МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(22 – 28 март: Чувајте ги приодите на својата душа)
„Не ќе оставам, пред моите очи, ништо подмолно. Мразам човек кој прави зло: тој не ќе биде покрај мене.“ (Псалм 101:3; Библија)
Сите треба будно да бдеат над своите сетила за да не се случи сатаната да загосподари со нив, затоа што тие претставуваат патишта коишто водат кон душата.
Избегнувајте читање и гледање на сето она што наведува на нечисти мисли. Со постојано вежбање развивајте и облагородувајте ги своите морални и интелектуални сили.
Театарот исто така спаѓа во најопасен вид на разонода. Наместо да биде училиште на морал и доблести, како што тоа често се тврди, театарот е вистински расандник на неморал. Со таквиот вид на разонода се јакнат порочните навики. Ниски песни, развратно гестикулирање, изрази и однесување, коишто поттикнуваат порок, ја изопачуваат мечта и го снижуваат моралот. Секое младо суштество, коешто навикнало да присуствува на такви претстави, неизбежно се изопачува. Како медиум на непријателот да ја затруе душата, да ги уништи релгиозните впечатоци и да ги отапи склоностите кон пријатните тивки задоволства и трезвената стварност на животот, ништо на оваа земја нема поголемо влијание од театарските (и филмските) возбудувања.
Љубовта кон такви и слични приредби се зголемува постојано со секоја нова посета, како што желбата за опојниот пијалок се зголемува со секоја употреба. Единствениот сигурен пат се наоѓа во избегнувањето на театрите, на сите сомнителни места за забава и разонода.
Има начини за рекреација коишто се многу корисни и за умот и за телото. Раководејќи се според посветениот разум којшто знае да прави разлика помеѓу доброто и злото, можат да се најдат многу начини за забава и разонода кои не само што се невини, туку се и поучни. Одморот на чист воздух, набљудувањето на Божјите дела во природата и сличните работи, на човекот можат да му донесат најголема корист.
Големиот Бог, Чијашто слава го осветлува небото и Чијашто рака ги одржува милионите светови, е нашиот небесен Татко. Ние треба само да Го сакаме, со вера и со детска доверба да се потпираме на Него, и Тој ќе нѐ прифати како свои синови и ќерќи, и ќе нѐ направи да бидеме наследници на неискажаната слава на вечниот свет.