МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(5 – 11 aприл: Напредување во благодатта)

„А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сè секогаш сè што е потребно и да ви остане за секое добро дело, како што е напишано: ‘Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.’“ (2-ро Коринтјаните 9:8.9; Библија)

Мнозина копнеат за напредување во балгодатта, тие се молат за тоа, и се изненадени што на таквите нивни молитви немаат одговор. Господарот им доверил задача, и доколку би ја извршиле, тие би напредувале. Каква вредност има молитвата, кога задачата останува незавршена? Прашањето коешто таквите треба да си го постават на самите себе гласи вака: Дали настојуваат да ги спасат душите за кои умрел Христос? Духовното растење зависи од тоа, дали светлината, со која Бог нѐ обдарил, ја пренесуваме и на другите.

Своите најдобри сили треба да ги употребите во активното настојување да правите добро, и секогаш само добро, во своето семејство, во црквата и во соседството.

Наместо да се оптеретувате со загриженоста затоа што не растете во благодатта, извршете ја секоја задача што ви се доверува, чувствувајте го во срцето товарот на одговорност за спасување на душите, и на секој можен начин настојувајте да ги спасувате изгубените. Бидете љубезни, учтиви и полни со сомилост; зборувајте со понизност за христијанската благословена надеж, зборувајте за Христовата љубов, за Неговата добрина, милост и правда, и престанете да се оптеретувате со грижата околу тоа, дали напредувате или не. Растенијата не растат благодарејќи на човечката грижа и напори. Растението не треба да го мачи постојана грижа за неговиот раст, негово е само да расте под Божјиот надзор. Единствениот начин за вистински да напредуваме во благодатта е заинтересираноста за она што Христос сака да го правиме – заинтересираност своите способности да ги зголемиме благословувајќи ги и  помагајќи им оние на коишто им е потребна нашата помош. Христијаните кои постојано растат во ревноста и љубовта, никогаш не назадуваат. Нивната мудрост и нивните работни способности постојано се зголемуваат. Тие се подготвени и за најтешките напори, и никогаш не знаат за мрзеливост или застој. Богатството на Христовата благодат е неограничено.

Pin It on Pinterest