Дали секој верник може да има доволно благодат која ќе го чува да не греши? Да. Навистина, секој во светот може да има доволно за повеќе да не греши. Доволно е дадено, и дадено е со таа цел. Ако некој ја нема, не е затоа што не е дадено доволно, туку затоа што тој не зема онолку колку што е дадено. „А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.“ Ефес. 4,7. Мерката на дарот Христов е Тој Целиот, а тоа е мерката на „полнотата на Божеството во тело.“ Навистина, нема мерка на божествената полнота, таа е неограничена. Таа е едноставно бесконечноста Божја. Сепак, таа е единствената мерка на благодат која е дадена на секој еден од нас. Неограничената мерка на божествената полнота, е единственото нешто кое може да го покаже размерот на благодатта која е дадена на секој еден кој е во овој свет. Бидејќи, „Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност.“ Оваа благодат е дадена „та, како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ,“ со цел гревот да нема власт над вас, затоа што сте под благодат.
Таа е дадена исто „за усовршување на светиите.“ Нејзината цел е секого да го донесе до совршенство во Исуса Христа – исто така до совршеноста која ќе биде целосна по Божјите стандарди, бидејќи е дадена за изградбата на Христовото тело, „додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мерка на возраста на Христовата полнота.“ Дадена е „на секого од нас,“ „додека сите не го достигнеме“ совршенството, дури до „мерка на возраста на Христовата полнота.“ Повторувам: оваа благодат е дадена на секој оној каде што гревот изобилува и таа носи спасение на секој оној кому му е дадена. Донесувајќи спасение во себе, мерката на спасението која го носи до секого е само во мерка на својата полнота, што не е ништо помалку од мерката на божествената полнота.
Бидејќи секому му е дадена неограничена благодат која носи спасение до степен на својата полна мерка, тогаш ако некој нема неограничено спасение, зошто е тоа така? Јасно е дека би било само затоа што не сакал да го земе она што му е дадено.
Бидејќи гревот некогаш владеел и со цел да престане неговото владеење, секому му е дадена неограничена благодат како би можела да владее во него на местото на силата на гревот, тогаш, ако сеуште во некого владее гревот, ако гревот се уште има власт над некого, во кого е овде вината? Очигледно, лежи само во тоа дека тој не дозволува благодатта да направи за него и во него, она за што е дадена истата и да направи. Со неверување се блокира Божјата благодат. Што се однесува до него, благодатта била дадена напразно.
А секој верник, преку неговите изјави, тврди дека ја примил Божјата благодат. Тогаш, ако во верникот не владее благодатта на местото на гревот, ако благодатта нема власт наместо гревот, очигледно е дека тој ја прима Божјата благодат напразно. Ако благодатта не го води верникот напред кон совршен човек во мерка на растот на Христовата полнота, тогаш тој ја добива Божјата благодат залудно. Затоа Писмото охрабрува: „Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја.“ 2. Коринтјаните 6,1.
Божјата благодат е способна целосно да го оствари тоа за коешто е дадена, единствено треба да и се дозволи да делува. Видовме дека благодатта целосно доаѓа од Бога, и дека силата на благодатта не е ништо друго освен силата Божја. Тогаш, очигледно е дека силата Божја е несомнено способна да го оствари сето тоа за што е таа дадена – спасението на душата, ослободување од гревот, владеењето на праведноста во животот, и донесување во совршенство на верникот до мерката на растот на Христовата полнота – само кога би имала место во срцето и животот за да работи според Божјата волја. Но, Божјата сила „го спасува секого што верува.“ Неверието ја блокира Божјата благодат. Многумина веруваат и ја примаат Божјата благодат за спасение од поранешните гревови, и се задоволуваат со тоа и не дозволуваат во душата да владее спротивната сила од таа на гревот, тоа што го направија за да се спасат од поранешните гревови. Ова е исто така една друга фаза на неверие. Така што за една голема конечна цел на благодатта – совршенство на животот во подобието Христово – практично ја примаат благодатта Божја залудно.
„Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја.“ (Зашто се вели: „Во благопријатно време те вослишив и во денот на спасението ти помогнав.“ Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението!) Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба.“ Овој збор „служба“ не се однесува едноставно на ракоположената служба на катедрата. Таа го вклучува секого кој ја прима Божјата благодат или пак секого што се нарекува себеси христијанин. Затоа, „Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат.“ Па затоа, Тој сака никој да не ја прими Божјата благодат залудно, за да не бидат благодатта и благословената работа погрешно претставени во светот, така што луѓето да бидат попречени да му се предадат. Тој не сака Неговата благодат да биде напразно примена, затоа што кога е примена залудно, се прекршуваат многу работи, а за тоа би се обвинувала службата на благодатта. Сепак, кога Божјата благодат не е примена залудно, но и се даде место коешто и припаѓа, во ништо нема да има неправда, а службата не само што нема да биде обвинета, туку ќе се благословува.
А сега, за да покажеме колку е комплетно и сеопфатно владеењето на благодатта во животот, таму каде што не е залудно примена, Господ ја составил следната листа, која е сеопфатна, и со која „во сè“ се препорачуваме за служители Божји. Прочитајте внимателно:
„Во сè се препорачуваме за служители Божји
Во неволји,
во нужди,
во тегоби,
во удари,
во затвори,
во бунтови,
во напори,
во бденија,
во пости,
со чистота,
со знаење,
со долготрпеливост,
со добрина,
со Духот Свети,
со нелицемерна љубов,
со проповедта на вистината,
со сила Божја,
со оружјето на правдата во десна и во лева рака,
со славата и срамот,
при укори и пофалби;
не сметаат за измамници, а ние сме вистинити;
за непознати, а добро сме познати;
не држат како да сме на умирање, а еве – живи сме;
како казнети, а неумртвени;
не нажалуваат, а ние сме секогаш весели;
не сметаат за бедни, а мнозина збогатуваме;
како ништо да немаме, а сè имаме.“
Оваа листа ги покрива сите искуства кои можат да се најдат во животот на еден верник во светот. Покажува дека, таму каде што Божјата благодат не е залудно примена, благодатта ќе земе толку власт и контрола над животот, така што секое искуство што ќе наиде во животот ќе биде превземено од благодатта и ќе го сврти препорачувајќи нè за служители Божји и градејќи нè во совршенство во мерката на висината на Христовата полнота. „Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја.“
A. T. Jones
Advent Review and Sabbath Herald, Sept. 22, 1896