Кофеинот е еден од најчесто употребуваните стимулирачки средства во светот. Се користи во различни форми, најчесто како кафе или чај. Овие пијалоци се употребуваат во многу општества и култури. Луѓето во Азија консумираат кофеин во форма на чај, а во САД, Европа и Средниот Исток, се користи и чај и кафе. Кофеинот исто така се консумира и во форма на безалкохолни пијалоци кои содржат кофеин – кола пијалоците и многу други. Кофеинот се користи во експресо, лате, капучино и уште во многу други форми на пијалоци. Оваа индустрија заработува околу 18 милијарди долари годишно, само во САД.
Просечен корисник на кафе, консумира околу 3 ½ чаши кафе на ден, со зголемување на количината од ½ чаша годишно. Постојат 113 милиони лица кои пијат кафе во Америка.
Постојат два главни типа на кофеински растенија а тоа се: Robusta и Arabica. Растението Robusta, содржи два пати повеќе кофеин од растението Arabica, и е помалку вкусно од него и потешко, па често се користи за правење на инстант кафе или се користи во мешавини кои се поефтини. Кофеинот му служи на растението како природна заштита од инсекти.
Количеството на кофеин во една шолја значително варира. Обично кафе од апарат за кафе содржи околу 50-90мг на кофеин во 180мл кафе. Безкофеинското кафе обично содржи не повеќе од 5мг кофеин на шолја.
Отстранувањето на кофеинот од кафето обично води до отстранување и на поголемиот дел од аромата и вкусот. Со цел да се отстрани кофеинот, непечените зрна кафе се третираат со растворувач, најчесто хемиски добиен како што е – метилен хлорид или атил ацетат или во течен јаглерод диоксид или во вода. Овие хемикалии кои се користат за отстранување на кофеинот скоро целосно се губат во текот на печењето на кафето, но ова не значи дека кафето без кофеин е безбедно за пиење.
Кофеинот примарно има ефект на мозокот, како стимуланс, но влијае и на други органски системи во нашето тело. Во една струдија за срце во Tromso, Scandinavia, истражувачите испитувале 143,000 лица и пронашле значителен пораст на депресијата и потешкотии за справување со проблеми, кај жени кои пијат повеќе од 9 чаши на кафе дневно. Зошто истиот ефект не е пронајден и кај мажите, засега не е познато. Постојана употреба на кофеин води до појава на зависност од кофеин. Ова е една од причините, поради која лицата кои имаат навика денот да го почнат со шолја кафе или чај, имаат потешкотии при почнување на денот без утринското кафе или чај. Кога ќе престанат со користење на својот кофеински пијалок, тие често искусуваат симптоми на апстиненција како главоболка и умор.
Кофеинот може да го зголеми ризикот од рак на бубрезите, дојката, панкреасот, јајниците, мочниот меур, и дебелото црево. Теоброминот исто така се содржи во чајот и кафето и може да го дуплира ризикот од рак на простатата. Една шолја на кафе дневно, или безалкохолен пијалок со иста количина на кофеин, може да го покачи крвниот притисок за 5-6 бројки. Ако кофеинот се консумира пред или за време на вежбање, го забрзува срцевото отчукување повеќе отколку што би се забрзало само со вежбање.
Најдобриот совет и најдобрата пракса што можете да ја примените е целосно да избегнувате пијалоци кои содржат кофеин, за да имате добро здравје и да го намалите ризикот од сериозни заболувања.