ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: На полноќ на 12 март 1928 година, се случила една од најлошите катастрофи во калифорниската историја: браната Св. Франциска се скршила. 36 милијарди литри вода го преплавила Кањонот Сан Франциско, убивајќи стотици по својот пат.

Јавно познатиот број на жртви бил 450 мртви, но вистинскиот број бил значително поголем, бидејќи Кањонот Сан Франциско бил дом на стотици привремени работници од фарми кои никогаш не биле избројани. Ова, најверојатно, би придонело бројот на загинати да бидат повисок од бројот на загинати во познатиот земјотрес во Сан Франциско во 1906 година.

Браната се скршила нешто помалку од две години по нејзиното завршување. Повеќе од 900 згради и 13 милиони долари во имот биле уништени во последиците од поплавите. Но, најголемата трагедија на оваа катастрофа било тоа што никој не требало да загине!

Имало доволно време за предупредување утрото кога се скршила. Еден работник на браната видел вода која протекува низ ѕидот на браната. Тој го предупредил својот шеф Вилијам Малхоланд за оваа опасност. По гледањето на браната, Малхоланд, кој исто така ја дизајнирал структурата, одлучил дека нема причина за загриженост. Но таа ноќ, браната се скршила, испраќајќи ѕид од вода висок како 140 метри по кањонот преку Саугус, Филмор, Санта Пола и, конечно, Тихиот Океан. Таа поминала 86 километри за 5 и пол часа, уништувајќи сè на својот пат.

Уште една катастрофа се заканувала над градот Ниневија. Бог го повикал Јона за да ги предупреди луѓето, но неподготвениот пророк тргнал по другата насока. Преку некој невообичаен пресврт на настаните, Јона конечно ја извршил својата должност и спасил голем град на луѓе кои можеле да загинат.

Ние, исто така, добивме порака за предупредување која треба да му ја дадеме на светот. Може да се најде во Откровение 14-та глава. Дали ќе ги игнорираме предупредувачките знаци? Ќе трчаме како Јона или ќе одговориме како Мулхолланд, велејќи: „Нема причина за загриженост“? Ајде да бидеме трезвени и одговорни, и да го извршиме својот дел, да им го јавиме вечното Евангелие на народите за секоја душа да биде подговтвена за Божјиот суд и второто Христово доаѓање.  

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ, и зборуваше со силен глас: ‘Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.’“ (Откровение 14:6.7; Библија)

Pin It on Pinterest