МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(24 – 31 мај: Во здраво тело здрав дух)

„Оние кои го љубат Твојот Закон уживаат голем мир и не се сопнуваат на ништо.“ (Псалм 119:165; Библија)

Кога човекот во својата душа и свест е слободен и среќен, бидејќи е свесен дека прави добро и наоѓа задоволство во тоа што ги усреќува другите, тоа создава расположение коешто делува на целиот организам, го ослободува крвотокот и го јакне целото тело. Божјиот благослов е вистинска исцелителска моќ. Оние коишто изобилуваат со добри дела во корист на другите ќе го почувствуваат тој чудесен благослов, и во срцето, и во животот. Вистинските начела на христијанството на сите оние коишто ги примаат им отвораат извор на непроценлива среќа. Верата е непресушен извор на којшто Христијаните можат постојано да се напојуваат.

Оние коишто одат по патот на мудроста и светоста увидуваат дека „побожноста е полезна за сè, зашто има ветување за сегашниот и идниот живот“. (1-во Тимотеј 4:8; Библија) Тие доживуваат вистинска радост и среќа во животот, нив нема да ги мачи грижата на совест поради лудо и погрешно поминатите часови, ниту ќе ги вознемируваат страшни мисли, затоа што не се оддавале на суетните и бесполезните задоволства и забави.

Забавите и задоволствата го возбудуваат умот, но неизбежно доведуваат до депресија. Корисната работа и физичкото движење ќе влијае многу поздраво на умот и на јакнењето на мускулите, ќе ја поправи циркулацијата на крвта и ќе се покаже како моќно средство во обновување на здравјето.

Свеста за тоа дека сме направиле добро претставува најдобар лек против болестите на телото и душата. Посебниот благослов што го примаме од Бога во таквиот случај е благословот на здравје и сила.

Да правиш добро, значи да служиш на благослов, и на себе, и на другите. Ако во грижата и интересирањето за другите заборавете на себе, задобивате победа над своите слабости. Задоволството што го чувствувате правејќи добро, ќе ви помогне постепено да ги победите и нездравите склоности на својата фантазија. Тоа ги освежува мислите, го подига духот и се чувствува како да струи по целото тело.

Личноста чијшто ум наоѓа мир и задоволство во Бога е на сигурен пат да оздрави.

Pin It on Pinterest