Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.12 Лекции за верата (дванаесетти дел) – 7 март 1899
„Праведникот преку верата ќе живее“
Кои се праведните? – Тоа се само оние кои се верни, бидејќи човекот се оправдува само преку верата. Бидејќи сите ние „згрешивме и се лишивме од Божјата праведност“, сепак ние сме „оправдани своеволно преку милоста на откупувањето која е во Исус Христос.“
Бидејќи: „На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг. „Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува безбожникот, верата му се смета за праведност.“
„И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос“ Оние кои се од вера, и само тие, се праведни на земјата.
Сега, верата е целосно потпирање на Божјото слово, дека словото ќе го постигне тоа што словото го вели. Словото „го прави она за што сум го испратил Јас“ Исаија 55,11.
Тогаш, да се биде оправдан преку вера, е да се биде оправдан преку целосното потпирање на Божјото слово. Праведни се оние кои се од Божјото слово. Тоа е начинот како човекот станува праведен.
Човекот мора не само да стане праведен – преку зависење од Божјото Слово – туку да бидеме праведни, мора да живееме преку вера. Праведниот човек живее токму на тој начин и токму со тоа, преку кое станува праведен.
Ние стануваме праведни преку вера; верата е целосно потпирање на Божјото слово. Ние, веќе праведни, мораме да живееме токму со тоа преку кое стануваме праведни; а тоа е преку целосно потпирање на Божјото слово.
Токму тоа Исус и го рекол: Човекот ќе живее „од секој збор што излегува од устата на Бога.“ Кога Исус го рекол тоа, било совршено јасно дека едноставно кажал, со други зборови: Човекот ќе живее преку вера.
Не постои друг начин да се живее во вистината освен преку вера, кое е всушност живеење според Божјото слово. Без вера, без Божјото слово, човекот може само да умре.
Навистина, без Божјото слово, се само умира, зашто на почетокот сè дојде преку словото Божјо. Божјото слово е потеклото и животот на сè , бидејќи „Тој кажа, така и стана.“
Сè што е живо и неживо – сонцето, месечината и ѕвездите, животните и луѓето – сето тоа целосно зависи од Божјото слово за негово постоење. Само во случајот со човекот, Бог им дал извонреден дар за избор дали ќе го сторат тоа или не. Овој дар ја отвора вратата на верата. И кога човекот ќе одлучи да живее преку словото Божјо, кое е единственото средство за живот, верата – целосна зависност од Божјото слово – е средство со кое тој ги држи средствата за живот.
Па така „праведникот ќе живее преку вера,“ и така „се што не е од верата, грев е,“ едноставно кажано: Праведните мораат да живеат преку Божјото слово, а сè што не е од Божјото слово, е грев.
„Не можеме да имаме здраво христијанско искуство, не можеме да го почитуваме Евангелието за спасение, сè додека науката за верата не е подобро разбрана и додека не се практикува поголема вера“.
„Имаш ли вера?“ Имај ја верата од Бога. Тука се оние кои ја имаат „верата Исусова.“
(продолжува)