За влегувањето во врска
Бог ви дал време кога не треба да бидете во врска. Tоа е еден период од животот кој е неспоредлив во својот потенцијал за изградување, раст, стекнување мудрост и знаење и оформување на карактерот преку помагање на другите. Често пати, младите наместо да се радуваат на ова време кое им е дадено за раст, нетрпеливо избрзуваат и посегнуваат по тоа време за истото да го употребат за врска. Исходот од тоа најчесто е уназадување. Ако ги анализирате врските кои прерано започнале или се од погрешни мотиви, ќе видите какви лоши последици оставиле зад себе. Сценаријата би биле сосема поинакви доколку истите тие личности одлучиле да бидат сами во времето кога требало да се изградуваат.
Кај младите кои се свесни дека е прерано за врска, а сепак се одлучуваат на тој чекор, доаѓа до појава на незадоволство и чувство на вина, поради фактот дека ја злоупотребиле дадената слобода на избор. Често пати, младите кои се во врска во времето во кое треба да се развиваат како сингл, во суштина, на врската гледаат како на средство за да најдат утеха од незадоволствата и фрустрациите низ кои поминуваат. Меѓутоа, влегувањето во врска не само што не ги решава тие проблеми, туку уште повеќе ги закомплицирува.
1. Интелигентна љубов
…Никој нема право да бара нечие срце доколку не е подготвен да се обврзе на трајна љубов. Да се чека додека да се подготви за обврзување и да не се влетува во романса е само еден пример на интелигентната љубов на дело. Колку повеќе вашата љубов расте во знаење, толку повеќе сте подготвени за трајна врска.
Кога ќе ги погледнете момчињата или девојките како пријатели, а не како потенцијални партнери, тогаш ќе го откриете богатството на вистинското пријателство….
2. Сериозни проблеми со денешниот начин на влегување во врска
Што значи за една личност да влезе во врска? Како треба да гледаме на врските? Како навистина треба да изгледа една врска?
Денешницата во која живееме, има поставено модел, како една врска треба да изгледа. Дали некогаш сте подзастанеле да размислите дали овој модел на врски е исправен или не? Дали овој модел ви се допаѓа? Дали сакате и вашата врска да биде според моделот на денешното време?
3. Пет чекори за промена на погрешниот став за влегување во врска
Сѐ додека не го обновите вашиот начин на размислување за љубовта и врската, вашиот начин на живот ќе продолжи да се валка во калта на дефектното влегување во врска…
Во продолжение ќе наведеме пет клучни нови ставови кои ќе ви помогнат да ги отстраните негативните ставови поврзани со влегувањето во врска.
4. Зборот „љубов“ во Божјиот речник
…Најпрво мора да разбереме дека сите измами во светот произлегуваат од верувањето дека љубовта, првенствено, е за исполнување и задоволување на себеси. Светот ја труе љубовта со фокусирање на задоволување на сопствените потреби. За ова сме сведоци кога момчето или девојката го притиска другиот да бидат интимни. Сигурно ја имате слушнато познатата реченица: „Ако навистина ме сакаш ќе го направиш тоа.“ Со други зборови, „Не ми е гајле за тебе, за твоите верувања, или колку ова ќе ти наштети емоционално – задоволи ги моите потреби!“.
5. Вистинските работи во погрешно време се погрешни работи
Често пати кога младите влегуваат во врска веднаш сакаат да добијат сè од таа врска. Но Бог сака да ги цениме скапоцените моменти предвидени за одредено време, секој момент во свое вистинско време. Бог сака да нè научи на трпение, доверба и на чекање за совршениот тајминг во сите работи од нашиот живот, а тоа важи и за влегувањето во врска.
Серијалот продолжува
Останатите статии од овој серијал наскоро ќе бидат објавени…