ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Дали знаете зошто берберниците имаат црвена, сина и бела спирала во своите дуќани? Тоа не е од патриотски корени. Во текот на средниот век, стоматологијата во Европа била спроведувана од „бербер-хирурзи“. Овие „професионалци“ од заедницата им служеле на граѓаните, извршувајќи широк спектар на услуги: сечење на косата, вадење на заби и пролевање на крв.

Стотици години, лекарите верувале дека кога луѓето имаат треска тоа е затоа што имаат премногу крв. Поради тоа ги „лечеле“ со пролевање на крв. Понекогаш лесното крварење било постигнато со примена на пијавици! За поинтензивно крварење, пациентот држел врв на керамички столб со раката, додека лекарот направил засек во рачниот зглоб, дозволувајќи и на крвта да го исцеди столбот, каде што го мереле во слив. Лекарите ја испитувале бојата и квалитетот на крвта, како што тече низ спиралниот столб во басенот. Причината за двете бои на столбот е затоа што вените обично се сини а артериите се црвени.

Постепено, стоматологијата и операцијата биле преземени од страна на специјалисти, а берберот останал со ножици и чешел. Но спиралниот столб и понатаму опстојува. Тоа нѐ тера да се згрозиме кога мислиме на луѓето што некогаш верувале дека таквото пролевање на крв ќе донесе исцелување!

Сепак, Јован пишува: „Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина. Зашто Тројца се, Кои сведочат (на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно. И Тројца се, Кои сведочат на земјата:) духот, водата и крвта; и тие три се во едно.“ (1 Јован 5:6-8; Библија).

Некои ученици од Библијата веруваат дека водата го симболизира почетокот на Христовата служба со крштевањето во Јордан и дека крвта го симболизира Неговото последно дело на крстот на Голгота. Крвта на Христос, дефинитивно донела лекување и прошка кон нашиот свет. Само поради Христовата скапоцена крв можеме да имаме вечен живот. Христовата крв сведочи. Запомнете го ова следниот пат кога ќе го видите берберскиот столб.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: ‘Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите.’“ (Матеј 26:27.28; Библија)

Pin It on Pinterest