„…чув глас, што ми зборуваше на еврејски јазик: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бодило.“ (Дела 26:14 ; Библија)
Проблемот е во тоа што толку многу луѓе се обидуваат да служат на Бог со помош на сатанска сила. Но тоа не е возможно. Луѓето не можат да берат грозје од трње, нити смокви од чичка. Дрвото мора да постане добро, и коренот, и гранките. Самото тоа треба да биде обновено. „Морате наново да се родите!“ (Јован 3:7)
Нека никој никогаш не се обидува да служи на Бог со било што друго освен со присуство на живата Божја сила, која го прави ново создание; со ништо друго освен со преобилната благодат, која го осудува гревот во телото и владее со помош на праведноста која води во вечен живот. Тогаш службата на Бог ќе биде „во нов живот“ (Римјаните 6:4). Тогаш ќе установиме дека Неговиот јарем е „благ“, а Неговото бреме „лесно“. Тогаш ќе установиме дека можеме да Му служиме со „неискажлива и прославена радост“ (1-во Петрово 1:8).
Дали на Исус некогаш му било тешко да го прави тоа што е исправно? Секој веднаш ќе одговори: „Не“. -Но зошто? Тој на себе земал исто тело и крв како што е нашето. „И Словото стана тело“ (Јован 1:14).
А телото какво што го имал на овој свет, било токму онакво какво што е телото од овој свет „затоа Тој мораше во сè да личи на браќата“ (Евреите 2:17). Нема исклучок, „во сè“. Не вели: Во сè освен во едно. Сам по себе бил слаб (но, испразнувајќи се од својата божествена сила) како што сме и ние слаби, бидејќи рекол: „Јас ништо не можам да правам Сам од Себе“ (Јован 5:30).
Зошто тогаш на Него секогаш му било лесно да прави што е исправно? Затоа што никогаш не се потпрел на себе, туку секогаш само на Бог (само на Отецот). Тој секогаш настојувал да служи на Бог, но исклучиво со Божја сила.
Токму како што е Тој, така сме и ние во овој свет. Тој нам ни оставил пример да одиме по Неговите стапки. „Зашто Бог е Оној, Кој дејствува во вас да сакате и да постапувате, според Неговата волја.“ (Филипјаните 2:13), како што дејствувал и во Него (во Исус). Нему му е дадена секоја власт на небото и на земјата и Негова желба е да бидете зајакнати со секаква сила преку Неговата славна моќ.