МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(19 – 25 aприл: Користење на примените таленти)
„А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов во благослов и ќе жнее! Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (2-ро Коринтјаните 9:6.7; Библија)
Во параболата за талентите се прикажани две категории на приматели. Едната е прикажана со примерот на марливите слуги, а другата со злите и мрзливи слуги. Господ, и на едните, и на другите, им ги доверил Своите пари. Првите ги претставуваат оние коишто ревносно поаѓаат на работа, користејќи ја секоја прилика, примениот дар да го искористат на таков начин за тоа да посужи на благослов и корист и на другите. Тие едноставно не живеат за да си угодуваат себеси, да си ги задоволуваат своите себични желби, барања и страсти, туку размислуваат разумно и трезвено, имајќи секогаш на ум дека овде нивниот живот е краток.
Бог е тој што на луѓето им дава способности за да стекнат богатство, но Тој таа способност не им ја дава за да си ја задоволуваат својата себичност, туку за совесно да Му го вратат на Бога она што е Негово. Ако пред очите се има една таква цел, тогаш стекнувањето на средства не е грев. Парите треба да се стекнуваат со марлива и чесна работа. Сите млади треба да се насочат кон тоа, да се оспособат за некоја корисна дејност и да стекнуваат работни навики. Библијата не осудува ниту еден човек затоа што е богат, ако своето богатство го стекнал на чесен начин. Богатството ќе се покаже како благослов ако кон него се однесуваме како кон Божја сопственост, примајќи го со благодарност и ако исто така со балгодарност и Му го враќаме на Дародавецот.
Парите имаат голема вредност, затоа што со нив можеме да направиме многу добра. Во рацете на Божјите деца, парите претставуваат храна за гладните, вода за жедните и облека за голите. Тие може да биде заштита и одбрана за угнетените и средства за пружање помош на болните. Меѓутоа, сами по себе парите не се повредни од песокот, освен ако ги користиме за подмирување на животните потреби, и во сето она што ќе послужи на благослов на другите, и за унапредување на Христовото дело на земјата.