Неверниот Израел, немајќи ја праведноста која е од верата, и не ценејќи ја големата жртва што ја направил Небесниот Отец, побарал праведност врз основа на нивните приноси/ жртви и заслугите на понудените приноси.
Така била изобличена секоја форма на службата и сè што Бог назначил да биде средство за изразување на жива вера, кое не можело да има вистинско значење освен со живото присуство и силата на самиот Христос во животот. Дури ова не било доволно. Бидејќи не нашле мир и задоволство во остварена праведност во сето тоа, тие се нафрлија на нештата кои Господ ги назначил за друга цел, истите нешта кои тие ги изопачиле за своја цел – тие нафрлија илјадници традиции, нивни очекувања и разлики во големината на едно влакно од нивното сфаќање, и сето тоа само за пуста желба да се постигне праведност. Всушност, тоа што го учеле рабините било само очајно признавање дека: „Ако само еден би можел да го држи целиот закон во само еден ден и не згреши ниту во едно нешто, всушност, ако само еден би можел да го држи законот кој укажува на вистинско држење на саботата – тогаш сите проблеми на Израел би завршиле, и конечно ќе дојде Месијата“ (Farrar, “Life and Work of St. Paul,” стр.37). (Видете исто така стр.36 и 83.) Што би можело подобро да опише мртов формализам од горенапишаното? И покрај свеста за мртвилото во нивните животи, имало доволно наводни заслуги кои предизвикувале да се сметаат толку подобри од другите луѓе што, кога се споредувале со нив, другите биле кучиња.
Тоа не е така со оние кои Господ ги смета за праведни благодарејќи на живата и своеволно искажаната вера. Бидејќи кога Господ го смета некого за праведен, тој е стварно праведен пред Бога, и поради овој факт, тој се одвојува од сите други луѓе на светот. Но, тоа не е поради неговата извонредност, ниту пак поради “заслугите“ од нешто што тој направил. Туку, тоа е само поради извонредноста на Господ и поради тоа што Тој го направил. И човекот во кој е тоа направено, знае во себе дека не е ништо подобар од било кој друг, туку во светлината на Божјата праведност која бесплатно му е предадена, тој во понизноста на вистинската вера, своеволно ги смета другите за подобри од него. Филипјаните 2,3.
Давањето заслуги на себе за тоа што го направиле и сметајќи се себеси за подобри од другите луѓе поради заслугите на нештата што тие ги направиле – овие што го тврдат ова може слободно да ги ставиме на исто рамниште со самоправедните фарисеи. Тие се сметале себеси дека се толку подобри од другите луѓе што едноставно не постоела никаква подлога за споредување. Ним им се чинело уништувачка револуција да се проповеда вистината Божја која вели: „Зашто Бог не е пристрасен.“
И што правиме сега со животот на таквите луѓе кои биле такви цело време? О, па тоа би било само живот на неправда и угнетување, злоба и завист, кавги и ривалства, озборување и клеветење, лицемерие и подлост, фалење со своето големо почитување на законот, и преку кршење на законот што го обесчестува Бога, нивните срца се исполниле со убиства, и нивните јазици гласно ја бараа крвта на Еден од нивните браќа, а сепак не можеа да го надминат прагот на еден римски трибунал „за да не се осквернат.“ (Јован 18,28). Интензивни инсистирања за саботата, а сепак го поминувале светиот ден во шпионажа и заговори за убиство.
Како Бог гледал и сè уште гледа на ваквите начини, доволно јасно за наши денешни цели, е опишано во два кратки цитати од Писмото. Еве го Неговото слово до Израел – десетте племиња – додека сè уште имало светлина кај нив: „Ги мразам и ги отфрлам празниците ваши и не ги помирисувам жртвите ваши во времето на вашите прослави во собранијата. Ако ми принесете сепаленица и лебен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодарствената жртва од вашите угоени телиња. Отстрани ја од мене бучавата на твоите песни, зашто звуците на твојата харфа нема да ги слушам. Правдата нека тече како вода, и справедливоста – како силен поток. Амос 5,21-24.
Отприлика во исто време, Тој го кажал истото на Јудиното племе, со следните зборови:
„Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушајте се во законот на нашиот Бог, народе гоморски! „Зошто ми се многуте ваши жртви? – вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телиња, од јагниња и јариња не сакам. Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој го бара тоа од вашата рака, кога ќе згазнете во Моите дворови? Не принесувајте веќе празни жртви; кадењето е одвратно за Мене; новомесечија, саботи и празнични собранија со беззаконија – не можам да трпам! Душата Моја ги мрази вашите новомесечија и вашите празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам. И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умножувате молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв.
Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица. Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели.“ Исаија 1,10-18. Самиот Господ ги определил овие празници и свечени собранија, овие паленици, жртви за месо и примирителни дарови, но сега Тој вели дека ги мрази и нема да ги прифати. Нивните прекрасни песни испеани од нивните обучени хорови и придружени со инструменти за музика, правејќи големи спектакли – сето тоа што тие го сметале за извонредно добра музика, Тој ја нарекол „бучава“ и сакал да биде отстранета.
Тој никогаш не ги определил овие празници и свечени собранија, ниту пак жртвите и песните за таква цел за која биле употребувани. Тој ги назначил сите овие како средство за обожувателно искажување на жива вера со која Самиот Господ требало да престојува во срцето и да работи за праведноста во животот, така што во праведност би можеле да им пресудуваат на сиракот и да се застапат за вдовицата, и така правдата да се лее како вода и праведноста како силен поток.
Песните испеани во раскошот и стилската интонација се само залудно прикажување на „бучава“, додека едноставниот исказ на „Оче наш,“ кое тече од срце трогнато од моќта на вистинската и жива вера, и кажани во искреност од страна на човекот, влегува во наклонетото уво (Псалми 116,2) на Небесниот Татко и донесува божествен благослов и сила во душата.
За ова, и само за ова Тој ги назначил овие нешта, и никогаш, никогаш за празните обиди на мртов формализам како одговор на праведноста за беззаконието на телесното срце. Ништо освен отстранувањето на гревовите преку крвта на Јагнето Божјо и прочистување на срцето со жива вера не би можело да ги направи овие нешта прифатливи за Оној кој ги назначил.
A. T. Jones
Bible Echo, January 28, 1895