелата особено нè охрабруваат.79

Пореметување на циркадијалниот ритам

Нашето тело се управува според еден внатрешен часовник кој отприлика работи 24 часа дневно. Ова „работно време“ или „возен ред“ е толкав дел од нас, што дури и ако сме херметички затворени во некоја печка, без никакво чувство за времето, сите наши витални процеси во организмот ќе продолжат да се одвиваат според истиот 24 часовен ритам.80 Тој збор во буквална смисла значи „околу“ (lat. „circa“), „еден ден“ (lat. „dies“), а означува витален, но често запоставен дел од физиологијата.

Сите ние имаме некаква претстава за важноста на циркадијалниот ритам. Дали сте приметиле дека најефикасно функционирате кога постојано се држите до одреден утврден распоред? На пример, ако секој ден ручате на пладне, вашиот организам ќе очекува оброк во тоа време и ќе ги координира вашите телесни процеси за да во што поголема мера го олесне варењето на храната точно во 12 часот. Што се случува кога ќе го прескокнете или само ќе го одложите вашето вообичаено време за ручек? Ако вообичаено ручате на пладне, вашето тело ќе се побуни против оваа промена, и ќе ве извести со кркорење на цревата или со други слични знаци. Пораката која вашиот организам на овој начин ви ја испраќа е дека не му се доапаѓа што го игнорирате „телесниот часовник“.

Меѓутоа, прескокнувањето на оброк или одење на спиење подоцна од вообичаено не се најголемите зла кои можете да му ги нанесете на вашиот циркадијален ритам. Најголемото зло е веројатно тоталното непочитување на овој природен часовник што доаѓа во текот на работа во смени.81 Неодамна во својата лекарска пракса видов очигледен пример на горенаведената ситуација. Една голема фабрика во крајот во кој живеам работи преку ден и преку ноќ без престан. Нови сопственици неодамна ја превземаа оваа фабрика и воспоставија работа во смени. Наместо постојано да работат во иста смена, работниците се обврзуваат да секои четири недели потполно го игнорираат својот биоритам преминувајќи од дневна во попладневна па и во ноќна смена.

Без никакви научни истражувања за влијанието на овие промени, приметив застрашувачко зголемување на бројот на случаите на депресија помеѓу вработените. При таквиот четвороседмичен програм на смени, организмот на работникот никогаш не е во состојба да се вклопи во еден предвидлив ритам. После третата недела работа во иста смена тие почнуваат да се чувствуваат подобро, но две седмици подоцна нивниот циклус на работа и одмор повторно се менува. Секој кој има вакво работно време за кратко станува свесен колку е важно да се оди на спиење и да се станува секое утро во точно одредено време, вклучувајќи го и викендот. Од понеделник до петок се чувствуваме подобро ако стануваме и си легнуваме во исто време и во текот на викендот. Повеќето од нас, дури и оние кои постојано работат во прва смена, се склони да отстапат од тој распоред за време на викендот. Вообичаена последица на тоа е намалена способност за функционирање во понеделник наутро. Некои од симптомите кои се појавуваат поради непочитување на телесниот биоритам се наведени во табела 19.

Табела 19. СИМПТОМИ НА НАРУШУВАЊЕ НА ЦИРКАДИЈАЛНИОТ РИТАМ

– Депресија

– Стомачни тегоби

– Загриженост

– Лош апетит

– Пореметување на сонот

Дури и ментално здравите луѓе кај кои не постои ниту еден познат фактор на ризик за заболување од депресија можат да станат депресивни ако дојде до поголемо пореметување на циркадијалниот ритам.82 Овој факт укажува на тоа дека пореметувањето на овој ритам претставува еден од оснивните причини на депресијата. Интересно е тоа што кај околу 50% од депресивните луѓе, менталните симптоми на депресија привремено исчезнуваат кога тие остануваат будни до доцна и не спијат. Симптомите на депресија се враќаат и стануваат уште посилни по будењето, дури и ако во прашање е само кратка дремка. Токму поради ова некои депресивни лица се склони кон тоа да останат будни сѐ додека не „паднат“ од умор. Тие се чувствуваат нормално во овие доцни часови, но често не сакаат да станат кога ќе се разбудат, бидејќи тогаш симптомите на депресија повторно им се враќаат.83

Зимска депресија

Циркадијалниот ритам може да се поремети поради вообичаените промени на годишните времиња. Депресијата може да предизвика промени во циклусот на дневна светлост и мракот во текот на зимските месеци, особено во подрачја оддалечени од екваторот.84 Депресијата од овој тип може да се лекува или да се спречи со интервенциии кои го подигаат нивото на серотонин во мозокот85 или со директно изложување на силно вештачко осветлување.86

Дозволени супстанци и депресијата

Пушењето и алкохолот се наоѓаат на самиот врв на топ листата на фактори кои го зголемуваат ризикот од депресија. Пушењето и алкохолот се тесно поврзани како што е покажани во табела 20.87,88,89

Табела 20.АЛКОХОЛОТ И НИКОТИНОТ ГО ЗГОЛЕМУВААТ РИЗИКОТ ОД ДЕПРЕСИЈА

– Зависниците од никотин имаат поголеми шанси да западнат во депресија.

– Депресивните луѓе имаат поголеми шанси да започнат со пушење.

– На сличен начин, оние кои консумираат алкохол имаат поголеми шанси да станат депресивни.

– Депресивните луѓе имаат поголеми шанси да му се оддадат на алкохолот.

Личноста која има некои проблеми од горенаведените, навистина се наоѓа во затворен круг.

Важно е да воочите дека загриженоста поврзана со алкохолот и депресијата не се сведува само на повремената случајна злоупотреба на алкохол. Дури и оние кои умерено пијат имаат поголеми шанси да станат депресивни отколку оние кои не пијат. Причините за тоа се опишани во 9 поглавје.

Покрај употребата на тутун и алкохол, се чини дека и кофеинот го зголемува ризикот од депресија. Во прочуеното истражување „Тромзо срце“ (Tromso heart study), жените кои пиеле кафе во големи количини го зголемиле својот ризик од депресија.90 Дури и некои лекови можат да предизвикаат депресија. Во упатството на популарниот лек против акни, „Accutane“сега се наоѓа и предупредување од FDA во кое пишува дека овој лек може да предизвика суицидни мисли, емоционална нестабилност и депресија.91

„Нестручна“ употреба на дрога

Депресијата може да се јави и при „нестручно“ земање на дрога како и при воздржување од истите. Добро е познато дека личност која се рехабилитира од двете најраспространети видови на дрога – амфетамин и кокаин – може да падне во депресија.92

Повреда на главата

Последниот фактор на стилот на живот наведен во табела 17, а кој може да го припреми теренот за депресија е повреда на главата. Сериозна повреда на главата кој го оштетува мозокот, што се гледа на НМР често доведува до појава на тежок облик на депресија. Не е општо познато дека дури и помали повреди на главата кои не можат да се видат на НМР можат да предизвикаат депресија. Лицата кои се онесвестиле или го изгубиле памтењето по повреда на главата имаат голема шанса да западнат во депресија во текот на опоравувањето. Ризикот од тежок облик на депресија постои дури и кај оние кои нема да ја изгубат свеста или памтењето, туку имаат само главоболки, вртоглавица и тешкотии во концентрацијата неколку дена по повредата.93,94

Сум го видел овој облик на депресија пред неколку години кај една личност со која работев. Кога тргнувала на работа, нашата управничка, како и секогаш била со позитивен и ведар дух, секогаш спремна да се избори со проблемите и со новите работни задачи, се лизнала на тенок слој на мраз на тротоарот пред нејзината куќа. Паднала и ја повредила едната страна од главата. Иако скенерот не покажал никакви видливи повреди, таа долго време потоа имала жестоки главоболки. Две седмици по падот, почнала да плаче без некаква видлива причина додека разговарала со пациентите или со другите вработени лица. Деталните прегледи покажале дека таа навистина западнала во тешка депресија. За среќа, држејќи се до програмот кој е накратко опишан во оваа книга, таа потполно се опорави во рок од девет месеци.

Повреда на главата во контактните спортови

Неодамна објавено истражување открива дека до долготрајно оштетување на мозокот може да дојде по повреда на главата која е предизвикана од потрес на мозокот. Ризикот од потрес на мозокот е особено голем кај контактните спортови како што се рагби или фудбал. Шансите рагби играчот од некој универзитетски тим да добие потрес на мозокот во текот на играта, независно дали пред или додека е во колеџ, се навистина големи – отприлика еден спрема три. Играчите кои имале два или повеќе потреси на мозокот имаат полоши резултати на тестовите за проверка на памтењето, способноста за учење и другите функции на мозокот, како и брзината на обработка на информациите.95 Спортовите кои довеле до потрес на мозокот кај некои играчи се дадени во табела 21.96

Табела 21. СПОРТОВИ ВО КОИ НАЈМНОГУ СЕ ДОЖИВУВА ТРАУМА НА МОЗОКОТ

– Одбојка 0,5%

– Хокеј 1,1%

– Бејзбол 1,2%

– Мек бејзбол 2,1%

– Кошарка (момчиња) 4,2%

– Кошарка (девојчиња) 5,2%

– Фудбал (момчиња) 5,7%

– Фудбал (девојчиња) 6,2%

– Борење 10,5%

– Рагби 63,4%

Траумата на главата која предизвикува само еден потрес на мозокот може да покрене цела низа на хемиски случувања во мозокот кои со тек на времето можат да доведат до дегенеративни промени во нервите слични на оние кои ги гледаме кај пациентите кои боледуваат од Алцхајмерова болест.97,98

Постои причина зошто мозокот од сите страни е обезбеден со цвста коскена градба, составена од лобуси – која треба да го заштити од механички повреди. Тоа значи дека треба да врземе појас секогаш кога се возиме во автомобилот и да го избереме оној вид на рекреација кој нема да биде опасен за нашиот мозок.

Медицински состојби кои го зголемуваат ризикот од депресија

Истражувањата покажуваат дека физичката болест може да биде силен фактор кој може да го поремети нашето физички здравје. Во САД 4 до 10% од луѓето од една просечна друштвена заедница ќе се соочат со депресија. Според статистичките податоци, тој процент се искачува дури на 36% за оние кои имаат било каков здравствен проблем.99 Меѓутоа во тој случај, ризикот од депресија не е ист кај сите групи. На пример младите лица, помалку образованите лица и оние со ниски примања имаат поголеми шанси да западнат во депресија кога се под стрес поради физичка болест.100

Кога ќе се појават разлики во здравствената состојба тие може да се сметаат за непроменлив ризик фактор кога е во прашање депресијата. Но, сметам дека нема никаква цел класифицирањето на здравствените проблеми на овој начин. Искрено, многу од овие здравствени проблеми можат потполно да се спречат (или барем да се одложат или да се поправат), ако човекот посветува доволно внимание на здравиот начин на живот. Всушност, тоа е основата на мојата книга „Закони на здравјето и на лекувањето“.

Секој здравствен проблем, особено ако е хроничен, може да ја промени емоционалната рамнотежа и да ја втурне личноста во депресија. Меѓутоа, некои здравствени проблеми претставуваат особено голем ризик кога е во прашање болеста депресија. Овие здравствени проблеми се прикажани во табела 22.

Табела 22. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ КОИ МОЖАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ДЕПРЕСИЈА

– Мозочен удар

– Инфаркт

– Рак и тешки болести

– СИДА

– Паркинсонова болест

– Дијабетес

– Постпородилна состојба

– Предменструален синдром

– Пореметување на сонот

– Пореметување на работата на штитната жлезда

– Пореметување на работата на адреналната жлезда

– Пореметување на работата на паратироидната жлезда

– Лупус

Ајде одблизу да разгледаме некои од овие здравствени проблеми наведени во табелата.

Мозочниот удар предизвикува депресија

Неделите изминувале, а Ен запаѓала во сè подлабока депресија. Приметила и некои други уште необјасниви симптоми кои исто така ја измачувале. На крајот откривме дека имала благи мозочни удари. Овие благи често нерегистрирани мозочни удари можат да предизвикаат депресија. Изгледа дека нормалното функционирање на одредени делови од мозокот има клучна улога во спречувањето – или лекувањето на депресијата. Еден таков дел е префронталниот кортекс на мозокот. Уште еден навистина важен дел за менталното здравје сместен е длабоко во внатрешноста на мозокот и се нарекува базална ганглија. Неодамнешните истражувања кои ги објавиле др. Дејвид Стефенс (David C. Steffens) и неговите колеги од Универзитетот Дјук (Duke University) открива дека кај депресивните лица постои поголема шанса дека на НМР ќе се видат трагови од поблаги мозочни удари на базалната ганглија.101

Кога се во прашање лицата кои имале препознатливи знаци на мозочни удари, 40% ќе бидат депресивни три до четири месеци  по мозочниот удар.102

Инфарктот го зголемува ризикот од депресија

По срцевиот удар исто така се зголемува ризикот од депресија. На пример, од 99 хоспитализирани пациенти кои патат од болест на коронарните артерии, 23% имале симптоми на тежок облик на депресија.103 Овие статистички податоци уште повеќе ни ги отвараат очите кога ќе се сетиме дека депресијата драстично го зголемува ризикот од смрт кај пациентите кои доживеале инфаркт, како што е објаснето во поглавје 2.104

Мозочните и срцевите удари се одлични примери за здравствени проблеми кои можат да се спречат. Дали со редовна контрола на крвниот притисок, со правилна исхрана или со обрнување внимание на цела низа други фактори на ризик, овие болести често можат да се спречат – или барем нивната сериозност може да се сведе на најмало можно ниво. Во книгата „Закони на здравјето и лекувањето“, детално ја опишувам оваа навистина тесна поврзаност.105

Рак и други тешки болести се поврзуваат со депресијата

Ниту малку не нè изненадува тоа што депресијата е поврзана со најтешките болести како што е ракот. Дури 42% од пацинетите кои боледуваат од рак во исто време патат и од тежок облик на депресија.106 Меѓутоа кога се во прашање најтешките болести, докторите тука секако се соочуваат со големи предизвици. Во тој случај, на докторот не му е ниту малку едноставно да одреди дали пациентот пати од депресија бидејќи самата болест може да предизвика симптоми кои спаѓаат во симптомите на депресија дури и кога пациентот всушност и не е депресивен. Пореметување на сонот, губиток на тежината, умор, промени во начинот на исхрана и често размислување за смрт можат да се јават дури и кај оние пациенти кои психички успешно се носат со својата болест. Да се сфати фактот дека таквите болни можат истовремено да патат од депресија и дека депресијата треба да се лекува, не само што во голема мера психички ќе ги растерети овие пациенти, туку може да допринесе за тоа да тие многу подобро реагираат на терапијата на лекување.107

СИДА и тежок облик на депресија

Логично е секој кој ќе заболи од СИДА (стекнат синдром на недостаток на имунитет) да стане потенцијален кандидат за тежок облик на депресија со обзир на тоа дека оваа болест со тек на време ќе го онеспособи болниот за нормално функционирање. Ниту малку не изненадува што различни истражувања покажуваат дека СИДА-та и тешкиот облик на депресија се и тоа како поврзани.108 Едно истражување открило дека пациентите кои боледуваат од СИДА имаат седум пати поголема шанса да извршат самоубиство отколку останатите граѓани.109

Факторите на стрес како што се невработеноста и нерешената тага навистина допринесуваат за појава на депресија кај пациентите кои имаат СИДА, но истражувачите кажуваат дека одредени физички аспекти на оваа болест почнуваат да оставаат свои последици. Како што болеста напредува, три вида на последици се здружуваат, и така тие стануваат фактори кои предизвикуваат тежок облик на депресија. Тие се наоѓаат во табела 23.

Основната причина за СИДА и ненадминатиот метод за спречување на оваа болест навистина се јасни, и се објаснети во мојата книга „Закони на здравјето и лекувањето“.110

Иако можеби изгледа како да лицата кои боледуваат од СИДА неминовно запаѓаат во депресија, кога психичкото пореметување ќе се препознае и ќе се лекува во голема мера се намалува неизбежната физичка и емоционална болка поврзана со оваа тешка болест. Библиското советување е секогаш значајна опција во случаите кога личноста носи некои лични одлуки кои можат да влијаат на нејзината вечна судбина.

Табела 23.ТРИ ФАКТОРИ КОИ ПРЕДИЗВИКУВААТ ДЕПРЕСИЈА КАЈ ПАЦИЕНТИ КОИ БОЛЕДУВААТ ОД СИДА

– Последиците кои ХИВ вирусот ги остава врз централниот нервен систем

– Директни последици на токсичност на самиот вирус

– Последици кои ги оставаат лековите кои се користат во лекување на оваа болест

Паркинсонова болест и депресија

Паркинсоновата болест е прогресивна болест на нервниот систем која се одликува со тресење – тремор и намалена способност за движање. Од неа боледуваат повеќе од половина милион Американци. Овие симптоми се последица на намалување на производството на допамин, многу важна хемиска супстанца во мозокот.

Истражувачите сеуште не успеале да ја одредат причината или причините за Паркинсоновата болест, но сепак напредуваат во разјаснување на причинителите за оваа болест. Некои од причините на кои се сомневаат вклучуваат: изложување на растворачи (како што се боите и лепаците) на работното место,111 чад кој се јавува при заварување,112 пестициди,113 изложување на метали на работното место,114 приони од заразено месо,115 таложење на железо во мозокот116 па дури и генетскиот склоп.117

Кога дојде на својот редовен преглед, Меги ми рече дека неодамна во неколку ситуации се чувствувала необјасниво тажно. Бидејќи отсекогаш била активен човек, сеуште строго се придржуваше до својот распоред на активности и покрај треморите предизвикани од Паркинсоновата болест. Меги учеше како да се спреви со треморот, но сакаше да научи и како да се носи со депресијата.

Скоро 50% од лицата  кои боледуваат од Паркинсоновата болест ќе западнат во тежок облик на депресија во текот на оваа долготрајна болест.118,119 Стручните лица сметаат дека депресијата се јавува како резултат на самите промени во електричната надразливост на мозокот – кои ја пратат оваа болест. Подоцна во ова поглавје ќе зборуваме за одговорот на прашањето на Меги и за тоа колку правилното пренесување на дразбите во мозокот e важно за сите нас, без разлика дали боледуваме од Паркинсонова болест, од депресија или само сакаме да го одржиме нашето ментално здравје во најдобра состојба.

Многу други болести на мозокот, вклучувајќи ги и туморите на мозокот, мултиплекс склероза, Алцхајмерова болест и инфекциите на мозокот можат исто така да предизвикаат депресија.

Дијабетес и депресија

Истражувањата покажуваат дека кај лицата кои имаат дијабетес, без разлика дали примаат инсулин или не, постои многу поголем ризик од заболување од депресија. Тој ризик може да биде и тројно поголем во однос на оние кои немаат пореметување во нивото на шеќер во крвта. За жал многу доктори не ги поврзуваат овие две болести, поради што кај дијабетичарите депресијата скоро и воопшто да не ja лекуваат.120

Породување и депресија

Истражувањата покажуваат дека веднаш по породувањето кај жените постои поголем ризик од депресија.

На некои „нови“ мајки изгледа им е непријатно да признаат дека станале депресивни по породувањето. Нападот на „бебе депресијата“ по породувањето е толку вообичаен и благ што повеќето го сметаат за нормална појава, па затоа и не му се придава многу големо внимание. Депресија на мајчинството се јавува кај 50 до 80% од мајките и се одликува со благо депресивно расположение во текот на првите две недели по породувањето.121 Бидејќи очигледно ова се јавува по нагли промени во хормоналната рамнотежа, овие напади не е потребно да се лекуваат бидејќи со тек на времето ќе поминат.

Додека изразот „бебе депресија“ е добро познат,  истото не би можело да се тврди за фактот дека мајките кои ќе западнат во таква состојба имаат поголеми шанси да доживеат посилен напад на депресија во месеците кои доаѓаат.

Таквата состојба, наречена постпородилна депресија, се смета за психијатриско пореметување кое се јавува кај отприлика 7 до 14% од возрасните жени. Таа обично се јавува помеѓу втората и десетата седмица по породувањето, но тоа може да се случи и цели две години по породувањето.122,123 Одлика на постпородилната депресија е и промена на расположението.124 Ако жената подолго време не успева да се прилагоди на новите барања на мајчинството, таквата ситуација може лошо да влијае и на неа и на бебето.125

Ако жената порано имала проблеми со предменструален синдром и ако и таа самата или некој во нејзината фамилија порано пател од депресија, особено од постпородилна депресија, таа има поголеми шанси да доживее сериозен напад на депресија по породувањето. Во повеќе од 50% од случаите, нападот на постпородилна депресија кај жените претставува нивна прва средба со тежок облик на депресија. Логично е да се посомневате дека причината се првенствено хормоналните промени, меѓутоа различните друштвени фактори и стилот на живот исто така се вбројани во факторите на ризик.

Изгледа дека во најголем број на случаи причинителите се: брачната тензија, стресорите поврзани со грижата за детето и недостатокот на силна емоционална и друштвена поддршка.126,127 Освен тоа, родителите кои посвојуваат дете исто така почесто патат од депресија во текот на периодот на прилагодување.128,129 Уште еден доказ дека психосоцијалните стресори се главни фактори кога е во прашање депресијата е тоа дека цели 26% од мајките тинејџерки патат од постпородилна депресија, што е многу повеќе отоколку во било која друга група.130

За жал, единствените опции кои на депресивните родилки им стојат на располагање се советување кај психолог и земање на лекови. Воздржување од лекови во периодот на доење, е добро и корисно, но уште повеќе го намалува бројот на опциите. Меѓутоа, постојат и многу фактори на начинот на исхрана и животот кои заедно со познатите друштвени фактори треба да го намалат ризикот од постпородилната депресија и да ја излекуваат ако до неа сепак дојде.

Мајките кои тукушто се породиле можеби нема во потполност да можат да ја избегнат бебе депресијата. Факторите на висок ризик од депресија кај овие жени се прикажани во табела 24.

Табела 24.ФАКТОРИ НА ВИСОК РИЗИК ОД ДЕПРЕСИЈА КАЈ МАЈКИ

– Поранешни случаи на ментални пореметувања во семејството

– Мајка тинејџерка

– Брачни проблеми

– Недостаток на системот за друштвена поддршка

Ако мајката која штотуку се породила е свесна за овие четири ризици наведени во табела 24 и ако се држи до програмата за лекување која накратко е опишана во наредните поглавја од оваа книга, тоа ќе ѝ помогне да се соочи со предизвиците кои и ги упатува депресијата.

Предменструален синдром (ПМС) и депресијата

За жената е многу вообичаено да биде малку депресивна или „нерасположена“ во времето кога треба да добие менструација и тоа да го смета за скоро нормално. Со векови лекарите опишувале различни симптоми поврзани со менструалниот циклус, но дури во последните дваесет години се спроведени некои истражувања за да се испитаат понекогаш онеспособувачката физичка непријатност и емоционалниот дистрес кој вообичаено се нарекуваат ПМС.

ПМС (предменструален синдром) се одликува со физички и психолошки симптоми и симптоми поврзани со однесувањето кои се толку сериозни и влијаат на меѓусебните односи и го оневозможуваат нормалното функционирање. Околу 80% од жените во својот репродуктивен период од животот може да имаат поблаги симптоми на ПМС, вклучувајќи грчеви во стомакот, надуеност, болни и осетливи дојки или депресивно расположение еден-два дена пред почетокот на менструалниот циклус. Дури 8% од жение чувствуваат симптоми на слабост за време на овулацијата, што трае околу две седмици, до првите два дена од менструацијата. Овој потежок облик на ПМС се нарекува предменструално дисфорично пореметување (ПДП).131

Додека ПМС поради својата честота претставува една навистина загрижувачка појава, ПДП уште повеќе загрижува поради своите предвидливи месечни напади на тешка депресија покрај мноштвото други потенцијално опасни симптоми. Во тие симптоми спаѓаат и постојаната загриженост, мигрена, манија (изразена хиперактивност), па дури и психоза. Дијагностицирањето и лекувањето на ПМС и ПДП е навиститна сложено затоа што приближно 50% од жените кои имаат предменструални тегоби запаѓаат всушност во една од порано воспоставена медицинаска и психијатриска состојба која во текот на менструалниот циклус сè повеќе се влошува. Тоа не вклучува само тежок облик на депресија туку и алергии, астма, булимија, напади и генитален херпес.132

Се чини дека ПМС и ПДП се поврзани со хормонски промени до кои доаѓа во текот на менструалниот циклус. Испитани се различни социјални фактори и фактори на начинот на живот кои можат да влијаат на ПМС, но никаква поврзаност не е утврдена. Ако жената порано патела од некои ментални пореметувања, особено од тежок облик на депресија, голема е можност дека ќе пати и од ПДП. Едно истражување исто така покажало дека кај жени кои порано пателе од постпородилна депресија постои поголем ризик од ПДП.132

Некои жени кажуваат дека предменструалните симптоми почнале да им се појавуваат или да им се влошуваат по породувањето, потоа откако почнале или откако престанале да земаат контрацептивни таблети или по операција во карлицата како по тубуларна (вонматерична) бременост. Не се објавени никакви истражувања со кои би се утврдило дали овие посебни варијабли навистина претставуваат фактори на ризик кога е во прашање ПМС или не. Утврдено е дека постои поголема веројатност дека адолесцентките ќе имаат ПМС ако го имале и нивните мајки.133

Иако ПМС денес најчесто се лекува со антидепресиви, се покажало дека и некои природни  начини можат благотворно да делуваат во такви ситуации. Мали количини на витамин Б6 ги ублажиле симптомите на ПМС кај некои жени.134 Некои истражувања укажуваат на позитивниот ефект на магнезиумот, витаминот Б6 и втаминот Е, но додатокот на калциум се покажа како многу поефикасен во многу случаи.135

Истражувањата покажуваат дека пореметувањето во регулацијата на калциумот кое предизвикува предменструални симптоми, може да се реши со земање 1200 мг. Калциум-карбонат на ден. Кај жени кои земале додатни количини на калциум, бројот на симптоми се намалил за скоро 50% во однос на 30% кај оние кои добивале плацебо (лажен лек).

Се зборува дека симптомите на ПМС можат да се ублажат со употреба на масло од ноќниче-натусана (evening primrose oil) и останати производи кои содржат долговерижни масни киселини. Покрај неговата популарност, истражувањата покажале дека тоа не е ништо поефикасно од плацебо.137 На некои жени им било подобро кога земале лековити билки како Cimicifugaracemosa (бенедиктански трн, eng. black cohosh), корен од дива јама, или чај од листови на малина, но не се извршени никакви истражувања кои се занимаваат со ефикасноста на овие билки.

Внимателно осмислен програм кој се заснова на правилна исхрана и физички вежби може да биде многу успешен во решавање на проблемите со ПМС. Промените на расположението можат да се ублажат и да се намалат со промена на стилот на животот.

Др. Нил Бернард (Neal D. Barnard) претседател на Лекарската комисија за одговорна медицина, со седиште во Вашингтон (Physicians’ Committee for Responsible Medicine) и отсекот за акушерство и гинекологија на Медицинскиот факултет на универзитетот во Џорџтаун (Georgetown University School of Medicine) извршиле едно истражување. Резултатите од тоа истражување се прикажани во табела 25.

Менструалните грчеви можат да предизвикаат простагландини кои се создаваат под дејство на половите хормони како што е естрогенот.

Табела 25.ПРОМЕНИ ВО ИСХРАНАТА ГИ УБЛАЖУВААТ ПРЕДМЕНСТРУАЛНИТЕ СИМПТОМИ

-Вегетаријанската исхрана сиромашна со масти ги ублажува предменструалните симптоми кои освен тоа и пократко траат.

Се покажало дека вегетаријанската исхрана сиромашна со масти (со околу 10% масти) го намалува производството на естроген, а богата е со билни влакна кои му помагаат на телото да го исфрли вишокот на естроген. Кога се создаваат помали количини на естроген, намалено е и производството на простагландини, а менструалните грчеви пократко траат и не се толку силни. Иако ваковиот начин на исхрана не се покажал делотворен кај сите жени, на многу во голема мера им ги ублажил предменструалните симптоми.138

Генерално гледано, личноста подобро ги поднесува  физичките и емоционалните болки кога е одморена и кога внела доволно течности во организмот и кога е во добра физичка кондиција. Овие факти кажуваат дека внесувањето на доволни количини на вода, доста одмор и одржување на физичка кондиција веројатно им користи на сите жени кои имаат физички тегоби и емоционално се чувствителни во предменструалниот период.

Депресија и штитната жлезда

Депресијата и намалената функција на штитната жлезда се толку поврзани што психијатрите не поставуваат дијагноза „тежок облик на депресија“ сѐ додека лекарот специјалист не каже дека штитната жлезда функционира нормално. Наспроти овој критериум на дијагностицирање, нема сомневање дека постојат илјадници на кои им е дијагностицирана депресија, а кај нив всушност е во прашање намалена работа на штитната жлезда (хипотиреоидизам).

Околу 40% од лицата кои имаат хипотиреоидизам патат и од депресија.139 Очигледно е дека нивната депресија се лекува на ист начин како и нивниот хипотиреоидизам (вообичаено тоа е орална примена на тиреоиден хормон). Секој кој е депресивен, а не знае зошто, треба да подлегне на тестови со кои се утврдува хормонскиот статус на штитната жлезда, и треба да се вклучи и анализа на крвта за вредноста на TSH.

Потполна листа на болести на внатрешните органи и нервниот систем кои можат да бидат причина за депресијата ќе најдете во Додаток VI.

Кога ќе погледнете колку болести може да предизвикаат депресија, не е ни чудно што лекарите интернисти како што сум и јас имаат толку пациенти кои патат од депресија. Всушност, добар интернист е можеби оној кој најдобро ќе ја одреди вистинската причина за депресијата, додека психијатарот може да биде тој кој најдобро може да се справи со најотпорните и најтешките случаи на депресија.

Лековите може да предизвикаат депресија

Постои долга листа на лекови кои можат да го зголемат ризикот од депресија. Иронијата е во тоа што лекот со кој се лекува физичка болест може да предизивка депресија, а и самата физичка болест може да го зголеми ризикот од депресија. Еден ризик се надоврзува на друг ризик. Можеби ви се чини дека воведувам една тешка дилема. Можеби се прашувате: „Што да правам?“ Дали да го земате лекот за намалување на крвниот притисок кој може да го зголеми ризикот од депресија? Или да го избегнувате тој лек надевајќи се дека вашиот неконтролиран притисок нема да предизвика срцев или мозочен удар кој исто така може да предизвика депресија? Можеби тоа и не делува како некоја тешка одлука – меѓу другото срцевите и мозочните удари можат да предизвикаат многу посериозни последици од депресијата. Но, што да кажеме за лекот против хронична болка во коленото? Дали олеснувањето кое го носи е вредно за зголемениот ризик од депресија?

По мое мислење, ниту една од овие прикази всушност не спаѓа во оние или/или ситуации. Накратко кажано, здравиот животен стил и другите фактори кои не вклучуваат земање на лекови – обично може да му помогнат на човек да се справи со многуте вообичаени болести. Лековите често не мораат да бидат главно средство во борбата против болеста. Дури и кога се чини дека лековите се потребни, често постои цела низа на други опции кои се исто така делотворни. Ако знам дека кај некој пациент постои многу поголем ризик од депресија отколку што е вообичаено, веројатно нема да му препишам лек кој уште повеќе ќе го зголеми ризикот од депресија.

Од друга страна ако ви е преишан лек кој може да предизивка депресија, немојте да очајувате. Вашиот лекар можеби смета дека не постои никакво друго решение, но ако обрнете посебно внимание на останатите причински фактори, за кои се зборува во ова поглавје, може да бидете во предност и да ја избегнете депресијата.

Листа на вообичаени лекови кои се поврзуваат со напади на депресија се наоѓа во табела 26.140 Ако сакате да ја видите целата листа на лекови за кои се вели дека може да предизвикаат депресија, погледнете во Додаток VII.

Табела 26. ВООБИЧАЕНИ ЛЕКОВИ КОИ СЕ ПОВРЗУВААТ СО ДЕПРЕСИЈА

  1. Лекови за срце и крвен притисок – Клонидин (Clonidine) – Диуретици од групата на тиазид – Дигиталис пр. Дигокин и Ланоксин
  2. Хормони – Контрацептивни пилули за орална употреба – Кортизон и сродни лекови – Анаболични стероиди
  3. Лекови против загриженост од семејството на Бензодијазепин (Benzodiazepine), пр. Валиум, Ативан, Ксанакс
  4. Лекови против воспалителни процеси – Вообичаени лекови кои се купуваат без рецепт и оние кои се издаваат со рецепт – NSAID (нестероидни анти-инфламаторни агенси)
  5. Анти-инфективни агенси: – „Сулфа“ антибиотици – „Етамбутол“ (лек против туберкулоза) – Интерферон

6. Лекови кои се користат кај интестинални проблеми – Лекови кои ја помагаат подвижноста на цревата, метоклопрамин („Reglan“) – Лекови против желудочна киселина/чир – „Цимедит“ („Тагамет“) – „Ранитидин“ („Zantac“)

 

Неурамнотежена електрична активност на мозокот

Изгледа дека ризикот од депресија се зголемува со делување на било кој фактор кој ја намалува електричната активност во главниот контролен центар во мозокот. Овој центар е познат и како перфронтален кортекс кој сочинува најголем дел од фронталниот лобус на мозокот. Скоро сите лица кои патат од депресија имаат и намалена електрична активност на овој витален дел од мозокот.141 Таа активност може да биде намалена за 40 до 50%, а понекогаш и повеќе.

Можеби се прашувате како може да се измери активноста на нечиј мозок. Одговорот ни го дава современата дијагностичка постапка која се нарекува PET (positrton emission tomography). Овој тест, коj популарно се нарекува PET скен, се врши со помош на опрема слична на НМР и КТ, но ни дава исклучително важни информации кои НМР и КТ не можат да ни ги дадат. НМР и КТ тестирањата ја откриваат градбата на мозокот или структурата на мозокот но не можат да ја утврдат активноста на мозокот. PET скенот ја покажува структурата на мозокот и активноста на секој поединечен дел на мозокот. PET скенирањето е современа техника со помош на која можеме да утврдиме дека кај депресивните лица во голема мера е намалена перфронталната активност.

Разговорот за активноста на фронталниот лобус секако го поставува и ова прашање:„Што е постаро, јајцето или кокошката“? Дали депресијата предизвикува неправилност во перфронталниот лобус или проблемите во активноста на перфронталниот кортекс доведуваат до развој на депресија? Истражувањата покажуваат дека има вистина и во едното и во другото тврдење. Всушност, поради важноста на оваа тема, целото 9 поглавје се занимава со овој навистина важен дел од мозокот. Во тоа поглавје, јас правам сè што е можно за да би ја зголемил функцијата на фронталниот лобус.

Помалку вообичаени причини за депресијата

Иако првенствено ставивме акцент на почестите причини за депресијата, не би можеле да ја заклучиме оваа дискусија ако не ги наведеме и некои од помалку вообичаените причини за оваа болест. На некои од овие фактори вреди да им се обрне внимание, а се наоѓаат во табела 27.

Табела 27.ПОМАЛКУ ВООБИЧАЕНИ ПРИЧИНИ ЗА ДЕПРЕСИЈА

– Синдром на „болна зграда“ (sick building)

– Причини поврзани со метаболизмот

– Инфекции: вирусот Борна, приони, грип кај доенчиња

Синдром на болна зграда

Синдромот на болна зграда вообичаено се јавува во зградите чиј вентилационен систем не се заснова на размена на свеж воздух, туку постојано циркулира еден ист воздух. Меѓутоа овој синдром може да се јави дури и кога вентилационите системи се засноваат на размена на свеж воздух. Главни виновници се штетните материи кои се таложат во воздухот и предизвикуваат физичка болест. Во тие материи спаѓаат алергени, мувла и градежни материјали кои сеуште не ги отпуштиле инертните гасови од својот состав кај новите градежни материјали. Иако синдромот на болна зграда се одликува со различни симптоми како што се иритација на очите, главоболки, проблеми со синусите, исто така може да дојде и до депресија.142 Меѓутоа депресијата може да се јави дури по еден-два месеци на секојдневно изложување на таквите услови. Правилна вентилација на зградата, изложување на ултравиолетови зраци, било во вентилационите канали или низ големите прозори, како и чистење на зградата можат да ги отстранат симптомите кои се јавуваат кај луѓето кои живеат во таа зграда.143

Инфекција и депресија

Одредени инфективни болести се поврзуваат со депресија. Некои луѓе ги сметаат овие болести како „змии во дворот“, или „отровни пајаци во гардероберот“. Она што сакам да го кажам е дека тие сметаат дека тие фактори се јавуваат многу ретко (ако не во сите, тогаш барем во повеќето случаи) и дека ако веќе се присутни никогаш не можете во потполност да ги избегнете.

Јас инфективните болести ги набљудувам од друг агол. Како прво, ние често можеме да го намалиме или во потполност да го елиминираме ризикот од изложување на одредени видови на микроби. Друго, дури и кога изложувањето на тие микроби не може да се избегне, нашиот начин на живот може во голема мера да влијае дали ние ќе подлегнеме на сериозната болест кога ќе бидеме изложени на честичките кои ја предизвикуваат болеста. Во книгата „Закони на здравјето и лекувањето“ се објаснува на кои сè начини можеме да го зајакниме имуниот систем.144 Иако многу луѓе го поврзуваат добриот имун систем само со превенција на рак, болестите од кои депресивен човек заболува треба да нè поттикнат да и депресијата ја ставиме на листата на болести кои можат да се избегнат со добар имун механизам.

Инфекција со вирусот Борна

Вирусот Борна, претставува еден од многуте вируси кои можат да се пренесат од животните на луѓето. Тој ги напаѓа домашните животни, вклучувајќи ги коњите, стоката, овците и мачките, како што е прикажано во табела 28.

Табела 28.ВИРУСОТ БОРНА

– Ги напаѓа домашните животни, вклучувајќи ги коњите, стоката, овците и мачките

– Ги напаѓа крвните мононуклеарни клетки; може долго да мирува во организмот

– Предизвикува промени во однесувањето

– Може да предизвика и тежок облик на депресија кај луѓето

Тој всушност, може да предизвика депресија и кај заразените животни. Многу ветеринари сега знаат дека промените во однесувањето кај коњите можат да укажуваат на депресија поврзана со болеста Борна.

Како што е прикажано во табела 28, вирусот Борна може да ги нападне мононуклеарните крвни клетки кај луѓето (вид на бели крвни зрнца). Кога ќе се всели во клетките, овој вирус може да мирува повеќе години. Поради таа причина, кај човекот симптомите не мора да се покажат веднаш по изложувањето на вирусот Борна. За жал, овој вирус може подоцна да се разбуди и да предизвика многу тешка депресија кај луѓето.145

Кога е во прашање овој невообичаен причинител на депресија, дијагнозата е исклучително важна. Кога ќе се открие вирусот Борна, може да се препише антивирусен агенс (амантадин) кој ќе му помогне на организмот да се избори со оваа инфекција. Човекот престанува да биде депресивен кога овој вирус ќе се отстрани од организмот.

Приони

За прионите многу се пишуваше во весниците пред скоро десет години кога овие штетни протеини се поврзуваа не само со болеста на луди крави туку и со неизлечливата човечка болест позната под името нова варијанта Кроцфелд-Јакобова болест (нвКЈБ). Луѓето можат да ја добијат оваа болест ако јадат месо од заразени крави. Првите знаци на оваа болест кај луѓето се промени во однесувањето и расположението како што е депресијата. Дијагностицирањето на оваа болест не претставува голема утеха затоа што нвКЈБ брзо напредува и човекот умира вообичаено по две години од воспоставување на дијагнозата.

Грип кај доенчиња

Допир со вирусот на грип во периодот на бременоста во голема мера го зголемува ризикот од депресија.146 Жените кои во бременоста  заболуваат од грип можат да му ја пренесат таа болест и на своето неродено дете. Таквото дете има поголеми шанси подоцна во текот на животот да заболи од депресија. Според ова, дури и пренаталното влијание може да предизвика депресија.

Заклучок

Кога ќе погледнеме што сè може да предизвика депресија, вистинско чудо е што дури и повеќе луѓе не боледуваат од ова навистина често ментално пореметување. Открив дека мозокот, во повеќето случаи е исклучително отпорен. Тој вообичаено може да се соочи со комбинација од три фактори на ризик и основна причина за депресија, а сепак и понатаму да функционира нормално – без појава на депресија. Меѓутоа кога на тоа ќе се додаде и четврти фактор, дури и најздравиот мозок често ќе подлегне на тешкиот облик на депресија.

Долгата листа на фактори кои можат да предизвикаат или да допринесат во појавата на депресија укажува на тоа колку е важно внимателно да се разгледаат повеќето причински фактори. Не мора да бидете лекар за да знаете да утврдите дали патите од депреија, како што е опишано во оваа книга. Сепак, помошта од лекар ќе ви биде потребна во следната фаза на откривање на причината за депресија и одредување на соодветен начин на лекување.

Навистина е важно да се побара стручна помош кога станува збор за депресија. Најдобро би било да се постави правилна дијагноза и да се одреди вистинскиот метод на лекување, но и внимателно да се бараат основите причини. Дијагнозата и лекувањето треба да вклучуваат еден опсежен програм кој се занимава со што е можно поголем број на овие основни причини.

Референци (користена литература)

1 Gruenberg AM, Goldstein RD. Chapter 54: Depressive Disorders. In: Psychiatry, 1st ed. (Tasman A, editor). 1997 W. B. Saunders Com-pany; P. 996.
2 Kessler RC, McConagle KA, et al. Lifetime and 12-month prevalence of DSM IIIR psychiatric disorders in the United States. Arch Gen Psy-chiatry 1994;51:8-19.
3 US Congress, Office of Technology Assessment: Adolescent Health. Washington, US Government Printing Office, 1991 (cited in Post D, Carr C, Weigand J. Teenagers: mental health and psychological issues. Prim Care 1998 Mar;25(1):181-192).
4 Emslie GE, Weinberg WA, et al. Depressive symptoms by self-report in adolescence: Phase I of the development of a questionnaire for de-pression by self-report. J Child Neurol 1990;5:114-121.
5 Rao U, Hammen C, Daley S. Continuity of depression during the transition to adulthood: a 5-year longitudinal study of young women. J Am Acad Child Adolesc Psychiatry 1999 Jul;38(7):908-915.
6 Emslie GE, Weinberg WA, et al. Depressive symptoms by self-report in adolescence: Phase I of the development of a questionnaire for de-pression by self-report. J Child Neurol 1990;5:114-121.
7 Weissman MM, Bruce ML, et al. Affective disorders. Robins LN, Regier DA (eds): Psychiatric Disorders in America. New York: Free Press, 1991:53-80.
8 Weissman MM, Bruce ML, et al. Affective disorders. Robins LN, Regier DA (eds): Psychiatric Disorders in America. New York: Free Press, 1991:53-80.
9 Depression Guideline Panel: Depression in Primary Care, Volume 1, Detection and Diagnosis. Clinical Practice Guideline, Number 5. Rockville, MD: U.S. Department of Health and Human Services, Agency for Health Care Policy and Research, 1993. AHCPR publica-tion 93-0550.
10 Weissman MM, Bland RC, et al. Cross-national epi- demiology of major depression and bipolar disorder. JAMA 1996;276:293.
11 Weissman MM, Wolk S, et al, Depressed adolescents grown up. JAMA 1999 May 12;281(18):1707-1713.
12 Warner V, Weissman MM, et al. Grandparents, parents, and grand-children at high risk for depression: a three- generation study. J Am Acad Child Adolesc Psychiatry 1999 Mar;38(3):289-296.
13 Weissman MM, Kidd KK, Prusoff BA: Variability in rates of affec-tive disorders in relatives of depressed and nor- mal probands. Arch Gen Psychiatry 1982;39:1397.
14 Biederman J, et al. Patterns of psychopathology and dysfunction in high-risk children of parents with panic dis- order and major depression. Am J Psychiatry 2001;158:49-57.
15 Smith KA. Relapse of depression after rapid depletion of tryptophan. Lancet 1997 Mar 29;349(9056):915-919.
17 Hibbeln JR. Fish consumption and major depression. Lancet 1998 Apr 18;351(9110):1213.
18 Hibbeln JR, Umhau JC, et al. Do plasma polyunsatu- rates predict hostility and depression? World Rev Nutr Diet 1997;82:175-186.
19 Fava M, Borus JS, et al. Folate, vitamin B 12 , and homocysteine in major depressive disorder. Am J Psychiatry 1997 Mar;154(3):426-428.
20 Snowdon DA, Tully CL, et al. Serum folate and the severity of atrophy of the neocortex in Alzheimer disease: findings from the Nun study. Am J Clin Nutr 2000 Apr;71(4):993-998.
21 Penninx BW, Guralnik JM, et al. Vitamin B 12 deficien- cy and depression in physically disabled older women: epidemiologic evidence from the Women’s Health and Aging Study. Am J Psychiatry 2000 May;157(5):715-721.
22 Coppen A, Bailey J. Enhancement of the antidepres- sant action of fluoxetine by folic acid: a randomised, placebo controlled trial. J Affect Disord 2000 Nov;60(2):121-130.
23 Bottiglieri T, Laundy M, et al. Homocysteine, folate, methylation, and monoamine metabolism in depression. J Neurol Neurosurg Psychia-try 2000 Aug; 69(2):228-232.
24 Hayward C, Killen JD, et al. Psychiatric risk associated with early puberty in adolescent girls. J Am Acad Child Adolesc Psychiatry 1997 Feb;36(2):255-262.
25 Herman-Giddens ME, Slora EJ, et al. Secondary sexu- al characteristics and menses in young girls seen in office practice: a study from the Pediatric Research in Office Settings network. Pediatrics 1997 Apr;99(4):505-512.
26 Berkey CS. Relation of childhood diet and body size to menarche and adolescent growth in girls. Am J Epidemiol 2000;152:446-452.
27 Azzena A, Zen T, et al. Risk factors for breast cancer. Case-control study results. Eur J Gynaecol Oncol 1994;15(5):386-392.
28 Campbell TC. Muscling out the meat myth. New Century Nutrition 1996 Jul;2(7):1-2.
29 Lucca A. Neutral amino acid availability in two major psychiatric disorders. Prog Neuropsychopharmacol Biol Psychiatry 1995 Jul;9(4):615-626.
30 Lucca A. Plasma tryptophan levels and plasma trypto- phan/neutral amino acids ratio in patients with mood dis- order, patients with obsessive-compulsive disorder, and normal subjects. Psychiatry Res 1992 Nov;44(2):85-91.
31 Armstrong B, Doll R. Environmental factors and cancer incidence and mortality in different countries, with special reference to dietary practices. Int J Cancer 1975 Apr 15;15(4):617-631.
32 Nedley N. Proof Positive: How to Reliably Combat Disease and Achieve Optimal Health through Nutrition and Lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1999 p. 147.
33 Christensen L, Somers S. Adequacy of the dietary intake of depressed individuals. J Am Coll Nutr 1994 Dec;13(6):597-600.
34 Trimble MR. The role of toxins in disorders of mood and affect. Neurol Clin 2000 Aug;18(3):649-664.
35 White RF, Feldman RG, Proctor SP. Behavioral Syndromes in Neurotoxicology in Fogel BS, Schiffer RB, Rao SM (eds): Neuropsy-chiatry. Baltimore, Williams and Wilkins, 1996, pp. 959-969.
36 Baker EL, Feldman RG, et al. Occupational lead neuro- toxicity: A behavioral and electrophysiological evaluation. Study design and one year results. Br J Indust Med 1984;41:352-361.
37 Baker EL, White RF, et al. Occupational lead neurotox- icity: Im-provement in behavioral effects following expo- sure reduction. Br J Indust Med 1985;42:507-516.
38 Needleman HL. The neurobehavioral consequences of low lead ex-posure in childhood. Neurobehav Toxicol Teratol 1982;4:729-732.
39 Adler R, Moore C. Herbal vitamins: lead toxicity and developmental delay. Pediatrics 2000 Sep;106(3):600- 602.
40 Ross EA. Lead content of calcium supplements. JAMA 2000 Sep 20;284(11):1425-1429.
41 Lucas SR, Sexton M, et al. Relationship between blood lead and nutritional factors in preschool children: a cross- sectional study. Pedi-atrics 1996 Jan;97(1):74-78.
42 Ambrose TM, Al-Lozi M, Scott MG. Bone lead concen- trations assessed by in-vivo X-ray fluorescence. Clin Chem 2000 Aug; 46(8 Pt 1):1171-1178.
43 Schwartz B. Associations of Blood Lead, Dimercaptosuccinic Acid-Chelatable Lead, and Tibia Lead with Polymorphisms in the Vitamin D Receptor and Aminolevulinic Acid Dehydratase Genes. Environ-mental Health Perspectives 2000 Oct;108(10):949-954.
44 Hanninen H: The behavioral effects of occupational exposure to mercury and lead. Acta Neurol Scand 66(suppl 92):167-175, 1982.
45 Lishman WA: Organic Psychiatry, 3rd ed. Blackwell Scientific as quoted by Trimble MR, In: The role of toxins in disorders of mood and affect. Neurol Clin 2000 Aug;18(3):649-664.
46 Adler R, Moore C. Herbal vitamins: lead toxicity and developmental delay. Pediatrics 2000 Sep;106(3):600- 602.
47 McRill C, Boyer LV, et al. Mercury toxicity due to use of a cosmetic cream. J Occup Environ Med 2000 Jan;42(1): 4-7.
48 Summary of the joint statement on thimerosal in vac- cines. American Academy of Family Physicians, American Academy of Pediatrics, Advisory Committee on Immunization Practices, Public Health Ser-vice. MMWR Morb Mortal Wkly Rep 2000 Jul 14;49(27):622,631.
49 Egeland GM, Middaugh JP. Balancing fish consumption benefits with mercury exposure. Science 1997 Dec 12;278(5345):1904-1905.
50 Sorensen N, Murata K, et al. Prenatal methylmercury exposure as a cardiovascular risk factor at seven years of age. Epidemiol 1999;10:370-375.
51 Nierenberg DW, Nordgren RE, et al. Delayed cerebel- lar disease and death after accidental exposure to dimethylmercury. N Eng J Med 1998;338(23):1672-1676.
52 Kulig K. A tragic reminder about organic mercury. N Eng J Med 1998;338(23):1692-1693.
53 Trimble MR. The role of toxins in disorders of mood and affect. Neurol Clin 2000 Aug;18(3):649-664.
54 Gorell JM, Johnson CC. Occupational exposures to metals as risk factors for Parkinson’s disease. Neurol 1997 Mar;48(3):650-658.
55 Trimble MR. The role of toxins in disorders of mood and affect. Neurol Clin 2000 Aug;18(3):649-664.
56 Trimble MR. The role of toxins in disorders of mood and affect. Neurol Clin 2000 Aug;18(3):649-664.
57 Hartmann DE: Neuropsychological Toxicology: Identification and assessment of human neurotoxic syn- dromes. New York, Plenum Press, 1995, pp. 79-148. As quoted by Trimble MR, In: The role of toxins in disorders of mood and affect. Neurol Clin 2000 Aug;18(3):649-664.
58 Trimble MR. The role of toxins in disorders of mood and affect. Neurol Clin 2000 Aug;18(3):649-664.
59 Trimble MR. The role of toxins in disorders of mood and affect. Neurol Clin 2000 Aug;18(3):649-664.
60 Kendler KS, Kessler RC, et al. The prediction of major depression in women: Toward an integrated etiologic model. Am J Psychiatry 1993;150:1139-1147.
61 Minkler M, Fuller-Thomson E. The health of grandpar- ents raising grandchildren: results of a national study. Am J Public Health 1999 Sep;89(9):1384-1389.
62 Cheasty M. Relation between sexual abuse in child- hood and adult depression: case-control study. BMJ 1998 Jan 17;316(7126):198-201.
63 Harlow HF, Harlow MK. Social deprivation in monkeys. Sci Am 1962;207:136-146.
64 Peirce RS, Frone MR, et al. A longitudinal model of social contact, social support, depression, and alcohol use. Health Psychol 2000 Jan;19(1):28-38.
65 Sullivan HS. The Interpersonal Theory of Psychiatry. New York: Norton, 1953.
66 Lewinsohn PM. A behavioral approach to depression. In: Friedman RJ, Katz MM (eds): The Psychology of Depression: Contemporary Theory and Research. New York: John Wiley & Sons, 1974 p. 157-178.
67 Klerman GL, Weissman MM, et al. Interpersonal Psychotherapy of Depression. New York: Basic Books, 1984.
68 Post RM. Transduction of psychosocial stress into the neurobiology of recurrent affective disorder. Am J Psychiatry 1992;149:999-1010.
69 Kendler KS, Kessler RC, et al. The prediction of major depression in women: Toward an integrated etiologic model. Am J Psychiatry 1993;150:1139-1147.
70 Mausner-Dorsch H, Eaton WW. Psychosocial Work Environment and Depression: Epidemiologic Assessment of the Demand-Control Model. Am J Pub Health 2000;90(11):1765-1770.
71 Genesis 2:18. The Holy Bible. New American Standard Version.
72 Hemfelt R, Minirth F, Meier P. Love Is A Choice, copy- right 1989, Thomas Nelson Publishers, Nashville, TN, p. 13.
73 Fuller JA. Family stressors as predictors of codepen- dency. Genet Soc Gen Psychol Monogr, 2000 Feb;126(1): 5-22.
74 Hemfelt R, Minirth F, Meier P. Love Is A Choice, copy- right 1989, Thomas Nelson Publishers, Nashville, TN, p. 13.
75 Lindley NR. Codependency: predictors and psychome- tric issues. J Clin Psychol, 1999 Jan;55(1):59-64.
76 Martsolf DS. Codependency and related health vari- ables. Arch Psychiatr Nurs, 2000 Jun;14(3):150-158.
77 Scientific American Medicine May 2000
78 Milani RV, Lavie CJ, Cassidy MM. Effects of cardiac rehabilitation and exercise training programs on depres- sion in patients after major coronary events. Am Heart J 1996;132(4):726-732.
79 Frasure-Smith N, Lesperance F, Talajic M. Depression following myocardial infarction. JAMA 1993;270:1819- 1825.
80 Czeisler CA: Human circadian physiology: Internal organization of temperature, sleep-wake and neuroen- docrine rhythms monitored in an environment free of time cues (dissertation). Stanford, CA, Stanford University, 1978.
81 Harrington JM. Shift work and health: A critical review of the literature on working hours. Ann Acad Med Singapore 1994 Sep;23(5):699-705.
82 Boivin DB, Czeisler CA, et al. Complex interaction of the sleep-wake cycle and circadian phase modulates mood in healthy subjects. Arch Gen Psychiatry 1997 Feb;54(2):145-152.
83 Riemann D, Hohagen F. Advanced vs. normal sleep timing: effects on depressed mood after response to sleep deprivation in patients with a major depressive dis- order. J Affect Disord 1996 Apr 12;37(2-3):121-128.
84 Faedda GL, Tondo L, et al. Seasonal mood disorders: patterns of seasonal recurrence in mania and depression. Arch Gen Psychiatry 1993;50:17.
85 Lam RW, Gorman CP, et al. Multicenter, placebo-con- trolled study of fluoxetine in seasonal affective disorder. Am J Psychiatry 1995;152:1765.
86 Terman M, Terman JS, Ross DC. A controlled trial of timed bright light and negative air ionization for treatment of winter depression. Arch Gen Psychiatry 1998;55:875.
87 Breslau N, Peterson EL, et al. Major depression and stages of smoking. A longitudinal investigation. Arch Gen Psychiatry 1998 Feb;55(2):161-166.
88 Brown RA, Lewinsohn PM, et al. Cigarette smoking, major depression, and other psychiatric disorders among adolescents. J Am Acad Child Adolesc Psychiatry 1996 Dec;35(12):1602-1610.
89 Harlow BL, Cohen LS, et al. Prevalence and predictors of depressive symptoms in older premenopausal women: the Harvard Study of Moods and Cycles. Arch Gen Psychiatry 1999 May;56(5):418-424.
90 Jacobsen BK, Hansen V. Caffeine and health. BMJ (Clinical Res Ed) 1988 Jan 23;296(6617)291.
91 Physician’s Desk Reference, 55th edition. Montvale, NJ: Medical Economics Company, Inc., 2001, p. 2721.
92 Gruenberg AM, Goldstein RD. Chapter 54: Depressive Disorders. In: Psychiatry, 1st ed. (Tasman A, editor). 1997 W. B. Saunders Com-pany; p. 994.
93 Binder LM. Persisting symptoms after mild head injury: A review of the post concussive syndrome. J Clin Exp Neuropsychol 1988;8:323.
94 Evans RW. The post concussion syndrome and the sequelae of mild head injury. Neurol Clin 1992;10:815.
95 Collins MW, Grindel SH, et al. Relationship between concussion and neuropsychological performance in col- lege football players. JAMA 1999 Sep 8;282(10):964-970.
96 Powell J, Barber-Foss K. Traumatic brain injury in high school athletes. JAMA 1999 Sep 8;282(10):958-963.
97 DH Smith, Chen X-H, et al. Accumulation of amyloid B and tau and the formation of neurofilament inclusions fol- lowing diffuse brain injury in the pig. J Neuropathol Experim Neurol 1999;58(9):982-992.
98 Plassman BL, Harlik RJ, et al. Documented head injury in early adulthood and risk of Alzheimer’s disease and other dementias. Neurol 2000 Oct;55(8):1158-1166.
99 Depression Guideline Panel: Depression in Primary Care, Volume 1, Detection and Diagnosis. Clinical Practice Guideline, Number 5. Rockville, MD: U.S. Department of Health and Human Services, Agency for Health Care Policy and Research, 1993. AHCPR publica-tion 93-0550.
100 Kessler RC, McGonagle KA, et al. Lifetime and 12- month prevalence of DSM-III-R psychiatric disorders in the United States. Arch Gen Psychiatry 1994;51:8-19.
101 Steffens DC, Helms MJ, et al. Cerebrovascular disease and depression symptoms in the cardiovascular health study. Stroke 1999 Oct;30(10):2159-2166.
102 Pohjasvaara T, Leppavuori A, et al. Frequency and Clinical Determinants of Poststroke Depression (Helsinki Univ Central Hosp; Univ of Helsinki). Stroke 1998;29: 2311-2317.
103 Gonzalez MB, Snyderman TB, et al. Depression in patients with coronary artery disease. Depression 1996;4(2):57-62.
104 Frasure-Smith N, Lesperance F, et al. Gender, depres- sion, and one-year prognosis after myocardial infarction. Psychosom Med 1999;61:26.
105 Nedley N, Chapter 3 through Chapter 6, Chapter 16 In: Proof Posi-tive: How to Reliably Combat Disease and Achieve Optimal Health through Nutrition and Lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1999.
106 Hyman SE, Rudorfer MV. Depressive and Bipolar Mood Disorders; Depression in the Medically Ill. Scientific American May 2000.
107 Hyman SE, Rudorfer MV. Depressive and Bipolar Mood Disorders; Depression in the Medically Ill. Scientific American May 2000.
108 Singer EJ. Headache in ambulatory HIV-1-infected men enrolled in a longitudinal study. Neurol 1996 Aug; 47(2): 487-494.
109 Cote TR, Biggar RJ, Dannenberg AL. Risk of suicide among persons with AIDS. A national assessment. JAMA 1992 Oct 21;268(15):2066-2068.
110 Nedley N, Proof Positive: How to Reliably Combat Disease and Achieve Optimal Health through Nutrition and Lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1999 p. 347-368.
111 Pezzoli G. Hydrocarbon exposure and Parkinson’s dis- ease. Neurology 2000 Sep 12;55(5):667-673.
112 Racette, BA, et al. Welding-related parkinsonism: Clinical features, treatment, and pathophysiology. Neurology 2001 Jan 9;56(1):8-13.
113 Betarbet R, et al. Chronic systemic pesticide exposure reproduces features of Parkinson’s disease. Nat Neurosci 2000 Dec;3(12):1301-1306.
114 Gorell JM, et al. Occupational exposures to metals as risk factors for Parkinson’s disease. Neurology 1997 Mar;48(3):650-658.
115 Prusiner S, Nobel Prize winner addressing the annual meeting of the American Neurological Association.
116 LaVaute T, Smith S, et al. Targeted deletion of the gene encoding iron regulatory protein-2 causes misregu- lation of iron metabolism and neurodegenerative disease in mice. Nature Genetics 2001;27(2):209-214.
117 Sveinbjornsdottir, S, et al. Familial aggregation of parkinson’s disease in Iceland. N Engl J Med 2000 Dec 14;343(24):1765-1770.
118 Gruenberg AM, Goldstein RD. Chapter 54: Depressive Disorders. In: Psychiatry, 1st ed. (Tasman A, editor). W. B. Saunders Company, 1997 p. 993.
119 Cummings JL. Depression and Parkinson’s disease: a review. Am J Psychiatry 1992;149:443-454.
120 Sclar DA, Robison LM, et al. Depression in diabetes mellitus: a national survey of office-based encounters, 1990-1995. Diabetes Educ 1999 May-Jun;25(3): 331,332, 335,340.
121 Stowe AN. Women at risk for postpartum-onset major depression. Am J Obstet Gynecol 1995 Aug;173(2):639- 645.
122 Kendell RE, Chalmers JD, Platz C. Epidemiology of puerperal purposes. Br J Psychiatry 1987;150:662-673.
123 Pop VJ. Prevalence of postpartum depression—or is it post-puerpe-rium depression? Acta Obstet Gynecol Scand 1993 Jul;72(5):354-358.
124 Stowe AN. Women at risk for postpartum-onset major depression. Am J Obstet Gynecol 1995 Aug;173(2):639- 645.
125 Stowe AN. Women at risk for postpartum-onset major depression. Am J Obstet Gynecol 1995 Aug;173(2):639- 645.
126 Stern G. Multi-disciplinary perspectives on postpar- tum depression: an anthropological critique. Soc Sci Med 1983;17(15):1027-1041.
127 Rees WD, Lutkins SG. Parental depression before and after child-birth: An assessment with the Beck Depression Inventory. J R Coll Gen Practice 1971;21:26-31.
128 Stowe AN. Women at risk for postpartum-onset major depression. Am J Obstet Gynecol 1995 Aug;173(2):639- 645.
129 Pearlstein TB. Symposium–Women and Depression: Who is at risk? Am J Obstet Gynecol 1995 Aug;173(2):646-653.
130 Pearlstein TB. Symposium–Women and Depression: Who is at risk? Am J Obstet Gynecol 1995 Aug;173(2): 646-653.
131 Pearlstein TB, Frank E, et al. Prevalence of axis I and axis II disorders in women with late luteal phase dys- phoric disorder. J Affective Disord 1990;20:129-134.
132 Pearlstein TB. Symposium–Women and Depression: Who is at risk? Am J Obstet Gynecol 1995 Aug;173(2):646-653.
133 Wilson CA, Turner CW, Keye WR Jr. Firstborn adoles- cent daughters and mothers with and without premen- strual syndrome: a comparison. J Adolesc Health 1991; 12: 130-137.
134 Wyatt KM. Efficacy of vitamin B-6 in the treatment of pre-menstrual syndrome: systematic review. Br Med J 1999 May 22;318(7195):1375-1381.
135 Bendich A. The potential for dietary supplements to reduce pre-menstrual syndrome (PMS) symptoms. J Am Coll Nutr 2000 Feb;19(1):3-12.
136 Thys-Jacobs S. Calcium carbonate and the premen- strual syndrome: effects on premenstrual and menstrual symptoms. Am J Obstet Gynecol 1998 Aug;179(2)444- 452.
137 Bendich A. The potential for dietary supplements to reduce pre-menstrual syndrome (PMS) symptoms. J Am Coll Nutr 2000 Feb;19(1):3-12.
138 Barnard ND. Diet and sex-hormone binding globulin, dysmenorrhea, and premenstrual symptoms. Obstet Gynecol 2000 Feb;95(2):245-250.
139 Leigh H, Kramer SI. The psychiatric manifestation of endocrine disorders. Adv Intern Med 1984;29:413-445.
140 Gruenberg AM, Goldstein RD. Chapter 54: Depressive Disorders. In: Psychiatry, 1st ed. (Tasman A, editor). W. B. Saunders Company, 1997 p. 994.
141 Cummings JL. Frontal-subcortical circuits and human behavior. Arch Neurol 1993 Aug;50(8):873-880.
142 Burbeau J, Brisson C, Allaire S. Pevalence of the sick building syndrome symptoms in office workers before and six months and three years after being exposed to a building with an improved ventilation system. Occup Environ Med 1997 Jan;54(1):49-53.
143 Menzies D, Pasztor J, et al. Germicidal ultraviolet irra- diation in air conditioning systems: effect on office work- er health and wellbeing: a pilot study. Occup Environ Med 1999 Jun;56(6):397-402.
144 Nedley N. Proof Positive: How to Reliably Combat Disease and Achieve Optimal Health through Nutrition and Lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1999 p. 33,34,226,243,250,251,383,540,542.
145 Chen CH. High seroprevalence of Borna virus infec- tion in schizophrenic patients, family members and men- tal health workers in Taiwan. Mol Psych 1999 Jan;4(1):33- 38.
146 Machon RA, Mednick SA, Huttunen MO. Adult major affective disorder after prenatal exposure to an influenza epidemic. Arch Gen Psych 1997 Apr;54(4):322-328.

Pin It on Pinterest