Разоткривање на астрологијата
Интересен, па дури и шокантен феномен е тоа што во 21-от век – век на експлозивен напредок на науката и технологијата, астрологијата како псевдонаука и окулнтна дисциплина на пророкување, која потекнува од паганските царства на Стариот век и која е заснована на мистични начела и научни грешки, доживува голем процут. Стручна астролошка литература се умножува експоненцијално во денешно време, како и бројот на астролози и љубители на астрологијата. Никогаш во историјата на астрологијата, долга неколку милениума, не биле истовремено достапни толку различни видови астрологија и типови хороскопи. Никогаш технолошките алатки за нивната изработка не биле толку напредни. Никогаш не била толку присутна во секојдневните животи, ниту имала толку голем број поклоници, како денес.
Се поставуваат прашањањата: Во што е тајната привлечност на астрологијата и нејзината популарност, па дури и за луѓето во 21-от век? Што е тоа што воопшто ги влече луѓето кон астрологија?