ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Во средниот век, пекарите кои продавале полесен леб отколку што тврделе, биле строго казнети. Во Англија, на првиот прекршок, пекарот морал да оди низ највалканите улици од градското собрание до неговиот дом со леб врзан околу неговиот врат. Вториот прекршок му донесувал казна од еден час на столбот на срамот. По третиот прекршок повеќе не можел да продава леб во тој град. Но во Турција и во Египет било уште полошо, каде што увото на пекарот било приковано на вратата од неговата продавница.

Хранењато на 5000 луѓе ги инспирирало луѓето околу Исус, тие се надевале дека Тој може да ги нахрани исто како и нивните предци со мана. Но Исус сакал да знаат дека вечниот живот е поважен од физичкиот живот: „Вашите татковци јадеа мана во пустината и изумреа… Јас Сум живиот леб што слезе од небото. Ако некој јаде од овој леб ќе живее довека.“ (Јован 6:49-51; Библија)

Исус не сакал да биде погрешно разбран овој симбол за Себеси, па им дал и толкување на Неговите постапки: „Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот. Јас Сум Лебот на животот… Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв – останува во Мене и Јас во него.“ (Јован 6:47.48.56; Библија) „Јадењето“ на Христовото тело всушност значи да се придржува кон Него – да се верува во Него како на свој Спасител од гревот.

И покрај јасноста на Неговата порака, многу од Неговите ученици се пожалиле: „Тешка е оваа беседа! Кој може да ја слуша?“ (Јован 6:60; Библија) Многу од следбениците на Исуса не биле подготвени да го прифатат овој вид на Месија. Попрво би ги задржале своите гревови и би се ослободиле од Римјаните. Каков Спасител сакаме денес?

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. И кој ги пази Неговите заповеди, останува во Него и Тој – во него. И по тоа знаеме дека Тој останува во нас: по Духот Кого ни Го дал.“ (1 Јованово 3:23.24; Библија)

Pin It on Pinterest