ПОБЕДА НАД…
…Ви напишав, млади, зашто сте силни и зашто Божјото слово пребива во вас и зашто го победивте лукавиот.
(1 Јованово 2:14 ; Библија)
Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот. [Исус]
(Јован 16:33 ; Библија)
зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.
(1 Јованово 5:4 ; Библија)
Никакво искушение не ве постигна, освен човечкото. А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите.
(1 Коринтјаните 10:13 ; Библија)
Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.
(Филипјаните 4:13 ; Библија
И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.” Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила.
(2 Коринтјаните 12:9 ; Библија)
Вие сте од Бога, дечиња, и вие ги победивте, зашто е поголем Оној, Кој е во вас, отколку оној, кој е во светот.
(1 Јованово 4:4 ; Библија)
ПОБЕДА НАД ДЕПРЕСИЈАТА
Знаевте ли дека ДЕПРЕСИЈАТА:
– се смета за водечка причина за попреченост;
– најчесто е поврзана со други здравствени проблеми;
– може да биде предизвикана од различни причини;
– го афектира телото во голема мера;
– го засилува негативното влијание на веќе постоечките заболувања во организмот;
– го зголемува ризикот од рана смртност кај луѓето со веќе влошена здравствена состојба од друга природа;
– влијае на структурата на мозокот, правејќи го да изгледа поинаку.
Во времето во кое живееме депресијата се шири како епидемија. Една третина од вкупното светско население, во текот на својот живот доживува „епизода на депресија“. Д-р Нил Нидли го препознал овој несреќен тренд помеѓу своите пациенти и се посветил на барање решенија за проблемите кои ја предизвикуваат депресијата, наместо само да ги анестезира симптомите со медикаменти. Тој ги комбинира новите сознанија од научните истражувања на заболувањата на умот, со долгогодишното клиничко искуство. Нуди увид и длабоко разбирање на физичките, менталните и духовните функции на телото и нивната взаемна поврзаност. Информациите кои се изнесени во текстовите од оваа рубрика, со сигурност ќе донесат разбирање и надеж за оние кои се во власта на оваа темна болест.
Имате можност:
– да сфатите дека депресијата воопшто не е наивна и дека нејзиното занемарување не само што ќе резултира со живеење на јаден живот, туку може да доведе и до кобни последици – прерано згаснување на животот;
– да дознаете дека не постои „стандарден“ случај на депресија, туку секоја жртва на депресија има свој уникатен сплет на околности и причини;
– да разберете дека во повеќето случаи постои повеќе од една причина за појава на депресија, а во многу случаи ги има повеќе од четири причини;
– да дојдете до сознание дека пред изнаоѓањето на стратегија за борба против депресијата, мора да се одреди секоја поединечна причина која доведува до депресија;
– да дознаете за „20–седмичниот метод“ кој што се покажал успешен во исцелувањето на мноштво луѓе од депресија, кој се заснова на уникатен пристап, во зависност од причините.
ПОБЕДА НАД ПОХОТАТА
Похотата кај секој човек може да е различна.Таa може да биде во вид на некои романтични фантазии, интернет порнографија или искушение да имате односи со момчето или со девојката. Бидејќи има безброј варијанти за похотa, едноставната дефиниција за похотата е: Похотата е сексуална желба кон нешто што е од Бога забрането.
Похотата значи да копнееш по нешто што немаш и што не ти е наменето да го имаш. Похотата оди повеќе од привлечноста, од разбирањето за убавината, дури и од здравата потреба за интимност. Похотата сака да оди надвор од Божјите граници за да најде задоволство.
Со сигурност може да се каже дека похотата е еден од најголемите проблеми на денешната генерација. Многумина започнуваат со мали компромиси кои водат до сериозен грев и вина. Нивните приказни на тајни и агонизирачки борби со предбрачна интимност и со порнографија ги разорува нивните тела и нивниот дух. Многумина кои некогаш се заколнувале на чистота сега не можат да поверуваат во која длабочина на нечистотијата се спуштиле.
Дали има нешто пообесхрабрувачко отколку да се изгуби во борбата со похотата? Таа го исцрпува нашиот копнеж за духовност. Прави нашата вера да изгледа шуплива. Нè спречува да се молиме. Го обојува целиот наш живот и целото наше искусвто во поглед на одењето со Бога. На моменти сме обземени со срам што ни се чини дека Бог е милиони километри оддалечен од нас…