ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Старите египќани верувале дека богот на сонцето Ра секојдневно патувал низ небото во чамецот на „Милиони години“. Во текот на ноќта, било кажано дека Ра патувал во вечерниот брод низ подземјето. Секоја вечер, Ра се борел со змијата Апеп. Ако Ра бил успешен, тој се преродувал во изгрејсонце. Со цел да се одржи изгревањето на сонцето секое утро, египетските свештеници извршувале сложени ритуали за да му помогнат на Ра да ја победи змијата секоја вечер.

За египќаните, дури и она што е редовно, како што сонцето изгрева секое утро, било полно со неизвесност. Без соодветни ритуали, Aпеп можел да го фати Ра, предизвикувајќи затемнување или страшна бура. Од друга страна, Богот на Израелците ја користел регуларноста на сонцето за да ја опише истрајноста на Неговата праведност: „Господ е праведен… секое утро го изнесува Својот суд на виделина, но беззаконикот не познава срам.“ (Софонија 3:5; Библија) Дневната предвидливост на сонцето исто така била метафора за Месијата: „Неговото име нека е благословено довека! Неговото име се зголемува. Додека сонцето трае, со Него ќе бидат благословувани сите племиња на земјата, сите народи ќе го наречуваат блажен!“ (Псалм 72:17; Библија)

Долготрајната природа на Бога треба да биде од голема утеха за Неговиот народ, особено во време кога сè друго се чини несигурно. Во книгата „Плач Еремиин“, пророкот во средината на својата болка, поради уништувањето на градот Ерусалим и заробеноста на својот народ, ја гледа неизбежноста на утрото како потсетување на Божјето сочувство: „Заради Господовите добрини не сме уништени, Неговите милости никогаш не престануваат. Тие се нови секое утро: Твојата верност е голема! Блазе му на тој, кој трпеливо чека спасение од Господа.“ (Плач Еремиин 3:22.23.26; Библија) Дури и кога сè се распаѓа на рабовите, сонцето сè уште ќе се издигне и нашиот Бог ќе биде верен.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Зашто Неговиот гнев трае само еден миг, а Неговата добрина – цел живот. Плачот доаѓа навечер, а радоста наутро.“ (Псалм 30:5; Библија)

Pin It on Pinterest