Честопати кога на некој ќе му биде дијагностицирана некоја хронична болест, си го поставува прашањето: „Како ова баш мене ми се случи? Се случи толку ненадејно.“

Факт е дека тоа и не дошло баш толку ненадејно и одеднаш. Процесот на заболување почнал многу порано од моментот на поставувањето на дијагнозата. Може да бил започнат уште 10-20 години пред да бидете свесни за постоењето на болеста.  Обично процесот на заболување започнува кога доволен број на фактори ќе влијаат заедно и во потребните количини,  за да предизвикаат појава на забележлива болест. Овие фактори можат да бидат во било кој  број или комбинација. Може да бидат од два различни типа на рафинирани производи, преголем внес на заситени масни киселини, пржена храна и протеини, недоволен внес на витамини и минерали, акумулирање на токсини, недоволна физичка активност, недоволен одмор, изложеност на загадувачи и хемикалии, ослабен имунолошки систем, стресен живот, генетски предиспозиции за заболување од одредената болест, хронични бактериски или вирусни инфекции, и други фактори… Не може само едно нешто да биде причина за болеста, туку причината е комбинација од повеќе фактори.

 

Комбинираните фактори едноставно ве водат на патот до болеста. Вие продолжувате на тој пат поради влијанието на иницијалните фактори кои се засилуваат и го продолжуваат процесот, а можеби и од други фактори кои дополнително почнале да дејтвуваат. Ако процесот на заболување продолжи без да биде преќинат, на крај ќе стигне до точка кога вие ќе бидете и официјално дијагностицирани со одредена болест. Како и да е, на која и да било точка долж тој пат, вие можете да го прекинете процесот или да го вратите во почетната состојба (кога немало заболување), само со контрола на тие фактори (кои го иницираат или забрзуваат процеост на заболување), примена на правилна исхрана и промена на стилот на живеење. Од таа причина кога еднаш ќе почнете да се движите по патот на болеста, тоа не мора да значи дека сигурно ќе завршите со дијагноза за таа болест.

 

Од перспективата на природната медицина:  откако процесот на заболување ќе почне, вие веќе немате оптимално здравје. Откако човекот ќе го изгуби оптималното здравје, природната медицина налага дека овој проблем треба да се реши, дури и ако на човекот сеуште не му е дијагностицирана некоја болест, или иако докторот го прогласил како слободен од некоја болест. Целта на природната медицина е да се изгради и да се одржува оптималното здравје, што значи да нема присуство на болест. Конвенционалната медицина нема ниту да препознае дека постои проблем со нашето здравје сè додека процесот на заболување не е напреднат толку многу што предизвикува клинички симптоми на болеста кои можат да се набљудуваат и тестираат во лабораторија.

 

Повеќето луѓе имаат барем слушнато за RDA (препорачан дневен внес) кој што е поставен од страна на владата, и постојано се испитуват и во согласност со добиените резултати се менува. RDA обично се опишува како водич за добро здравје. Но, овие вредности се поставени од гледна точка на спречување на дефицитни болести (како скорбут, рахитис), а не за постигнување на оптимално здравје. Така вие можете да внесувате нутритиенти според овие препораки, а сепак да не постигнете оптимално, па некогаш дури ни добро здравје, туку само немате болест (која може да се дијагностицира).

 

Многу здравствени проблеми чии предизвикувачи не се сосема познати, можат да се сведат на недостатоци од витамини и минерали, или недоволен внес на одредени нутриенти. Многумина веруваат дека нутритивните потреби за постигнување на оптимално здравје, се доста поголеми оттолку RDA. Затоа она што природната медицина го зема во обзир е субклинички нутритивен дефицит (недијагностицирачки дефицити / инсуфициенции).

 

Природната медицина обрнува внимание и на други важни фактори кои конвенционалната медицина не ги смета за многу важни. Овие фактори се: антиоксиданси, ензими, пробиотици (обезбедување на доволен број на добри бактерии), влакна, растителни пигменти (каротени, хлорофил, флавоноиди и други компоненти на храната слични на витамините).

 

Антиоксидансите се многу важни во заштитата од слободните радикали (молекули на кислород на кои им недостасува еден електрон) на кои сме изложени секојдневно. Вишокот на калории, загадувањето и хемикалиите ја зголемуваат нашата изложеност на овие радикали. Слободните радикали ги оштетуваат ѕидовите на клетките, ДНК, и предизвикуваат масните киселини да оксидираат (до алдехиди и кетони). Ова оштетување го нарушува функционирањето на многу делови од нашето тело и е поврзано со стареење, артериосклероза, артритис, рак, дијабетес, мултиплекс склероза, сенилна деменција, и со сите други хронични дегенеративни проблеми и болести. Антиоксидансите функционираат такашто ги неутрализираат слободните радикали и нè штитат од нивниот разорувачки ефект. Често користени антиоксиданси се: витамин А, С, Е, селен, цинк, магнезиум, бета-каротен, флавоноиди, и некои витамини од В-комплексот. Затоа е многу значајно секој ден да внесуваме доволно антиоксиданси, и да избегнуваме непотребни калории, загадувачи и хемикалии.

 

Природната медицина се справува и со други проблеми, различни од оние кои се решаваат со  конвенционалнен пристап кон исхраната. Таа покажува дека нашата психичка состојба за време на јадењето има големо влијание на количеството на нутриенти кои ние ги примаме од нашата храна. Јадењето треба да се одвива во релаксирана и мирна средина, без брзање, тензија, расправии, без стрес и возбуда. Ние треба да бидеме во можност да јадеме бавно и добро да ја џвакаме храната, притоа и да бидеме свесни што правиме и што вкусуваме.  На оброците треба да им се пристапува со благодарност кон Бога, вклучувајќи и молитва за благословување на храната, што го подготвува телото да ги прими овие хранливи материи. Природната медицина исто така сака да постигне ефикасна дигестија, што е особено важно за добро здравје. Ова се постигнува преку јадење на точните и вистинските типови на храна.

 

За да одговориме на прашањето, „Зошто се разболуваме?“, ние мораме лично да размилслиме за тоа што го правиме, за нашите дневни навики, и да се осигураме дека нема да дозволиме негативните фактори да се обединат меѓусебно и да нè турнат на патот кој води до дијагностицирање на голем хроничен здравствен проблем.  Природната медицина може да го збогати сечиј живот и здравје. Таа нуди многу бенефити, и им има помогнато на многу луѓе да постигнат поголем квалитет на животот и подобро здравје.

Pin It on Pinterest