5-те јазици на љубовта
Дали зборувате на истиот јазик на љубовта со кој зборува вашиот брачен партнер?
Ако љубовта ја изразувате на начин кој вашиот/та сопруг/а не го разбира, тој/таа нема ниту да сфати дека сте му/ѝ изразиле љубов. Проблемот е во тоа што секој од нас на различен начин ги пренесува пораките на љубовта и во тоа што секој од нас на различен начин ги прима и разбира.
Можеби вашиот сопруг од вас сака да слушне некој збор на охрабрување и пофалба, а вие мислите дека ќе го орасположите со вкусно зготвена вечера. Па ако после вечерата останува нерасположен и намуртен, можеби ќе помислите дека не ве сака. Или можеби вашата сопруга сака да помине некое квалитетно, посветено време со вас, далеку од децата и телевизорот, па така, цвеќето кое сте ѝ го донеле не остава никаков впечаток на нејзе, едноставно не ѝ кажува дека ви е дојдено до нејзе, дека ја сакате.
Затоа, крајно време е, доколку сакате да ја сочувате и распламтите љубовта во својот брак, да откриете со кој јазик на љубовта зборува вашиот/та сопруг/а и на тој негов/незјин примарен јазик да му/ѝ се обратите. Одвојуваме пет примарни јазици на љубовта кои се надеваме ќе ви помогнат својот брак да го претворите во она што од самиот почеток е замислен да биде – преддворје на небото овде на земјата; вашиот брак да биде островот на љубовта, разбирањето и среќата.
1. Што се случува со вашата љубов по венчавката
Поради тоа, илјадници брачни парови си ги поставуваат истите прашања:
– Што се случува со љубовта после склучувањето на бракот?
– Зошто љубовта се лади?
Па така, многумина или се раздвојуваат, или пак учат да живеат во атмосфера на емоционална празнина.
Може ли љубовта во бракот да остане жива, и ако може на кој начин?
2. Наполнете го резервоарот на љубовта
Илјадници книги, списанија и филмови се занимаваат со поимот „љубов“. Многубројни филозофски и теолошки системи ја ставаат љубовта на прво место….