Бенард Банга, Демократска Репубика Конго
„Отворете ми ги ширум вратите на правдата, ќе влезам, ќе Му благодарам на Господа!“ (Псалм 118:19)
Бог ме повика да станам литературен евангелист (тоа значи продавање на Библии и други книги со христијанска тематика) 2000-та година. Тогаш работев во голем хотел во главниот град на нашата земја. Мојата жена веќе беше литературен евангелист и јас се воодушевував на начинот на кој работи и на целиот концепт на литературниот евангелизам. Си помислив во себе: Ако таа може успешно да ја работи таа работа, зошто не би можел и јас? По многу молитви одлучив да се пријавам и бев прифатен. Еден ден колпортирав на аеродромот и продадов поприличен број на книги на човекот кој таму работеше како службеник. Ми плати нешто однапред и ми даде одреден датум кога да му донесам уште книги. Меѓутоа, подоцна сфатив дека тој датум всушност беше сабота. Незнаев што да правам, но сигурно знаев дека нема да се вратам, за да работам во сабота. Одлучив да почекам и да се вратам следниот понеделник.
Враќајќи се на аеродромот тој понеделник, дознав дека претседателот на една странска држава доаѓаше баш тој ден во посета на нашата земја. Безбедносните проверки на аеродромот се подигнати на највисок степен. Првиот контролен пункт го зазела аеродромската полиција, другиот националната, третиот бил под контрола на полицијата на претседателот на нашата земја, а четвртиот го држеа полицајци на престедателот кој гостува. И како дополнителна мерка за претпазливост многу полицајци во цивилно патролираа насекаде. Дури ни на аеродромските работници кои стигнале прекасно, не им беше дозволено да влезат.
Тивко се молев на Бога и го премолував да интервенира така да стигнам до својот купувач. Се сетив на два детали: 1) Ако Бог ме пратил во светот, зарем и аеродромот не е од тој свет. 2) Бог ветил дека секогаш ќе биде со мене, а зарем тоа не е можност кога посебно ми беше потребно Неговото присуство? Така тргнав напред и поминав не преку еден или два, туку сите четри контролни пункта едноставно покажувајќи ја својата картичка на литературен евангелист како индетификационен доказ. Службеникот, мојот купувач, беше изненаден што ме гледа. „Како влезе овде“ , ме праша. „Бог беше со мене“, одговорив.
Ги плати своите книги, а потоа ме повика да посетам други луѓе кои соработувале со него на истата работа. И тие купија книги. Бог сигурно ширум ја отворил вратата за вистинската цел и јас сум Му неизмерно благодарен.