Библиски стих на денот

15 Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него, 16 зашто сè што е во светот: – похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот. 17 А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.
(1 Јованово 2:15-17 ; Библија)

Мојот живот денес

14 ноември – ДРЖИ ГО ЦВРСТО ОНА ШТО ГО ИМАШ
(8 – 14 ноември: Победа во судир со злото)

„Ете, идам скоро! Држи го цврсто она, што го имаш, за никој да не ја земе твојата круна.“ (Откровение 3:11; Библија)

Одлуката донесена во еден момент може засекогаш да ја утврди вечната судбина. Но имајте на ум дека треба цел живот да се работи за да се поврати она што е изгубено во еден момент на искушение или непромисленост.
Со моментален чин на својата волја можете да се сложите да ѝ се потчинете на сатанската сила, но ќе биде потребно многу повеќе од моментално сложување на волјата за да ги раскинете неговите окови и да се воздигнете на повисок степен на светост и чистота…

Библиско поглавје на денот

Исаија 6

1 Во онаа година кога умре царот Озиј, Го видов Господа како седи на висок и возвишен престол. Скутовите на Неговата плаштеница го исполнуваа Храмот. 2 Над Него стоеја серафимите; секој имаше по шест крила: две крила за да го засолне лицето, две крила за нозете, а со две крила леташе. 3 И си велеа еден на друг: „Свет! Свет! Свет е Господ над Воинствата! Сета земја е полна со Неговата слава!”
4 Од грмливите гласови на оние кои воскликнуваа се стресоа довратниците на праговите, а Домот се исполни со дим.
5 Реков: „Тешко мене, пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, а моите очи Го видоа Царот, Господ над Војските!”
6 Еден од серафимите долета кон мене: во рацете имаше жар што го зеде со клешти од жртвеникот; 7 се допре со неа до мојата уста и рече: „Еве, ги допре твоите усни, вината ти е симната и гревот очистен.”
8 Тогаш го чув Господовиот глас: „Кого да испратам? И кој ќе ја однесе нашата порака?” Јас реков: „Еве ме, испрати ме мене!”
9 Тој одговори: „Отиди и речи му на тој народ: ‘Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, и со очите ќе гледате, но нема да видите.’ 10 „Закорави му го срцето на овој народ, заглуши му ги ушите, заслепи му ги очите, да не гледа со очите, да не слуша со ушите и да не разбира со срцето, и да не се обрати и да не се излекува.”
11 Јас реков: „До кога, о Господи?” Тој ми одговори: „Додека не запустат градовите и не останат без жители, додека куќите не бидат без никој жив, и додека земјата не стане пустина,
12 додека Господ не ги протера луѓето далеку. Тешко истребување ќе ја погоди земјата,
13 и ако остане во неа уште една десетина, и таа ќе биде сотрена како даб кога ќе го пресечат до пенушката. Нивната пенушка ќе биде свето семе.”


Наша препорака е да се читаат барем по неколку поглавја дневно од Библијата, по ваш сопствен избор. Доколку сè уште не сте почнале да ја читате Библијата плански – ви предложуваме тоа да го почнете уште денес. Кликнете овде за да го изберете планот кој вам најмногу би ви одговарал.

Видео на денот

8. Највозвишената трансакција

Песна на денот

Кликнете тука за текстот на песната

He Who Began a Good Work in You – Christian Berdahl

He who began a good work in you
He who began a good work in you
Will be faithful to complete it
He’ll be faithful to complete it
He who started the work
Will be faithful to complete it in you

If the struggle you’re facing
Is slowly replacing
Your hope with despair
Or the process is long
And you’re losing your song in the night
You can be sure
That the Lord has His hand on you
Safe and secure
He will never abandon you
You are His treasure
And He finds His treasure in you

He who began a good work in you
He who began a good work in you
Will be faithful to complete it
He’ll be faithful to complete it
He who started the work
Will be faithful to complete it in you

Цитат на денот

Два вида на луѓе го познаваат Бога: луѓе со смирено срце без оглед на степенот на нивното образование, и луѓе кои свесно го бараат Бога со својот разум. Само гордите луѓе и оние кои не размислуваат не го познаваат Бога.

Мој Исус, мој Господ

Под водство на учителите од синагогата младите учеле безброј правила, зашто се очекувало како правоверни Израелци да ги почитуваат. Меѓутоа, Исуса ова не го интересирало. Уште од своето детство дејствувал независно од рабинските закони. Постојано ги проучувал списите на Стариот завет и на неговите усни постојано биле зборовите: „Така кажува Господ!“

Благодат врз благодат

14. Тој ја обавува својата служба, а ние соработуваме

„Освен тоа, на десеттиот ден на тој месец се паѓа Денот на Очистувањето – имајте свето собрание; смирете ги вашите души… Никаква работа не работите во тој ден; зашто тоа е Ден на Очистување, за да ве очисти вас пред Господа, вашиот Бог.“ (Левит 23:27-28 ; Библија)

Во „сликата на првата“ служба на земното светилиште, еднаш годишно доаѓал крај на низата обреди. Чистењето на светилиштето било завршеток на оваа сликовита, годишна служба, со која се чистело светилиштето „од нечистотиите на синовите израелски и нивните престапи во сите нивни гревови.“ (Левит 16:16). …

Денешни молитвени предлози

Чучер-Сандево

Да се молиме за сите луѓе кои живеат во општина Чучер-Сандево, за да не ја одбиваат Божјата благодат и да се обратат кон Вистината.

Утринско проучување и молитва

Да се молиме на Бог да ни помогне да се будиме порано наутро за да поминуваме време во читање на Божјото слово – Библијата и да се посветуваме на Бога во молитва. Да ни помогне да ја отфрлиме летаргијата и да бидеме доследни во таа одлука, со Божја сила.

„Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда.“
(Исаија 26:9 ; Библија)

„Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.“
(Псалм 5:3 ; Библија)

Благодарност

Да благодариме бидејќи независно од околностите и од препреките со кои се соочуваме, секогаш можеме да имаме мир во Исус.

„Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри – Јас го победив светот.”
(Јован 16:33 ; БИблија

Божји созданија

 

Копнежот на вековите

КОПНЕЖОТ НА ВЕКОВИТЕ – 14 ноември – „Иде твојот цар“ (петти дел)

…Христос дошол да го спаси Ерусалим и неговите деца, но фарисејската горделивост, нивното лицемерство, љубомора и злоба, го спречиле да ја оствари својата намера. На Исуса му била позната страшната одмазда што ќе се урне врз осудениот град. Го видел Ерусалим опколен со војска, опседнатите жители како умираат од глад, мајките што ги јадат лешевите на своите деца, родителите и децата како си го отимаат последниот залак храна едни од други, природните чувства уништени со разурнувачките чувства на гладот…

УБАВИНАТА НА ПОНИЗНОСТА

Горделивите луѓе полни со самите себеси се брзи во обвинување на другите за настанатите проблеми.

Понизните и несебични луѓе брзо ја прифаќаат личната одговорност за настанатите проблеми.

„ … а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.”
(1 Петрово 5:5 ; Библија)

ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ НА ДЕНОТ

ЛОВЕЦОТ НАСПРОТИ СКРОМНИОТ

ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Лавовите се жестоки ловци. Лавиците обично ловат за гордост во координирани групи. Тие не можат долго да одржуваат големи брзини, па затоа го држат својот плен, потпирајќи се на покритие или темнина за да ја намалат видливоста. Додека лавовите тежат помеѓу 120 и 180 килограми, нивниот вообичаен плен тежи помеѓу 180 и 550 килограми, како што се гну и зебрите. Кога пленот е редок, тие се познати по тоа што ги напаѓаат луѓето, па дури и слоновите.

Библијата нѐ предупредува дека ѓаволот е како лав: „вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта…

Комплетно здравје

Запознајте се со различните видови на дијабетес

Во време во коешто постои епидемија од болеста дијабетес, добро е да се знаат неколку информации плус за оваа болест и за тоа колку видови на дијабетес постојат и како тие се разликуваат меѓусебно…

Божјите ветувања

4 Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила!
(Псалм 91:4 ; Библија)

Големата Борба

...Но Бог сака на земјата да има народ кој Библијата ќе ја истакнува како единствено мерило за секое учење и како темел за секоја реформа...

ГОЛЕМАТА БОРБА – Светлост во темнина (петти дел)

…И така, разочарувањето, иако последица на нивното погрешно сфаќање на веста што ја објавуваа, сепак, беше свртено на добро. Тоа требаше да ги испита срцата на оние што тврдеа дека ја примиле опомената. Зар тие поради своето разочарување толку бргу ќе го напуштат своето искуство и ќе ја отфрлат својата доверба во Божјата реч?…Сè што се чинеше нејасно за овие верни во часот на искушението, како некогаш за првите ученици, подоцна требаше да биде разјаснето. Кога ќе ја видат „наградата што ќе им ја даде Господ“, тогаш ќе дознаат дека, наспроти тешкотиите што произлегоа од нивните заблуди, Божјите намери на љубовта кон нив не променливо се исполнуваа…

ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ

Ви ја препорачуваме книгата „Времето и знаците“ за дополнително лично проучување

Pin It on Pinterest