(2 Тимотеј 4:1-5 ; Библија)
А браќата веднаш, уште во ноќта, ги испратија Павла и Сила во Берија; тие, кога дојдоа таму, отидоа во јудејската синагога. Овие беа поблагородни од оние во Солун, зашто го примија Словото сосем подготвено, и секој ден го испитуваа Писмото дали е така.
(Дела апостолски 17:10-11 ; Библија)
Него (Исус) ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;
(Колосјаните 1:28 ; Библија)
Времето и знаците
Според библиските пророштва, пред нас се морничави, монструозни денови обременети со страшни апокалиптички знаменија, време придружено со најразлични и чести катастрофи од редот на големините „еднаш во сто години“, а сè почесто и „еднаш во илјада години“, зашто тие пророчки сцени и настани излегуваат од рамките на природни непогоди и катастрофи и преминуваат во ранг на катаклизми. Нив не ќе може да ги опише ниту најбујната мечта ниту највештото човечко перо. – Да, aпокалиптички библиски пророштва за свирепи грозомори – страшни, најстрашни од кога и да е – вистински ужаси, чиишто реални димензии денешниот човек не може да ги согледа ниту да ги замисли, со кои е зафатена и низ кои болно поминува нашата планета, стравотии кои со необично разиграна динамика молскавично се нижат и множат на неа како се ближиме кон финалниот крај на нејзината историја – време за кое Христос кажува: „Ќе има стравотии и големи знаци на небото… Луѓето ќе умираат од страв очекувајќи го она што ќе го снајде светот!“ Споулавените стихии во природата и на светската општествена сцена ќе срушат и срамнат сè со земјата. Според тие пророштва, близу е времето кога светот ќе го погоди силна болка која не ќе може да ја ублажи никаков човечки балсам и мевлем, време кога никој не ќе може мирно да спие. Светот забрзано се приготвува за библискиот Армагедон, кога ќе зовријат сите човечки страсти, создавајќи ситуација на светската сцена која никој не ќе може да ја контролира. Оган, колосални пожари и пустења од огромни размери, вулкани, пепел и чад, силни води, урагани, циклони, тајфуни, торнада, земјотреси, разурнувачки катастрофи од секој вид, војни, крвопролевања, болести, епидемии, суши, поплави, глад, жед, страв, смрт…, тоа е наша иднина која е сè поочигледна. Тие ужасни сцени и хорори што секој ден се множат и се засилуваат насекаде на нашата планета, Библијата однапред ги преткажува како знаци кои го најавуваат скорашниот библиски крај и второто Христово доаѓање.
Гревот и грешниците конечно ќе ги оддуваат ветриштата на нивните гревови во неврат и заборав, а за праведните настапува нов свет, вечен живот, чиишто мугри се веќе на повидок и чијашто зора веќе рудее и се обидува да нè допре и да нè гали со своите милни зраци. Да, вечниот ден, кој наскоро ќе осамне за праведните, е нешто од што срцето препукнува од радост и среќа, нешто „што око не видело, што уво не чуло и што во човечкото срце не дошло“ – нешто што „Бог го приготвува за оние кои го љубат“ (1. Коринќаните 2,9).
Имате можност да преземете примерок од книгава „Времето и знаците“. Нејзината соджина не само духовно, туку севкупниот ваш живот ќе го збогати со такви информации и сознанија кои не можете да ги најдете на ниту едно друго место во таков вид.
Вечниот завет
– Кој сè бил вклучен во тоа ветување?
– Дали тоа ветување било само за оние кои биле негови буквални потомци, или вклучува многу повеќе луѓе од тоа?
– Дали, од војни исцепканата, земја на Блискиот исток е Божјата ветена земја, или ветувањето опфаќа многу подалеку од тоа?
– Постоел ли Спасител во сржта на ова вечно ветување и кому Тој е даден?
Одговорите на овие и други прашања ќе го воодушеват вашето срце додека ги читате неверојатно добрите вести за Божјиот вечен завет кој што го склопил со Авраам и со целиот свет.
Евангелието во посланието до Римјаните
– Дали Бог гледа вредност во нас и покрај нашата грешност?
– Дали Божјата љубов кон нас зависи од тоа што сме и тоа што го правиме?
– Дали нашата положба пред Бог зависи од нашата послушност и добрина?
– Дали спасението од гревовите е прашање на вера или на нашите дела?
– Дали нашето оправдание, помирување, спасение и посветување се засноваат на тоа што ние го правиме или на тоа што Христос го направил за нас?
– Дали нам Божјата благодат (незаслужена милост и наклоност) ни доаѓа исклучиво како бесплатен дар или мораме да ја заработиме, заслужиме, правејќи се себе доволно добри за неа?
– Дали ја примаме како плата за својата послушност, исправно постапување, добрина?
– Дали Бог копнее да со нас има најблиска врска, заедница, однос на љубовта без разлика на нашата падната состојба?
– Во што е разликата помеѓу моралот и христијанството?
– Зошто големите учители на моралот го практикувале тоа што и самите го осудувале?
– Кои се доказите на Божјото делување во животите на луѓето, па дури и тие кои не Го познаваат?
– Според кои мерила ќе му се суди на секој човек?
– Колку спасението е оддалечено од човекот?
– Како може неправедниот човек да стане праведник?
– Кој е првиот маж од Павловота таинствена споредба?
– Во што лежи сугурноста на спасението? Како да се живее со вера?
– Што Евангелието опфаќа во себе и како е поврзано со останатите Библиски учења?