МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(24 – 31 мај: Во здраво тело здрав дух)

„Зашто Бог не ни даде дух на страшливост, туку дух на сила, љубов и себевладеење.“ (2 Тимотеј 1:7; Библија)

Секој орган на човечкото тело е создаден да му служи на умот. Мозокот, како престол во телото, претставува центар на сите командни уреди во целокупниот нервен систем и на секаквите умни дејности. Нервите, поаѓајќи од мозокот, го контролираат целото тело. Впечатоците од мозокот преку мозочните нерви, се пренесуваат во сите делови на телото и ги контролираат сите витални активности во сите делови на организмот. Со сите органи за движење управуваат команди примени од мозокот.

Мозочните нерви коишто командите од мозокот ги пренесуваат низ целиот организам се единствениот посредник преку кои небото одржува врска со човекот и преку кои влијае на неговиот внатрешен живот. Сѐ што го вознемирува и попречува текот на електричните струења во нервниот систем ја намалува силата на виталните сили и ја умртвува чувствителноста на умот.

Ако на било кој дел од човековиот организам не му се посвети потребното внимание, мозокот автоматски, како телеграф, известува за таквата состојба.

Не само привилегија, туку и света должност, на секој христијанин е да ги запознае законите коишто Бог ги воспоставил во неговото суштество. И сите оние коишто навистина во потполност ќе ги сфатат и ќе се запознаат со законитостите на човековото тело ќе тежнеат своето тело да им го потчинат на благородните сили на умот. Тие своето тело ќе го сметаат за чудесна структура којашто ја создал Семоќниот Проектант (Семоќниот Бог), и ним им дал за задача таа харфа со илјадници жици да ја одржуваат во складно функционирање.

За својот христијански живот да го направиме успешен, развојот на здрав ум и здраво тело е од најголема важност.

Складната и здрава активност на сите сили на телото и на умот донесуваат среќа, а колку што тие сили повеќе се облагородат и духовно воздигнат, толку почиста и понепоматена ќе биде среќата.

Pin It on Pinterest