МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(10 – 16 мај: Основни услови за духовно здравје)

„Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сè и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа.“ (3 Јованово 2)

Во вршењето на Своите чуда, Спасителот ја открил онаа сила којашто непрекинато делува во корист на човекот, одржувајќи му го здравјето и животот. Секој ден, секој час и секој момент, Бог делува преку природните сили за да нѐ одржи во живот, изградувајќи и обновувајќи ги нашите сили. Кога било кој дел од телото е повреден, процесот на лечење започнува веднаш, природата стапува во дејство за да се поврати нарушеното здравје. Но силата којашто делува преку природата е силата Божја. Сета животворна сила доаѓа од Него. Кога некој ќе оздрави од било каква болест, треба да знаеме дека Бог го исцелил.

Зборовите упатени до Израел: „Јас сум Бог лекар твој“, и денес се исполнуваат верно на оние коишто повторно го добиваат своето телесно или духовно здравје.

Христовата желба за секое човечко суштество е изразена во зборовите: „Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сè и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа.“

Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, одморот, движењето, правилната исхрана, употребата на вода и довербата во Божјата помош – тоа се вистинските лекови.

Благодетите на природата се Божји дарови предвидени да даваат здравје на телото, умот и душата. Тие на здравите им служат да го зачуваат своето здравје, а на болните за да оздрават.

Природата е лекар даден од Бога. Чистиот воздух, пријатните сончеви зраци, прекрасното цвеќе и дрвја, овоштарниците и лозјата, движењето на чист воздух во такво опкружување, сето тоа дава здравје – тоа е еликсир на животот.

За обновувањето на здравјето и вистинската среќа ништо не може да допринесе повеќе отколку животот во привлечното опкружување на природата.

Животот на свеж и чист воздух, и во отворена природа, е благословен и за телото и за умот. Тоа е медицина дадена од Бога за обновување на здравјето.

Вистинската вера и законите на здравјето одат заедно.

Pin It on Pinterest