Библиски стих на денот

9 Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто! 10 Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг!
(Римјаните 12:9.10 ; Библија)

Мојот живот денес

27 aприл – БИДЕТЕ ИМ ПРИМЕР НА ВЕРНИТЕ
(26 – 30 aприл: Ширење на добро влијание)

„Биди им пример на верните во словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата.“ (1-во Тимотеј 4:12; Библија)

Сите оние со кои доаѓаме во контакт, доаѓаат, свесно или несвесно, под влијание на атмосферата којашто нè опкружува. Нашите зборови, нашите постапки, нашата облека, нашето однесување, па дури и самиот израз на нашето лице има одредено влијание. Секој импулс претставува семе кое неизбежно ќе ја донесе својата жетва. Тоа е уште една алка во долгиот ланец на човековите случувања, којшто се протега во недоглед…

Библиско поглавје на денот

Псалм 62

1 Душо моја, мирот е само во Бога, спасението е само во Него. 2 Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам. 3 До кога ќе се нафрлате врз бедниот, за да го сотрете сите заедно, како разурнат ѕид или навалена ограда? 4 Се заверија да ме фрлат од мојата висина, уживаат во лага; благословуваат со устата, а колнат со срцето. 5 Душо моја, мирот е само во Бога, мојата надеж е само на Него. 6 Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам. 7 Во Бога е моето спасение и слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште. 8 Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште! 9 Синовите на луѓето се суетни, лага се човечките синови: Сите да застанат на мерилка, ќе бидат полесни од суетата. 10 Не се надевајте на насилие, ниту се фалите суетно со ограбеното; ако ви се зголеми богатството, вашето срце нека не се прилепи кон него. 11 Бог рече едно, а јас чув две: „Силата е во Бога!” 12 Господи, во Тебе е добрината! Ти му враќаш секому според делата.


Наша препорака е да се читаат барем по неколку поглавја дневно од Библијата, по ваш сопствен избор. Доколку сè уште не сте почнале да ја читате Библијата плански – ви предложуваме тоа да го почнете уште денес. Кликнете овде за да го изберете планот кој вам најмногу би ви одговарал.

Видео на денот

Ангелите од Светилиштето

Песна на денот

Кликнете тука за текстот на песната

Wounded Soldier – Sandra Entermann

See all the wounded
Hear all their desperate cries for help
Pleading for shelter and for peace
Our comrades are suffering
Come let us meet them at their need
Don’t let a wounded soldier die

Come let us pour the oil
Come let us bind the hurt
Let’s cover them with a blanket of His love
Come let us break the bread
Come let us give them rest
Let’s minister to healing to them
Don’t let another wounded soldier die

Obeying their orders
They fought on the front lines for our King
Capturing the enemy’s stronghold
Weakened from battle
Satan crept in to steal their lives
Don’t let a wounded soldier die

Цитат на денот

„Верата ги прави сите работи возможни... љубовта ги прави сите работи лесни.“

Мој Исус, мој Господ

Царот на славата длабоко се понизил за да земе човечка природа. Неговата слава била обвиена со превез со цел, величественоста на неговиот надворешен изглед да не стане предмет на привлечност. Тој одбегнувал секое надворешно расфрлање. Богатствата,честа на овој свет и човечката големина никогаш не можат да ја избават душата од смртта.

Благодат врз благодат

18. Исусовото име е еднакво на името на неговиот Отец

„…Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините, и стана толку повозвишен од ангелите, колку што наследи повозвишено име од нив.“ (Евреите 1:3-4 ; Библија)

Кога Тој (Исус) седнал од десната страна на Бога? Одамна – кога воскреснал од мртвите и се вознел на небото, пред околу две илјади години. Но забележете, пред да седне, извршил очистување на нашите гревови. Дали вам ви е мило што пред толку време ги очистил вашите гревови? Тоа очистување е извршено во Него. Во Него и го наоѓаме. Да му заблагодариме што е така…

Денешни молитвени предлози

Чучер-Сандево

Да се молиме за сите луѓе кои живеат во општина Чучер-Сандево, за да не ја одбиваат Божјата благодат и да се обратат кон Вистината.

Утринско проучување и молитва

Да се молиме на Бог да ни помогне да се будиме порано наутро за да поминуваме време во читање на Божјото слово – Библијата и да се посветуваме на Бога во молитва. Да ни помогне да ја отфрлиме летаргијата и да бидеме доследни во таа одлука, со Божја сила.

„Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда.“
(Исаија 26:9 ; Библија)

„Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.“
(Псалм 5:3 ; Библија)

Благодарност

Да благодариме бидејќи независно од околностите и од препреките со кои се соочуваме, секогаш можеме да имаме мир во Исус.

„Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри – Јас го победив светот.”
(Јован 16:33 ; БИблија

Божји созданија

 

Копнежот на вековите

КОПНЕЖОТ НА ВЕКОВИТЕ – 27 април – Победа (трет дел)

Сатаната го ставил под сомневање прашањето дали Исус е Божји Син. Кога конечно бил одбиен, имал доказ што не можел да го побие. Низ напатената човечка природа блеснала божествената природа. Сатаната немал сили да ѝ се противстави на наредбата. Грчејќи се од понижување и бес, бил присилен да се повлече од присуството на Откупителот на светот. Со тоа Христовата победа била целосна, како што бил целосен Адамовиот пад…

УБАВИНАТА НА ПОНИЗНОСТА

Горделивите луѓе полни со самите себеси имаат тенденција да се фокусираат на пропустите и слабостите кај другите, и не ги допира скршеноста на другите околу себе.

Понизните и несебични луѓе длабоко ги чувствуваат сопствените слабости и големи духовни потреби, и се осетливи кон оние кои се скршени.

Верно е словото и достојно – за полно примање: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас.
(1 Тимотеј 1:15 ; Библија)

ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ НА ДЕНОТ

ПОТЧИНУВАЊЕ НА БОЖЈАТА ВОЛЈА

ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Во април 2003 година, Арон Ралстон имал сериозна несреќа додека пешачел сам во „Canyonlands“ – Националниот парк во Јута. Десната рака му завршила под камен од 360 килограми, кој бил исфрлен. Откако бил заробен шест дена, тој извршил делумна ампутација на раката со повеќенаменска алатка, со цел да се спаси. Потоа се искачил од кањонот, се спуштил по ѕидот од 65 метри и почнал да пешачи осум километри пред да биде пронајден…

Комплетно здравје

Витамин Б6

Витаминот Б6 е уште познат и како пиридоксин, а претставува хидросолубилен (растворлив во вода) витамин кој припаѓа во групата на Б витамини. Тој не се складира во организмот и потребно е да се внесува секојдневно…

Божјите ветувања

5 Зашто Ти си, Господи, добар и проштаваш со задоволство, полн си со љубов кон сите, кои Те повикуваат.
(Псалм 86:5 ; Библија)

Големата Борба

...Но Бог сака на земјата да има народ кој Библијата ќе ја истакнува како единствено мерило за секое учење и како темел за секоја реформа...

ГОЛЕМАТА БОРБА – Стапиците на сатаната (четврти дел)

…Безбројни се лажните науки и фантастичните сфаќања што постојат во христијанските цркви. Не е можно да се оценат лошите последици од отстранувањето макар на само еден граничен камен поставен со Божјата реч. Малцина се оние што се осмелиле да го сторат тоа а се запираат при отфрлувањето на само една вистина. Повеќето продолжуваат последователно да ги отфрлаат начелата на вистината додека не станат сосем неверни…

ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ

Ви ја препорачуваме книгата „Времето и знаците“ за дополнително лично проучување

Pin It on Pinterest