Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.
(1 Коринтјаните 6:19-20 ; Библија)

Според тоа, јадете ли, пиете ли, или ако правите нешто друго, правете сè за Божја слава!
(1 Коринтјаните 10:31 ; Библија)

Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските.
(Изреки 17:22 ; Библија)

Еве, Јас ќе ги излекувам, ќе ги исцелам и ќе им откријам изобилие и вистински мир,
(Еремија 33:6 ; Библија)

Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото кон поуките мои; да не отстапуваат тие од твоите очи; чувај ги внатре во срцето свое: зашто тие се живот за оној што ги нашол, и здравје за целото тело негово.
(Изреки 4:20-22 ; Библија)

Не сметај се за мудрец; имај страв од Господ и бегај од злото: тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски.
(Изреки 3:7-8 ; Библија)

Духовноста и грижата за телесното здравје

Многу луѓе се опседнати со својот физички изглед и се грижат за своето тело дури и повеќе од потребното. Од друга страна, постојат луѓе кои се грижат за развојот на духовниот аспект во својот живот, но истовремено ја запоставуваат неопходната грижа за своето тело.

Како Бог гледа на нашето тело? Дали можеме да напредуваме во духовноста, додека истовремено го занемаруваме нашето телесно здравје? Во која мера грижата за телесното здравје влијае на духовноста? Како внесувањето на штетни продукти преку исхраната се одразува на одлуките кои ги донесуваме? Што да правиме со нашите нездрави навики? Дали неопходната грижата за своето телесно здравје ја доживувате како измачување, или пак како привилегија со која сте удостоени да го прославите Бога во вашето тело – кое е храм на Светиот Дух?

НОВ ПОЧЕТОК: Осум природни лекари за комплетно здравје

Некои од нас успеале да создадат навика за правилно да се хранат, но во голема мера ја занемариле физичката активност. Други пак пијат доволно количество на вода, но ретко ги проветруваат просториите за да влезе свеж воздух. Трети иако рано одат на спиење и имаат добар сон, сепак само малку се изложуваат на сонце во текот на денот. Четврти иако се умерени и водат избалансиран живот, воздржувајќи се од сè што може да им наштети, сепак и понатаму чувствуваат внатрешен немир во себе бидејќи немаат доверба во Бог.

За да бидеме комплетно здрави неопходно е да ја негуваме секоја од овие осум компоненти кои претставуваат осум природни лекари. За лесно да се запаметат ги претставуваме во вид на акроним на англиски јазик: NEW START – НОВ ПОЧЕТОК

N – Nutrition – Исрана
E – Exercise – Физичка активност
W – Water – Вода

S – Sunlight – Сончева светлина
T – Temperance – Умереност / Воздржување
A – Air – Воздух
R – Rest – Одмор
T – Trust in God – Доверба во Бог

Практични совети за здравјето

Здрави и вкусни рецепти

Исхраната може да биде најдобриот лек за вас, особено доколку сакате да се излечите од некое заболување. Здравиот оброк не мора да биде блуткав или невкусен, а неговото приготвување не мора да биде тешко ниту пак да одзема многу време. Научете како да подготвите брзи, лесни и здрави рецепти од природни состојќи, кои се дизјанирани да го зголемат внесот на хранливи материи и да го задоволат вашиот апетит, додека уживате во хармонијата од вкусови.

Отров со големо „К“

Случајот против кафето и другите темни напитоци

ЗАКОНОТ НА ЖИВОТОТ

Дали вие или некој ваш близок страда од канцер, дијабетис, срцеви заболувања, автоимуни болести…? Се борите ли со проблеми во односите, со депресија или анксиозност? Ја знаете ли својата цел во животот? Д-р Horst Mueller ги споделува своите длабоки согледувања за причините и лекот за болестите, кој само неколкумина го имаат разбрано на таков начин. Овие принципи се лек, за кој целокупниот здравствен систем, во глобала, е во загуба затоа што сѐ уште ги нема разбрано и применето. Во последниве десетина години д-р Horst Mueller открил дека постои силна поврзаност помеѓу страдањата и болестите на индивидуата со личните релациони односи и мисли. Во многу наврати, како резултат на неговиот уникатен пристап на третман на заболувањето, дошло до обновување и исцелување. Мнозина пронашле надеж за исцелување и хармонија во ситуации со безнадежни проблеми. Истата таа надеж може да биде и ваша. Можеби токму сега е време да се обидете да ги примените принципите кои се изнесени во овој видео серијал за себеси или истите да му ги препорачате на некој ваш близок.

Pin It on Pinterest