ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Телото на еден возрасен човек се состои од околу 70% вода. Препорачано е да се пијат 8 чаши вода на ден, иако една здрава личност може да испие и до 3 литри вода, зависно од околностите и активностите. Кога некој почнува да чувствува жед, повеќе од 1% од целата количина на вода во телото, веќе се загубила.

Многу е тешко да испиете премногу вода. Многу ретко се случува, но сепак може сериозно да се повредите од пребрзо пиење премногу вода. Интоксикација со вода се јавува кога количеството на вода што доаѓа во вашето тело ги разредува нивоата на натриум во крвотокот и предизвикува дисбаланс на водата во вашиот мозок. Ова се случува најмногу за време на периоди на интензивна атлетска активност поради брзото губење и надополнување на водата.

Повеќето луѓе не пијат премногу вода, тие пијат премалку. Секој е жеден порано или подоцна, а многу луѓе во светот немаат доволно свежа вода за пиење редовно. Повеќето луѓе би сакале никогаш повторно да не се жедни. Ова било случај и со жената Самарјанка, која Го сретнала Исус  на бунарот во Самарија.

Христос ѝ ветил еден вид на вода од која нема повторно да ожедни. Тој ѝ рекол дека Бог Таткото сака искрено обожавање од срцето, а не од одредена локација како Ерусалим. Сите „вистински“ верници, според Исус, се поклонуваат „во дух и вистина“. Таквото обожавање ќе никне во вечен живот. Кога Го имаме Исуса, ние никогаш повторно нема духовно да ожедниме.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша нека рече: ‘Дојди!’ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот!“  (Откровение 22:17; Библија)

Pin It on Pinterest