МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(10 – 16 мај: Основни услови за духовно здравје)
„Исус во одговор ѝ рече: ‘Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни. А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.’“ (Јован 4:13.14; Библија)
И во здравје и во болест, чистата вода претставува еден од најодбраните благослови на небото. Правилната употреба на водата го обновува и го подобрува здравјето. Таа претставува пијалок со кој, според Божјото одредување, треба да ја гасне жедта, и на луѓето, и на животните. Таа ги задоволува потребите на организмот, и ѝ помага на природата да му се спротивстави на налетот на болеста. Надворешната употреба на водата претставува наједноставно и најповолно средство за регулирање на крвотокот.
Правилната употреба на водата и вдишувањето на свеж воздух ги зајакнува животните органи, ја чисти крвта, и ѝ потпомага на природата во нејзината задача да му се спротивстави на секое нарушување на здравјето во човековиот организам.
Најдобрата течност за отстранување на секаква нечистотија и отровни материии од човековиот организам е чистата и природна вода.
Кога заболените би биле волни со употребата на чистата и здрава вода да ѝ помогнат на природата во нејзините постојани напори за оздравување, би можеле да се избегнат многу неволји и страдања.
Лечењето со вода, применето мурдо и вешто, би можело да стане средство за спасување на животот на многу болни. Со внимателната примена на ваквиот начин на лечење, треба да се соедини и марливото проучување. За болниот треба и искрено да се молиме со вера, храбрејќи го и самиот преку молитва да се повикува на Божјите ветувања.
Освежувачката вода којашто извира во пуста и сува земја, прави пустината да процвета, и им дава живот на заморените. Таа е симбол на Божјата милост која само Христос може да ја даде, која, како жива вода, ја чисти, ја јакне и ја освежува душата. И таа е благослов, не само за душата во која влегува, туку и како жива река се излива во зборовите и праведните постапки, освежувајќи ги сите жедни околу себе. На исток водата се нарекува „Божји дар“.