МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 4 април: Христијанско растење)

„А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток.“ (Јаков 1:4; Библија)

„А знаењето исполнете го со воздржливост и умереност.“ Ова е третото скалило на патот на усовршувањето на христијанскиот карактер. Попуштањето на своето „јас“ на својата волја и на распуштениот живот се гледа на секој чекор, што неизбежно доведува до дегенерација и изопаченост. Умните, моралните и физичките сили на жителите на денешниот свет се во постојано опаѓање, затоа што неумереноста им поминала во навика. Попуштањето на изопачениот апетит, страстите и склоноста кон фалбаџиско парадирање, мнозина ги водат во најголемо претерување и раскош.

Припадниците на Божјиот народ не смеат да се поведуваат по обичаите и по модата на овој свет. Тие мораат да стапат во војна против таквото грешно попуштање на своето „јас“, држејќи го апетитот и ниските страсти во постојано потчинување на гласот на разумот и совеста. Нашата должност е да го истражуваме Светото Писмо – Библијата, и своите животни навики да ги доведуваме во склад со дадените упатства.

„А воздржливоста исполнете ја со трпение.“ Потребата од умереност очевидно се покажува штом се обидеме да го превземеме овој чекор, затоа што за неумерениот човек е скоро невозможно да биде стрплив.

Некои од нас се многу нервозни по темперамент, и се склони на секој збор или постапка веднаш да избувнат, но никој да не мисли и дека таков мора да остане, и дека не може да се научи на трпение. Трпението е растение кое може нагло да израсне доколку грижливо и со внимание се негува. Со потполно запознавање на самите себе, а потоа со комбинирање на цврста одлучност од своја страна и со силите на Божјата милост, можеме да станеме победници и да достигнеме совршенство во сѐ.

Трпението внесува мелем на мир и љубов во секојдневното искуство на семејниот живот. Со трпение успешно се постигнува единство во семејството, во црквата и во општеството. Таа добродетел мора да се вткае во нашиот секојдневен живот.

Pin It on Pinterest